Андре Агаси покажа колку ја сака својата сопруга Штефи Граф (ФОТО)

Познатиот тенисер Андре Агаси моментално е во Мелбурн каде е во тек уште едно издание на Австралија опен, а неодамна ги воодушеви фановите со фотографија на која се бакнува со црно-белата фотографија од сопругата, тенисерката Штефи Граф.

Поранешниот тенисер на Инстаграм објави неколку фотографии по повод овогодинешниот Австралија Опен, меѓу кои и фотографијата на која е прикажан списокот на победнички во женска конкуренција од 1983 до 1995 година, на која се гледа како неговата сопруга освоила четири Австралија Опен.

Неговата објава собра повеќе од 90 илјади лајкови и бројни коментари. „Штефи и Андре се две легенди“, „Сакам како јавно ја искажуваш љубовта кон Штефи“ и „Вистинска љубов“ се само дел од коментарите на фановите.

За потсетување, тениската двојка е во брак 23 години. Тие се венчаа на приватна церемонија во 2001 година и имаат две деца, синот Џејден и ќерката Јаз.

Македонските ракометарки против Шведска ќе го имаат својот прв настап на ЕП 2024

Македонската женска ракометна репрезентација вечер во 1. коло на Европското првенство 2024 ќе се соочи со Шведска. Натпреварот се игра во „Феникс Арена“ во Дебрецин.

Во А-групата ќе играат и селекциите на Турција и домаќинот Унгарија.

Селекторот на Македонија, Кристијан Грчевски, шансата за подобар резултат ја гледа на дуелот со Турција, додека на средбите со Шведска и Унгарија очекува максимално залагање на неговите избранички и стекнување искуство потребно за нивната понатамошна кариера.

-Шведска е апсолутен фаворит. Ние сакаме да се претставиме во добро светло. Наша главна цел е натпреварот со Турција каде гледаме шанса за освојување бодови, изјави Грчевски.

Пласман во втората фаза на Европското првенство ќе обезбедат двете првопласирани репрезентации од групите.

АД ЕСМ денеска треба да достави понуда на тендерот на ЕВН Хоум

АД ЕСМ денеска треба да достави понуда на тендерот на универзалниот снабдувач ЕВН Хоум за количините и цената по која ќе му ја продава електричната енергија по 1 јануари 2025 година.

Токму од оваа цена најмногу зависи и крајната цена во сметките што ќе ја плаќаат потрошувачите на регулираниот пазар на електрична енергија од 1 јануари идната година.

Во моментов ЕСМ на универзалниот снабдувач му ја продава струјата по 60 евра за мегават час и задоволува 100 проценти од потребите на ЕВН Хоум. Од Владата во неколку наврати најавија дека новата цена по која ЕСМ ќе ја понуди струјата по 1 јануари ќе биде од 58 до 62 евра за мегават час. Одлуката за цената веќе е донесена завчера на затворена седница на Владата.

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Филипче

Венко Филипче, неврохирургот на Зоран Заев уште еднаш вечерва покажа дека не можеа сам да стои на свои нозе во политиката. 

По изборот на Централниот одбор во кој има само поранешни функционери на СДС од времето на Заев, како и заменик претседателката Фани Каранфилова Пановска која се бореше со сите сили да го устоличи Заев за премиер и со изборот на потпретседателите, како и генералниот секретар, така и двајцата организациски секретари докажа дека нема ништо ново освен стари излитени кадри.

Свежина и промени во СДС не се ни на повидок, наводните промени не се ништо друго освен продолжување на политиката на Заев.

Потпретседателите се само продолжена рака на Заев кои во негово време беа стоти ешалон сега му ги нуди на Филипче за во прв.

Потпретседателите се без исклучок случи на Заев. Поранешната министерка за животна средина е потрчко на Заев. Ана Чупеска Станишева, професорка на Правниот факултет во Скопје Јустинијан Први е позната во јавноста по налудничавата идеја стотина македонски новинари да завршат в затвор. Кристина Костова која како печат од своето делување ја има само Шарената револуција.

Едно е јасно светлина во тунелот наречен СДС нема, има само стари рециклирани кадри кои му служат на Заев што говори и дека тој ќе ја води партијата, а не Филипче.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер