АХ ТОА БЕБЕ

Од понеделник до петок, во 20 часот на Канал 5, гледајте извонредна хумористична серија и смејте се слатко. „Ах тоа бебе“ е вистинска антистрес терапија, каква што во стресниот септември, ни е повеќе од потребна.

Во продолжение, ќе им доволиме на главните ликови да не’ поздрават и поканат на заедничко дружење од понеделник до петок во 20 часот.

Здраво, народе! Јас сум Каан. Мојот живот досега изгледаше вака: забава, жени, лудување... Парите никогаш не ми биле проблем. Три години поминав во Њујорк. Едноставно немав намера да се женам и да ги оставам зад себе благодeтите на ергенскиот живот, а сега уште помалку имам намера да го послушам дедо ми и да се оженам со селанка, само затоа што тој дал некакво ветување пред војничкиот другар.

Ех, но не секогаш во животот го добиваш тоа што го сакаш.

Одеднаш во мојот живот се појави Су. Тоа бебе, не е ни свесно колку ми го смени животот. 

Су е плод на една моја љубовна авантура со девојка, чија желба да успее во Холивуд, беше поголема од мајчинството. Таа ја остави Су пред мојот праг.

Ах тоа бебе со невина бебешка насмевка, веднаш ми го освои срцето... и во истиот миг, во мене се роди најсилниот инстинкт... станав татко! 

Замислете, јас татко на најслаткото бебе Су!  

До ден- денес не дозволивме никој да ни се меша. Како реков, до денес? Е па да... Додека не се појави таа – нашата дадилка Ајпери...

Вака на прв поглед, ви изгледа како добра личност, но ние сме различни светови. Јас сум млад и неискусен во улогата на татко, а таа девојка од село што мисли дека знае сè..

Но едно морам да признаам. Ајпери се појави во мојот живот, сега кога ми е најпотребна...

Ех, судбината плете чудни патишта. Му се лутев јас на дедо ми што сака да ме ожени со девојка од село, а токму таа селанка ќе ми го освои срцето!

И така ви велам... Мислев јас дека сè сум видел во животов, но сум згрешил.. Мојата  приказна штотуку започнува...

Следете ја на Канал 5 од понеделник до петок во 20 часот!

Здраво народе! Се викам Ајпери. Живеам во село во близина на Антеп. Потекнувам од скромно семејство. Пораснав со баба ми и дедо ми во трошна куќа. Имав безгрижното детство. Среќата и смеата ми беа секојдневие, се’ додека мојата постара сестра не реши да си замине од дома со дечкото ништожник кој никој од нас не го сакаше... Затоа, цврсто решив да ја барам низ секое ќоше во Истанбул и да не и’ дозволам да си го уништи животот. А од друга страна и јас морав да побегнам од дома, зашто дедо ми одеднаш реши да ме мажи за внук на негов војнички другар ... Јас да се мажам со маж што не го познавам...? НИКАКО! Животот на село ме научи да ги почитувам традицијата и обичаите, но не и да се омажам без љубов. Тоа - Не може!

Eте така и јас стигнав во Истанбул. По игра на судбината, не успеав да ја најдам сестра ми, но замислете...го најдов човекот од кој што всушност бегав а не го ни познавав. Судбината ме спои токму со младиот господин од градот за кој што сакаше да ме омажи дедо.

За се’ е виновно тое бебе со најневин и најсладок бебешки поглед, Ах тоа бебе..

Кога прв пат го видов со татко му се запрашав, каков е тој татко кој носи бебе на работа и го крие во подрум? Но набрзо сфатив дека Каан за кого мислев дека е градски сноб, е само грижлив татко кој не се снаоѓа баш најдобро во улогата на татко.

Откако останав без работа и сама во големиот Истанбул, а на Каан очајно му требаше помош околу малата Су, решивме да се спогодиме...

И... така ви велам... Си мислев јас дека сум дојдена во Истанбул за да ја најдам сестра ми и да ја вратам дома, но очигледно мојата истанбулска приказна тукушто започнува...

Следете не’ од понеделник до петок во 20 часот, ексклузивно на Канал5!

Угледот и честа на едно семејство се важни работи. Ветениот збор  е збор којшто човек треба да го одржи.

Се викам Емин Туглу, дедо и глава на семејството Туглу.

Среќен човек сум!  Дочекав внуци, правнуци… и единствено што ми преостанува како цел во животот, е да ги научам да бидат добри луѓе, да си го почитуваат семејството, да бидат благодарни, чесни, и да бидат доследни на своите ветувања.

Еве на пример јас, кога бев млад, во војска... Тогаш мојот другар- десетарот Асим, за малку ќе го изгубеше животот за да ме спаси. Тој се фрли пред куршумот што требаше да заврши во моето тело и  несебично го жртвуваше својот живот. После толку години, сега на мене е редот да го исполнам ветувањето и да му се оддолжам.

Имам внук, Каан Туглу. Веќе три години студира во Америка. Кога ќе се врати, прво што ќе направам, ќе го оженам за внуката на мојот другар Асим.Тој мене ми подари живот, и јас ќе му вратам со живот.

Неговата внука Ајпери има да живее во раскош и убавина.

Но, сега-засега ништо не оди според планот и ветувањето што го дадов. Внуката од Асим побегнала во Истанбул, а мојот внук не сака да се ожени со девојка од село. Јас не знам што се случува со младите денеска. Зарем зборот на постарите веќе не значи ништо?

Но јас, цврсто сум решен, зборот ќе си го одржам! Ќе ја најдам внуката на Асим, и Каан ќе се ожени со неа.

Бебе? Од каде се појави сега тоа бебе? Како може толку слатко да ме гледа едно бебе и да ми го топи срцето...?

АХ ТОА БЕБЕ!... Што ќе се случува понатаму, гледајте на Канал 5, од понеделник до петок во 20 часот!

притисни ентер