Руски транспортен авион со 10-член екипаж исчезна во Сибир

Руски транспортен авион со 10-член екипаж, кој учествувал во гаснење на пожар исчезнал над Иркутската област во Сибир.
На леталото Иљушин – 76  му се губи трагата на височина од три илјади метри.

Околу 300 спасувачи и неколку авиони се ангажирани во пребарувањето на теренот, на кој беснеат големи пожари.

Пожарот во иркутскиот регион зафати повеќе од девет илјади хектари.

Авионот, според руските медиуми, му припаѓа на руското министерство за вонредни ситуации.

Во Марсеј вооружена група пукала на минувачи

Неколку маскирани напаѓачи  синоќа започнале да пукаат  со „калашников“ во Марсеј, на југот од Франција. Засега со сигурност се знае дека  едно лице е повредено.

Напаѓачите отвориле оган од три возила врз група млади луѓе што се наоѓале во близина на култниот центар „Лабусеран“, јавија локалните медиуми.

Дошло и до размена на оган со припадниците на полицијата, која го блокирала тој дел од градот.

Нема информации за уапсени, а на местото на пукањето се наоѓаат пожарникари и екипи на брзата помош.

Се верува дека нападот не бил од терористички карактер.

Денеска пресуда за случајот на СЈО „Триста“

Денеска ќе биде изречена пресудата за случајот на Специјалното обвинителство под име триста во кој обвинет е поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски.

Тој се товари за злоупотреба на службената положба при набавката на 300 возила во МВР. Во завршните зборови, СЈО побара осудителна пресуда, а МВР надомест на штета во висина од 450 илјади евра.

Поповски, пак, рече дека е невин но и дека изминатиот период се соочил со низа закани и притисоци без да прецизира од кого. Предметот го води судијката Добрила Кацарска.

Дескоска во правда, Арбр Адеми во образование, Алаѓозоски заминува од култура

Премиерот Зоран Заев утрово до собранието треба да го испрати предлогот за реконструкција на владата.

Според најавите, Рената Тренеска Дескоска од министер за образование од СДСМ оди во министерството за правда, а во образование Арбр Адеми, сегашен заменик министер за образование од ДУИ.

Роберт Алаѓозовски, заминува од министер за култура. На негово место треба да седне Асаф Адеми, кадар на движењето БЕСА од крилото на Африм Гаши, кој беше кандидат за градоначалник на БЕСА за Гостивар.

притисни ентер