А Ѓоковиќ очигледно повеќе од ужива во сѐ, откако денеска се официјализираше дека стана маскота на Катар Ервејс, а истиот ден се обиде и самиот да биде пилот.
Имено, тој седел заедно со двајца пилоти во симулаторот Ербас А380, но тоа очигледно било „претешка“ работа, а доказ за тоа е и самиот коментар што Ѓоковиќ го оставил на Инстаграм.
- Се обидов да го тестирам летот на А380 во симулаторот. Мислам дека ќе им ја препуштам работата на овие момци – напишал Ноле, не ни сфаќајќи дека се познава со еден од пилотите цели 25 години.
Се испоставило дека тој бил момче со кое Новак играл тенис кога бил помлад, а како доказ прикачил фотографија.
Сѐ се случило кога Ноле имал само 12 години, а споменатиот пилот бил две години постар во академијата на Никола Пилиќ.
- Луда случајност! Мило ми е што повторно те гледам пријателе - додаде Ноле со коментар на споменатата фотографија, објави Телеграф.