Лицата со навршени 65 години, кои немаат 15 години стаж, ќе можат да го откупат стажот за да одат во пензија

Лицата кои навршиле 65 години, а немаат 15 години стаж поради тоа што не им биле платени дел од придонесите, ќе може да ги откупат годините стаж што им фалат за да може да се стекнат со старосна пензија.

Ова го предвидува Предлог-законското решение кое е на дневен ред на денешната собраниска седница.

Предлогот е поднесен од група пратеници од ДУИ, а како што појасни еден од предлагачите Реџаиљ Исмаили, иницијативата произлегува од барањата на граѓаните кои години наназад се соочуваат со ваков проблем.

–  Како резултат на барањата на многу граѓани, констатиравме дека ова прашање треба да се изготви како закон, рече Исмаили.

Пратениците од опозицијата се изјаснија дека ќе дадат поддршка на предлог-законот и оценија дека се работи за продолжување на законското решение што ВМРО-ДПМНЕ го донела во 2015 година. Најавија амандмани во второто читање со цел да се подобри законското решение. Дел од нив имаа забелешка на периодот во кој се поднесува законот и сметаат дека се работи за предизборен закон за купување на гласови.

Според Драган Цуклев од ВМРО-ДПМНЕ, законот ќе предизвика финансиски импликации, на што реагираше Исмаили кој ги негираше ваквите тврдења со образожение дека со откупот на стажот ќе се слеат средства во Фондот на ПИОМ. Во однос на времето кога се поднесува законот, Исмаили појасни дека сега се предлага законот за да има континуитет по носењето на законот за стечајни работници.

Расправата по оваа точка од дневен ред продолжува по редовната едночасовна пауза. /МИА

Кузевска: Медиумите под контрола на ВМРО-ДПМНЕ, продолжуваат да го штитат криминалот на Никола Груевски

Праксата на корумпирање на медиумите беше одлика на 11 годишното режимско владеење на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и неговиот советник Христијан Мицкоски.

Но, таа одлика и како опозиција ја продолжува сега извршителот Мицкоски во спрега со неговиот шеф од Будимпешта.

Последното новинарско истражување на словенечки медиум, откри дека сума од два и пол милиони евра од Унгарија завршиле во медиуми познати по ширењето на лажни вести и конструкции.

Тоа се истите медиуми кои шефот на Мицкоски, Груевски со години ги финансираше со државни пари. Со црни пари Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ финансираат медиуми коишто се контра успехот на државата и против интересите на граѓаните.

Медиумите под контрола на ВМРО-ДПМНЕ, продолжуваат да го штитат криминалот на Никола Груевски, азилантот кој се крие од правдата во Будимпешта, центарот од каде што излегуваат црните пари за самопрогласените опозициски медиуми, односно ширачи на лаги и дезинформации.  

ВМРО-ДПМНЕ спроведува црна медиумска кампања против државата, со цел да се врати на власт и да го амнестира Никола Груевски и сите други партиски криминалци.

Сега е јасно како Центарот за лаги и манипулации на опозицијата, продуцира толку лажни случаи против Владата, ги пласира во медиумите под нивна контрола, а потоа ги прераскажува од белиот дворец.

Ним очигледно им помагаат надворешни анти- државни фактори, коишто со корумпирање на медиумите, ја загрозуваат демократијата и европската иднина на државата.

СДСМ е посветена на унапредување на слободата на говорот и слободата на медиумите, но, истовремено и на борба против лажните вести и измислици и сомнителното финансирање медиуми.

Затоа, бараме надлежните институции по допрен глас да постапат по објавените информации и да го испитаат начинот на финансирање на одредени медиуми.

Република Македонија е правна држава во којашто законите важат за сите подеднакво.

Богданка Кузеска,портпаролка на СДСМ

Пецас: Сега кога француската страна е поотворена за компромис, малку повеќе сме оптимисти

Многу е позитивно тоа што конференцијата доаѓа во услови кога се чини дека француската страна, кој имаше важни противења на оваа тема, сега е поотворена за компромис.

Секогаш сме со доза на резерва, но сме малку повеќе оптимисти, рече заменик министерот под премиерот и портпарол на грчката влада Стелиос Пецас, на денешниот редовен брифинг со новинарите, одговарајќи на прашањето на дописничата на МИА од Атина, во однос на министерската конференција за Западен Балкан што во понеделник ќе се одржи во Солун.

