Снеже Радичевска со првиот спот „На сред село, чешма шарена“ (ВИДЕО)

Со спот за песната „На сред село, чешма шарена“, Снеже Радичевска, го најавува првиот солистички албум , концертна промоција и турнеја пред нашите иселеници во светот. Албумот е со етно и фолк призвук.
Тетовчанката Снеже Радичевска со спотот за темата „ На сред село, чешма шарена“, го најавува првиот солистички албум, на кој работеше подолго време.
Спотот е снимен на внимателно избрани локации, за да вистински се долови суштината на песната, која е само уште еден показател дека имаме непресушен извор од каде „излегуваат“ навистина убави македонски песни.

-Спотот се снимаше во Лешочкиот манастир и во селото Беловиште, тетовско, и се надевам дека навистина целосниот пакет ќе наиде на убави коментари од публиката. Песната со која го најавуваме албумот е сосем случајно избрана за прва да биде промовирана, бидејќи сите ми се посебно драги, вели Снеже.

На албумот „ Желбо моја“ ќе се најдат девет, новокомпонирани и создадени песни, со фолк, етно и поп фолк призвук, а поголемиот дел се работени во студиото „Гранд“, заедно со Далибор Ѓошиќ.

Наскоро Снеже, ја очекува и турнеја надвор од Македонија, каде оди заедно со Далибор Ѓошиќ, а песните од новиот албум ќе ги слушнат и нашинците кои живеат во Шведска, Данска, Австралија и Америка.

Швајцарија забрани три германски дизел – возила

Швајцарските власти од утре не дозволуваат регистрација на одредени модели дизел автомобили на Мерцедес и Порше.

Поради преголеми емисии на штетни материи , во Швајцарија нема да се дозволи возење на одредени видови дизел автомобили. Забранети се Mercedes Vito и СУВ моделите на Porsche и тоа Cayenne и  Macan со дизел мотори.

Според швајцарската агенција за патишта , овие автомобили повеќе ја загадуваат животната средина , отколку што тоа го навеле производителите во официјалната документација.

Забраната стапува на сила утре , 17 август, и се однесува на  Mercedes Vito со 1,6 литарки дизел агрегат , потоа за Porsche Macan со 3,0 литарски V6 дизел мотор и уште посилниот Cayenne со 4,2 литарски V8 дизел мотор.

Овие три модели нама да може да се регистрираат во Швајцарија , а веќе регистрираните возила и натаму ќе може да се возат низ земјата под услов да ги прилагодат емисиите на штетни гасови со локалните стандарди.

Двата модели на Porsche веќе нес е произведуваат во дизел верзија , така што забраната се однесува на постари модели .

Не смее да излезе на улица , а го пропатувала светот

Американката Џеки Кени страда од агорафобија , страв од отворен простор , но од секогаш сакала да го пропатува светот.

Иако Џеки речиси и да не излегува од дома, успеала во намерата. Таа направила фантастични фотографии од целиот свет што ги објавува на Инстаграм. Оригиналноста на оваа жена е во тоа што фотографиите ги слика со помош на Google Street View. На овој алтернативен начин на виртуелно патување ги гледа сцените што во живо и се недостапни.

,,Можностите на Google Street View ме одушевија. Почнав да кликам на картата и да стигнам во земји како Монголија , Сенегал или Чиле. Ги пропатував далечните градови , видов прекрасни архитектонски бисери и анонимни луѓе застанати во времето. Почнав да правам скриншотови да ги забележам преубавите моменти од овој паралелен свет .”, вели жената која не излегува од дома.

Освен на Инстаграм , Џеки продава лимитирани колекции на маици со принтови , а средствата од нив го наменила за истражување на агорафобијата.

Успешна гимнастичарка била во затвор , а сега е порно ѕвезда

Холандската гимнастичарка Верона ван дер Леур , која освоила бројни медали ,сега живее сосема поинаку.

Гимнастичарката  освојувала златни и сребрени медали на светски и европски првенства , а сега е порно ѕвезда.

Во 2002 била прогласена за спортистка на годината , за во 2011 животот да и се смени. Тогаш завршила во затвор поради уцена , а кога излегла на слобода станала порно актерка.

Почнала да објавува фотографии и видеа за возрасни како веб – кам девојка. Откако го поминала патот и на порно актерка , сега е продуцент на филмови за возрасни.

притисни ентер