ПИЛЕШКО СОТЕ

Рецепт на АНИТА ЃОРЃИЕСКА

Потребни состојки:  1 кг. пилешки стек, 500 гр. печурки, 500 мл. хопла, малку маслиново масло, 50 гр. рокфорт сино сирење, 100 гр. пармезан, 1 лажица мед, 2 чешни лук, кари, зачин од сув зеленчук, свеж магдонос, мешавина од бибер, свеж рузмарин и чили.

Постапка:

 Пилешкиот стек се сечe на коцки и се става во маринада од: маслиново масло, кари, зачин од сув зеленчук, малку мешавина од бибер, лук, свеж рузмарин и мед.

Стекот отстојува во маринадата околу 2 часа.

За тоа време во тава со маслиново масло се пропржуваат печурките зачинети со: чили, мешавина од бибер и лук.

Откако ќе се испржат печурките се префрлаат во друг сад, а во тавата се пржи пилешкото месо.

По неколку минути во тавата со пилешкото месо се додаваат печурките и се продолжува со пржење.

Потоа се додава хопла и се продолжува со пржењето.

При крај се додава рокфорт сино сирење и пармезан.

На крај се додава свеж магдонос.

Германија бара уште повеќе работници од Балканот

Германија со нов закон ги олеснува условите за работниците од западен Балкан кои сакаат да дојдат да работат кај нив.

 Германската економија зависи од имиграцијата, па затоа федералната влада започна програма за привлекување странски експерти.

„Без странски експерти, ние нема да можеме да ја одржиме нашата благосостојба. Не можеме едноставно да ги чекаме овие луѓе, мора да работиме напорно за нив“, вели федералниот министер за труд Хубертус Хајл, пренесува Дојче Веле.

Германското биро за статистика тврди дека бројот на работоспособни во Германија ќе се намали за четири до шест милиони до 2035 година.

Во многу индустрии веќе има недостиг на работна сила. Според германската трговска и индустриска комора дури 56 отсто од анкетираните фирми во моментов сметаат дека недостигот на работна сила е најголем деловен ризик. 

Секоја трета германска компанија вработува работници од други земји на ЕУ и трети земји во последните години. Многу бизниси не се во состојба да преземат нови нарачки поради недостаток на работници и претрпуваат огромни финансиски штети.

ПИЛЕШКО КРИСПИ

Рецепт на Бобан Симоновски

Потребни состојки:  200 гр.пилешки гради , малку моцарела, неколку листа свежа рукола, 100 гр. брашно, 1 јајце, 100 гр. корнфлекс, малку рендан пармезан, маслиново масло, сончогледово масло, малку зачин од сув мешан зеленчук, неколку листа млад свеж спанаќ, малку крем балсамико, неколку шери доматчиња, парче сув цитрон и малку домашен мајонез со куркума.

          Постапка:

          Пред  да се истенчат со толчење, пилешките гради се полеваат со маслиново масло и се зачинуваат со зачин од мешан сув зеленчук.

          Истенчените гради се делат на 4 дела.

          На секој дел се става малку моцарела и свежа рукола и се формираат топчиња.

          Последователно се панираат со: брашно, јајце и корнфлекс измешан со рендан пармезан.

          Се пржат во загреано сончогледово масло 7 минути на 220 степени.

          Откако ќе се испржат се ставаат на кујнска хартија да се исцедат.

          Се сервираат во чинија на листови од млад свеж спанаќ.

          На спанаќот се додава крем балсамико, неколку шери доматчиња сечени на 4 дела и парче сув цитрон.

          Озозгора на топчињата се става домашен мајонез со куркума.

Бројот на починати од новиот Коронавирус во Кина е 1.921, регистрирани 1693 нови заболени

Бројот на починати од новиот Коронавирус во централната кинеска провинција Хубеи се зголеми за 132, достигнувајќи 1.921, соопшти локалната здравствена комисија.

Во соопштението се додава дека во провинцијата се регистрирани 1.693 нови случаи, со што вкупниот број заразени е 61.682.

Бројот на новопотврдени случаи на новиот Коронавирус во Хубеи е на најниско ниво од 11 февруари и е под 2.000 втор ден по ред.

Најголем број смртни случаи има во главниот град на провинцијата Вухан, за кој се верува дека во него почна ширењето на заразата.

Во Вухан се пријавени 116 нови смртни случаи, а во градот досега починале 1.487 луѓе од новиот Коронавирус.

притисни ентер