Манекенка во тешка состојба откако полугола паднала од прозорец на снег (ФОТО)

Руската манекенка Ксенија Пантус се бори за живот откако „ паднала полугола од прозорец“ во Москва, пренесува Дејли Меил.

21-годишната Ксенија паднала од прозорец од третиот кат од стан во сопственост на нејзиното момче Андреј Баков, внук на режисерот Никита Михалков.

Чистачите на улица ја нашле во грмушка каде лежела пет часа на -5 Целзиусови степени.

Манекенката се здобила со повреди на главата и градите и се скршени карлица, ребра и нозе.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by L’Homme Qui Rit /Ksusha Puntus (@k_ksusha) on

Полицијата покрена прелиминарна истрага, а нејзината пријателка, манекенката Алесија Кафелникова откри дека Ксенија е пронајдена „без облека во грмушки недалеку од блокот на зградите каде, наводно, паднала“.

„Сите се молиме за неа. Таа не се сеќава на ништо друго освен на нејзиното име“, рече Кафелникова, додавајќи дека се сомнева за повредите на Ксенија.

„Јасно беше дека е скриена. Чистач ја нашол и повикал брза помош“, откри таа.

Таа ги негираше гласините дека нејзината пријателка се дрогирала.

„Ксенија не зема дрога, што значи дека ние и нејзиното семејство знаеме дека нешто не е во ред. Луѓето кои оделе на забава тврдат дека ја однеле кај нејзиното момче“, рече таа.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Бандитский Ленинград

A post shared by L’Homme Qui Rit /Ksusha Puntus (@k_ksusha) on

Полицијата веќе го сослуша нејзиното момче Андреј Баков, а Ксенија, во меѓувреме, претрпе две операции. Тој во моментов е во одделот за интензивна нега во московската болница. Нејзината мајка откри за руските медиуми дека нејзината ќерка е во „сериозна состојба“ и лекарите досега не дадоа никакви прогнози.

Наводно, постојат докази кои укажуваат дека Ксенија се обидела да се скрие во грмушките додека била во несвест.

Фото: Северина има иста чанта како Меган Маркл

Северина овој викенд објави фотографии од Монте Карло каде што отпатувала со својот сопруг Игор.

Хрватската пеачка изненади многумина со својот стајлинг на последните фотографии.

На фотографиите се гледа скапоцена кожна чанта од уругвајската дизајнерка Габриела Хеарс  каква што има и војводката Меган.

Оваа чанта чини околу 1800 евра.

Јагуар претстави седишта кои симулираат одење

Голем број на возачи по долго патување чувствуваат болка во лумбалниот дел од рбетот и рамената.

Експертите советуваат почести паузи за време на подолгите патувања, за да се избегнат воспалувања и повреди кои настануваат поради неудобно седење.

Конструкторите од компанијата Јагуар осмислија нов тип на автомобилско седиште. Иновативниот производ симулира движења  слични на оние кои настануваат кога одиме.

Седиштето моментално се тестира во одделна компанија задолжена за производство на ентериер на возила.

За време на возењето ова седиште се помрднува и создава вибрации кои симулираат чекорење. Со тоа се намалува здравствениот ризик од долго седење зад воланот. Седиштето се прилагодува на анатомијата на телото на секој возач и патник.

Според податоците од Светската здравствена организација, повеќе од една четвртина од луѓето на планетата поминуваат премногу време во седечка положба. Тоа предизвикува сериозни оштетувања на мускулите на нозете, деформирање на колковите и рбетот. Професионалните возачи се посебно загрозени, затоа што работниот ден го проаѓаат зад волан во подолги временски интервали.

Компанијата Јагуар со своите иновации сака да го унапреди здравјето на своите купувачи.

Видео: Очилата за сонце низ децениите

Очилата за сонце со децении се главен моден детаљ, а бројни познати личности имаат направено одредени модели да станат популарни.

Од кружните рамки кон почетокот на 20. век, преку пилотските очила во 30-те години од минатиот век , до Џеки Кенеди и нејзините огромни очила од 70-те, модата секако се менувала.

Денес, во мода се скоро сите прочуени очила за сонце.

Во ова видео погледнете како модата на очилата за сонце се менувала во последните 100 години.

притисни ентер