ПАЛАНЕЧКИ ЗЕЛНИК СО СИРЕЊЕ

Рецепт на:Лоза Георгиевска

Потребни состојки:  700 гр. брашно, 500 гр, сирење, 2 јајца, 500 мл. млака вода, малку масло, малку сол, малку шеќер и  ½ коцка квасец.

Постапка:

 Во подлабок сад со брашно се става: сол, шеќер, масло, квасец и вода и се замесува тесто.

 Тестото треба добро да се измеси со раце.

Се остава да отстои 15 минути и потоа се дели на 5 дела.

Секој дел се сука и се добиваат големи и тенки кори.

Потоа корите се оставаат да отстојат 10-тина минути.

За тоа време се подготвува филот од сирење и јајца.

Во тепсија премачкана со масло се става првата кора.

Потоа се попрскува со масло и се реди фил од сирење и јајца.

Втората кора се гужва, се става врз првата кора и се попрскува со масло.

Истата постапка се повторува и со останатите кори.

 На крај од краевите на првата кора се формираат витки.

Се пече во загреана рерна околу 20 минути на 200 степени.

Ледниците на Хималаите се топат двојно побргу отколку во 2000 година

Од почетокот на векот , топењето на ледниците на Хималаите е двојно побрзо , предупредуваат научниците.

Повеќе од една четвртина од мразот е стопена во последните 40 години, а тоа значи катастрофални последици за околу милијарда луѓе во регионот , кои би останале без вода. Научниците ги комбинирале резултатите добиени со анализа на сателитските снимки на САД , од кои е симнат знакот за доверливост и настанале во 70 – тите години на минатиот век. така направиле детален попис на промените на планинскиот венец долг 2 000 километри.

Со анализата било утврдено дека секоја година се губат 8 милијарди тони мраз , кој не се заменува со нов снег , а ледниците на пониските места се намалуваат и за пет метри годишно. Научниците сметаат дека тоа е директен резултат на глобалното затоплување.

Професорот Џошуа Маурер од Универзитетот Колумбија, кој го раководи истражувањето  вели дека  станува збор за најуверлив доказ за топење на ледниците на Хималаите од 1975 до сега.

Најмалку третина од мразот на Хималаите ќе се стопи до крајот на векот , па дури и доколку се преземат драстични мерки за намалување на количеството на штетни гасови.

Ако ништо не се преземе , ќе се стопат две третини од ледниците, што ќе влијае на големите реки во Индија , Пакистан и Кина , од каде водата е главен извор за опстанок на околу милијарда луѓе.

Даниел Креиг ќе брка криминалци со суперавтомобил вреден 1,5 милион фунти (ВИДЕО)

Џејмс Бонд ќе ги брка негативците во следното продолжение ,,Бонд 25” во Астон Мартин Валхала вреден 1,5 милион фунти.

Валхала е суперавтомобил , технолошка ризница , еден од трите автомобили Астон Мартин што ќе се појават во следниот филм за Џејмс Бонд.

Автомобилот Валхала го движи V6  турбо бензински мотор со сила од 1000 Кс.

Од 0-100км/час стигнува за 2,5 секунди и вози до максималните 354 км/час. За разлика од Астон Мартин ДБ10 , осмислен само за филмот ,,Спектра” , Валхала е автомобил кој ќе може да го вози секој што ќе плати 1,5 милиони фунти.

Двата други автомобили во новиот серијал за агентот 007  се класичен ДБ5 од раните 60 –ти години на минатиот век , кого го возеше Шон Конери во ,,Голдфингер” во филмот за 007 во 1964 година.

Третиот модел што ќе се појави во најновиот филм за Џејмс Бонд ќе биде V8 Вантаж од 1987 , што го возеше Тимоти Далтон , кој го играше Џејмс Бонд во филмот ,,Здив на смртта” .

Сите го сакаат Киану Ривс- најави нова видео игра

Киану Ривс , со помош на новите видео игри ја освои и публиката , која не знае за неговите филмски остварувања како Матрикс или Брзина.

Холивудската ѕвезда , сепак не ги воодушевува само младите , туку и постарите со својот стил на живот. Иако е милионер се вози со подземна железница, има дислексија , што не му пречи да пишува поезија . Тој ги изгуби сопругата и детеот , па зсепак вели дека верува во среќа.

Минаа 20 години од Матрикс и 25 години од Брзина , па сепак 54 годишниот Киану Ривс е популарен кај младите , особено по најавата на новата видео игра Сајберпанк 2077. Играта ќе се појави во април следната година.

Во меѓувреме тој ги воодушевува фановите со скромноста. Во театар седи со обичната публика , а во кино оди сам и си купува пуканки.Не живее во вила , нема телохранители , не ги допира жените кога се фотографира со нив.

 При неодамнешното гостување во шоуто на Стивен Колберт , сите беа воодушевени од неговиот одговор на прашањето,, Киану, што мислиш дека се случува кога ќе починеме?”  

,,Знам дека ќе ни недостигаат оние кои не сакаат.” , одговори актерот ,а снимката беше ритвитана неколку стотици илјади пати.

притисни ентер