Иванов ги забавува реформите за старт на преговорите со ЕУ?

Реформските законите што не добија потпис од претседателот Иванов, а беа донесени со двотретинско мнозинство ќе се сметаат за донесени, останатите повторно ќе се најдат пред пратениците најверојатно на 27 март.

Трите реформски закони за судови, за управни спорови и за прекршоци, неопходни за позитивен извештај од Европската Комисија, најверојатно ќе бидат испратени во „Службен Весник“ без претседателски потпис, како што беше случајот со Законот за јазици и Преспанскиот Договор.

Според премиерот Заев неприменувањето на новото уставно име е и непочитување на Уставот. Очекува службите да изнајдат заедничко решение кое ќе овозможи примена на усвоените закони, кои не добија потпис од шефот на државата.

Шефот на државата вчера вратил уште четири закони кои беа изгласани по скратена постапка во Собранието. Станува збор за Законот за банки, за енергетика, за супервизија на осигурување и за безбедност на собраќајот на патиштата, кои добија зелено светло од пратениците минатиот четврток. Во образлжението, Иванов се повикува на членот 75 од Уставот, според кој има право да ги врати на повторно разгледување во Собранието, но ќе биде должен да ги потпише по нивното повторно усвојување во Законодавниот дом.

Швионтек триумфираше во Мадрид откако спаси три меч топки против Сабаленка

Светската тенисерка број еден, Ига Швионтек за прв пат во кариерата ја освои титулата во Мадрид.

Тенисерката од Полска во финалето ја совлада минатогодишната шампионка Арина Сабаленка со 7:5, 4:6, 7:6(7), откако спаси три меч топки.

Натпреварот траеше повеќе од 3 часа, а Швионтек го освои 20-от трофеј во кариерата. Таа има вкупно 30 победи во календарската година и е непоразена во последните 7 финалиња.

Билансот меѓу двете сега е 7:3 во корист на Швионтек.

Израелски функционер: Хамас го блокира секој договор за примирје, инсистирајќи на целосен преки

Хамас го блокира секој договор за примирје, инсистирајќи на целосен прекин на војната.

Висок израелски функционер денеска изјави дека палестински Хамас „ја блокира секоја можност за договор за примирје“ инсистирајќи на целосен прекин на војната во Појасот Газа, за време на разговорите во Каиро во присуство на меѓународни посредници.

„Информациите според кои Израел прифатил да стави крај на војната, како дел од договорот за размена на затвореници, или дека Израел ќе дозволи со посредување да се гарантира дека војната ќе прекине се - неточни. Досега Хамас не се откажа од своето барање за завршување на војната и на тој начин ја блокира можноста за постигнување договор за примирје“, изјави функционерот, кој не сакаше да биде именуван.

Претставник на Хамас изјави за светските агенции дека нема напредок во денешните преговори во Каиро, со учество на посредниците (Египет, Катар, САД).

Тој додаде дека преговорите се завршени и дека денеска ќе се одржи нова рунда.

Повеќе од 400 луѓе евакуирани поради поплави во Тексас

Многу населби во градот Хјустон, во американската сојузна држава Тексас, беа поплавени вчера по обилните дождови, кои ги принудија спасувачите да евакуираат повеќе од 400 луѓе од домовите.

Поплавите зафатија голем дел од Тексас, од Хјустон до руралниот Источен Тексас, каде што спасувачите ги поминуваа улиците и патиштата со чамци, за да спасат луѓе и домашни животни кои не биле евакуирани навреме.

Официјални претставници издадоа упатства до жителите во ниските области да се евакуираат, предупредувајќи дека најлошото допрва доаѓа.

Нови врнежи се очекуваат утре, а властите признаваат дека може да има многу проблеми доколку има обилни дождови.

притисни ентер