Петмина загинати во сообраќајна несреќа кај населба Драчево

Трагите од крв и расфрланите делови од автомобил утринава сведочат за трагичната сообраќајна несреќа  која се случи  синоќа на булеварот Борис Трајковски на влезот во скопско Драчево, а во која загинаа тројца мажи и две жени.

Несреќата се случила петнаесетина минути пред полноќ кога автомобил Рено 5, со скопски регистарски таблички во кој се превезувале жртвите, од непознати причини преминал на спротивната лента  на коловозот и директно се судрил со камион за превоз на отпад од Комуналната хигиена.

Според првичните информации, петтемина починале на лице место, додека возачот на камионот бил префрлен на скопските клиники, каде е задржан на понатамошно лекување.

Кои се причините за сообраќајната несреќа дополнително ќе се утврдува . Според МВР, загинатите се на возраст од 30 до 60 годишна возраст и не се во семејна врска.

Телата на починатите се предадени на обдукција, а ќе се врши и сообраќајно техничко вештачење.

Трамп испраќа 1 500 војници на Блискиот исток

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денеска дека на Блискиот исток , главно како мерка за претпазливост поради напнатоста со Иран, ќе прати 1500 војници.

,,Сакаме да имаме некаква заштита на Блискиот исток. Имаме намера да испратиме релативно мал број војници, главно со цел за заштита.” , изјави Трамп пред да отпатува во Јапонија.  

Според американските медиуми , контингентот има за цел да ја засили одбрамбената способност на американските сили во региониот , а меѓу нив има и инженери.

На почетокот на овој месец САД во овој регион распоредија неколку носачи на авиони , како и бомбардери и ракетни проектили Патриот , како можен одговор на нападот на Иран.

Во Пустец одбележан Денот на сесловенските просветители

Денот на сесловенските просветители, Светите браќа Кирил и Методиј, 24 Мај денеска беше одбележан во Општина Пустец, Албанија.

Одбележувањето беше со традиционален собир, кој овој пат се одржа во селото Глобочани, родното место на Стерјо Спасе, кој се вбројува меѓу најзначајните претставници на современата албанска литература и е еден од најуспешните писатели од македонско потекло.

На собирот присуствуваа професори и ученици од училиштето од Пустец и од училиштето од Долна Горица.

-Заедно со нив беше и градоначалникот на општина Пустец, Едмонд Темелко, кој зборуваше за потребата од негувањето на македонскиот литературен јазик. Дел од професорите зборуваа за животот и делото на сесловенските просветители по што на учениците им беа подарени книги од оставината на Ѓорѓи Стојчевски, информираа од Општина Пустец.

Темелко упати благодарност до фамилијата Стојчевски, вети продолжување на напорите за збогатување на библиотечниот фонд во училиштата каде се изучува македонски јазик во Република Албанија, посочувајќи дека „децата, нашата иднина го заслужуваат тоа".

Во сите училишта во Општина Пустец одржани се часови посветени на животот и делото на Светите браќа Кирил и Методиј.

По повод Денот на сесловенските просветители, честитка до Македонците во Албанија, во матичната земја каде и да се во светот упати Општина Пустец, македонската партија, Македонска алијанса за европска интеграција и македонското друштво „Илинден" со седиште во Тирана.

Трагедија во Британија - Две деца убиени, четири се во болница, родителите во затвор (ВИДЕО)

Две момчиња на возраст од 13 и 14 години се починати ,а нивните четири братчиња и сестрички, од кои најмалото има седум месеци се однесени во болница.

Од рано утрово полицијата го затвори предградието на Шефилд , каде две момчиња на возраст од 13 и 14 години се убиени. Во болница се пренесени уште четири деца на возраст од 11, 10 и 3 години , како и едно седум месечно бебе.

Полицијата уапси 37 годишен маж и 34 годишна жена , поврзани со несреќата , но нема детали што точно се случило.

Жителите велат дека утрово околу 8 часот пред куќата стигнале 15 полицуиски возила и 4 возила на итната помош . Од полицијата најавуваат повеќе детали , откако ќе заврши истрагата , а медиумите пишуваат дека станува збор за семејно насилство.

притисни ентер