Фото: Летачка машина, салон на тркала...

На Саемот за автомобили во Женева беа преставени и неколку супер интересни машини.

Холандската компанија „Пал В“ во Женева го престави прототипот на првиот летачки автомобил.

Цената на оваа летачка машина автомобил ќе изнесува 700 000 евра.

Според соопштението од компанијата во план е во првата серија да бидат произведени 90 парчиња од овој автомобил.

Во Женева љубителите на автомобилите можеа да го бидат и роботот на тркала.

Моделот „рено ез ултимо“ е електрично роботско возило.

Овој автомобил е замислен како салон за тројца патници, чија внатрешност е изработена од дрво, мермер и кожа.

Овој салон на тркала луѓето  би го користеле  како панорамско возило за запознавање на градот.

Луѓето прават чудни работи за да бидат славни на интернет (видео)

Девојка го излижа капакот од вц школката само за да биде славна на социјалните мрежи.

Девојка од Америка поставила видео на социјалните мрежи од кое на повеќето корисници им дошло да повратат. Девојката додека била во авион и летала кон Барселона влегла во тоалетот на авионот и се снимила како го лиже капакот од вц школката.

Погледнете:

Куче го изеде микрофонот (видео)

Новинарот постави прашање на кучето и тоа го изеде микрофонот.

Новинар правел репортажа за едно куче, и во моментот кога го проближи микрофонот пред кучето тоа го загриза микрофонот.

Погледнете го видеото:

Филиповиќ: Започна сезоната со крлежи

Високите температури за овој период од годината ги разбудија и инсектите.

На клиниката за кожни болести се почесто доаѓаат граѓани кои се со убоди од оси, пчели и крлежи.

Докторите апелираат алергичните граѓани на инсекти секогаш со себе да ја носат потребната терапија.

На оваа тема во вестите на Канал 5 Мирјана Мирчевска Јовановиќ разговараше со др. Дејан Филиповиќ од клиниката за кожни болести.

Целиот разговор погледнете го во видеото.

притисни ентер