Иванов ги забавува реформите за старт на преговорите со ЕУ?

Реформските законите што не добија потпис од претседателот Иванов, а беа донесени со двотретинско мнозинство ќе се сметаат за донесени, останатите повторно ќе се најдат пред пратениците најверојатно на 27 март.

 Трите реформски закони за судови, за управни спорови и за прекршоци, неопходни за позитивен извештај од Европската Комисија, најверојатно ќе бидат испратени во „Службен Весник“ без претседателски потпис, како што беше случајот со Законот за јазици и Преспанскиот Договор.

Според премиерот Заев неприменувањето на новото уставно име е и непочитување на Уставот. Очекува службите да изнајдат заедничко решение кое ќе овозможи примена на усвоените закони, кои не добија потпис од шефот на државата.

Шефот на државата вчера вратил уште четири закони кои беа изгласани по скратена постапка во Собранието. Станува збор за Законот за банки, за енергетика, за супервизија на осигурување и за безбедност на собраќајот на патиштата, кои добија зелено светло од пратениците минатиот четврток. Во образлжението, Иванов се повикува на  членот 75 од Уставот, според кој има право да ги врати на повторно разгледување во Собранието, но ќе биде должен да ги потпише по нивното повторно усвојување во Законодавниот дом.

Тамара по враќањето : Се чувствувам како победник

Тамара Тодевска и нејзиниот тим околу полноќ беа пречекани од членовите на нивните семејства, бројни обожаватели и претставници на медиумите на Меѓународниот аеродром во Скопје.

Тамара по пристигнувањето од Тел Авив , каде го освои осмото место , изјави дека е пресреќна .,,Очекувавме повеќе , но срќна сум што ве направив горди.” , рече Тамара од бината на скопскиот аеродром пред членовите на својот тим ,како и семејството и бројните обожуватели кои неколку часа чекаа да пристигне .

Поради силниот јужен ветар авионот со Тамара и нејзиниот тим доцнеше повеќе од три часа. Тамара и се заблагодари и на своите фанови на фејсбук .

Тамара Тодевска со песната „Proud“ го освои осмото место во Тел Авив, Израел, што е најдобар  пласман за Македонија, откако се натпреварува на „Евровизија“ од 1998 година.

Се подготвува пречек за Тамара на аеродромот Скопје

Македонската претставничка на Евровизија, Тамара Тодевска која со песната „Proud" го освои осмото место и највисокиот пласман на земјава досега на Евровизија, вечерва се враќа од Тел Авив во Скопје.

Таа треба да пристигне на Скопскиот аеродром околу 21:45 часот. Се очекува на аеродромот да ја пречекаат многубројни нејзини обожаватели.

Тамара синоќа на финалната вечер на Евровизија во текот на речиси целото гласање беше на врвот на табелата. По гласањето на стручните жирија заврши на второто место со 237 поени, зад Шведска со 239 бодови, но на крајот по пребројувањето на телевоутингот од публиката се пласираше на осмото место.

Швајцарците на референдум го прифатија новиот закон за оружје

Жителите на Швајцарија денеска на референдум ги одобрија новите антитерористички мерки на Е вропската унија, со гласање на законот за поседување на оружје.

Според проценките 67 проценти од Швајцарците го прифатиле новиот закон за оружје со кои се заоструваат мерките за поседување на оружје.

Власите ги предупредија гласачите дека со одбивање на овој закон земјата може да се доведе во позиција да биде исклучена од европските договори Шенген и Даблин, со кои е поврзана иако не е членка на Унијата.

Се проценува дека околу 2,3 милиони граѓани на Швајцарија поседуваат оружје, што е околу една третина од жителите на земјата.

Новите заострени мерки се однесуваат на полуавтоматските пушки со големи шаржери и на одредени други врсти на пушки.

притисни ентер