– Мислам дека е уште форум, уште една алатка за да можеме да ја развиеме нашата политика што секогаш ја поддржува европската перспектива на Западен Балкан. Многу е позитивно тоа што доаѓа во услови кога се чини дека француската страна, која имаше важни противења на оваа тема, сега е поотворена за компромис. Секогаш сме со доза на резерва, но сме малку повеќе оптимисти, рече Пецас во однос на тоа колку конференцијата ќе придонесе за забрзување на европската перспектива на Скопје и Тирана.

Во понеделник, на 24 февруари 2020, во Солун ќе се одржи конференција за поддршка на европската перспектива на регионот „Од Солун до Загреб", на која ќе присуствуваат министрите за надворешни работи на балканските земји членки на ЕУ и шефовите на дипломатиите на државите кандидати за членство од Западен Балкан. На конференцијата ќе учествува и министерот за надворешни работи Никола Димитров.

Конференцијата е дел од грчките иницијативи за поддршка на европската перспектива на земјите во регионот, а беше најавена на крајот на ноември, како што тогаш објави МИА, на редовниот брифинг со новинарите во Министерството за надворешни работи на Грција, кога портпаролот на грчкото МНР, Александрос Гениматас ги спомена активностите што планира да ги преземе Атина. На крајот на јануари, алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Милтиадис Варвициотис го поканил комесарот за проширување и соседство на ЕУ, Оливер Вархеји, да присуствува на конференцијата во Солун. /МИА

Бугарија и Македонија од понеделник прекинуваат со увоз-извоз на гориво од отпад

Од понеделик стапува во сила забраната за узвоз и извоз на гориво од отпад меѓу Бугарија и Македонија. 

Тоа е согласно забраната, која е воведена со измените во нашиот Закон за управување со отпад, кој помина во Собранието пред неговото распуштање, а со кој во нашата земја се забранува увоз на отпад, што се користи како извор на енергија.

За забраната говореше бугарскиот министер за животна средина и води, Емил Димитров, кој завчера беше во посета на земјава, каде се сретна со неговиот македонски колега Насер Нуредини.

– Ние ја затвораме Македонија за РДФ отпад, ја затвораме. Од понеделник ниту од Бугарија кон Македонија, ниту од Македонија кон Бугарија ќе поминува таков вид на отпад. За секундарни суровини за рециклирачката индустрија работите ќе се одвиваат како досега. Во моментов сме фокусирани на РДФ отпад, а потоа ќе се насочине кон медицинскиот отпад на бугарска територија. Од странство не влегувал, ниту ќе дозволиме да влегува, вели Димитров.

Бугарскиот министер во обраќање на четвртата годишна конференција на Бугарската асоцијација за рециклирање истакна дека изминатитве пет години Бугарија го надмина просекот на ЕУ во однос на темпото на зголемување на рециклирањето на комуналниот отпад.

– Шеесет и пет проценти од она што е на депониите, треба да го рециклираме. Не да се гори, туку да се рециклира. Дваесет и пет отсто треба да изгориме и десет отсто да депонираме. А ние депонираме 90 отсто и ги полниме депониите, а десет отсто рециклираме. И поради тоа е целиот проблем, рече бугарскиот министер на конференцијата, на која учествуаат експерти, компании од секторот за рециклирање од земјата и странство и претставници на Европската комисија и на бугарски државни интитуции.

Димитров, кој во понеделникот беше во посета на Македонија, изрази подготвеност за соработка со земјава во контролата на прекуграничното движење на отпадот и увери дека Република Бугарија од своја страна ќе се заложи за спречување на влезот на пратки со РДФ отпад од бугарска територија во нашата држава.

– На средбата со министерот Насер Нуредини и дел од раководниот тим на Министерството, присуствуваше и директорот на Царинската управа на РМ, Ѓоко Танасоски. Разговорот беше фокусиран на начинот на воспоставување и отпочнување со работа на Заедничката комисија за соработка во повеќе прашања од интерес за заштитата на животната средина. Како приоритет се поставија актуелните прашања поврзани со прекуграничната контрола на отпадот, информираат од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Министерот Димитров нагласи дека скорешните случувања и откритија на сомнителни меѓународни движења на пратки со отпад во Бугарија, се случаи кои претставуваат незаконски активности на поединечни лица и не ја доведуваат во прашање меѓудржавната соработка помеѓу двете земји./МИА

притисни ентер