Несреќата се случила петнаесетина минути пред полноќ кога автомобил Рено 5, со скопски регистарски таблички во кој се превезувале жртвите, од непознати причини преминал на спротивната лента на коловозот и директно се судрил со камион за превоз на отпад од Комуналната хигиена.
Според првичните информации, петтемина починале на лице место, додека возачот на камионот бил префрлен на скопските клиники, каде е задржан на понатамошно лекување.
Кои се причините за сообраќајната несреќа дополнително ќе се утврдува . Според МВР, загинатите се на возраст од 30 до 60 годишна возраст и не се во семејна врска.
Телата на починатите се предадени на обдукција, а ќе се врши и сообраќајно техничко вештачење.