Анџелина Џоли целосно се трансформираше за улогата во најновиот филм

 Многумина не ја препознаа познатата убавица.

Анџелина Џоли (49) се појави на црвениот тепих на Њујоршкиот филмски фестивал каде го претстави својот филм „Марија“ за животот на познатата оперска пејачка Марија Калас. Таа дури и запеа на црвениот тепих за да ги демонстрира пејачките способности што ги совлада за потребите на улогата.

Премиерата на филмот е закажана за јануари 2025 година, но на мрежите се појавија фотографии и инсерт од филмот кои ги изненадија фановите на познатата актерка. Нејзината трансформација во Марија Калас е неверојатна, а на некои фотографии Џоли која важи за една од најубавите жени на светот е буквално непрепознатлива. Многумина на почетокот не ја ни препознаа, а кога сфатија за кого се работи се запрашаа што ѝ се случило.

Кога официјално беше познато дека Анџелина Џоли ќе ја игра познатата Марија Калас, многумина беа скептични, велејќи дека Џоли е премногу убава за да може да ја претставува познатата Гркинка во вистинска смисла, како и тоа дека нема да може да ги отпее оперските арии како Марија.

Сепак, судејќи барем според инсертите, славната актерка успеала да навлезе во сржта на својот лик и да ја долови трагичната судбина на најголемиот сопран во историјата.

Како што признава, Анџелина Џоли седум месеци секојдневно вежбала пеење за да се подготови за улогата на Марија.

Инаку, многумина веќе шпекулираат дека Џоли следната година би можела да добие Оскар за таа улога, сепак таа тврди дека повеќе размислува за тоа што мислат фановите на познатата оперска дива отколку на наградите.

-Би сакала оние кои ја познавале, кои биле нејзини обожаватели да бидат задоволни, да не ги разочарам, туку да им биде драго што на вистински начин ѝ оддадовме почест на една таква жена. За оние кои не се запознаени со нејзиниот лик и дело, би сакала овој филм да биде прозорец во неверојатниот свет на операта и оперските пејачи - изјави неодамна Џоли.

Сепак таа признава дека работата на овој филм ја променила нејзината перцепција за класичната музика.

- И понатаму прво ќе го пуштам Клеш, но кога низ годините ќе доживеете многу работи, кога ќе ја почувствувате најголемата болка и најголемата љубов, ќе сфатите дека класиката и операта го имаат тој звук што допира во душата на секој од нас и најпрецизно, со истиот интензитет ја пренесува болката и љубовта - додаде Џоли.

Филмот „Марија“ е приказна за оперската дива Марија Калас, Гркинка родена во САД, која остана запаметена по својот божествен глас, но и по бурната врска со грчкиот милионер Аристотел Оназис. Сепак, тој ја напушти и се ожени со Џеки Кенеди, вдовицата на поранешниот американски претседател Џон Ф Кенеди.

Марија Калас почина на 53-годишна возраст во 1977 година во Париз. Турскиот актер Халук Билгинер го игра Оназис во филмот.

ИДФ синоќа изврши 11 напади врз бејрутското предградие Дахија

 Израелската армија (ИДФ) синоќа изврши 11 напади врз јужното предградие на главниот град на Либан, Бејрут, што е бастион на Хезболах.

Нападите беа извршени врз предградието Дахија, а мета на нападите беше Хашем Сафиедин, наводниот наследник на убиениот лидер на Хезболах Хасан Насрала. Не е позната судбината на Сафиедин.

Тоа беше еден најсилен напад од 23 септември откако ИДФ ги интензивира нападите врз цели во Либан.

Според Министерството за здравство на Либан во изминатите 24 часа во израелските напади загинале 37 луѓе, а 151 се повредени, а од 23 септември убиени се приближно 1.000, а 1,2 милиони луѓе се раселени.

И Хезболах синоќа истрела низа ракети вез воена индустрија во заливот Хаифа на брегот на Средоземното Море.

Додека во борбите со Хезболах во јужен Либан загинаа најмалку девет израелски војници.

Средба Зеленски - Руте

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски разговараше со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, кој e во посета на Киев. Тоа е негова прва посета по преземањето на функцијата.

- Јасно е колку е важно целосно да се имплементира секој наш договор за поддршка во областа на одбраната, што е неопходно за завршување на оваа војна (со Русија), истакна Зеленски.

Тој додаде дека „тоа што функционира на небото на Блиски Исток и помага во одбрана на Израел може да дејствува и на небото во нашиот дел од Европа“.

Украина ќе продолжи да ги убедува своите партнетри да воведеатр средстав за ефикасна заштита на небото, посочи Зеленски.

ИЈЗ: Расте бројот на новозаболени и на смртни случаи од рак на дојка, лани починале 346 жени

Од рак на дојка во 2010 година починале 310 жени со стапката на морталитет од 30,0/100000 жени, во 2021 година 337 жени со стапка од 32,6, во 2022 година 356 жени со стапка од 38,5 и во 2023 година 346 жени со стапка од 37,5 на 100000 жени. 

Во изминативе четири години расте бројот на смртни случаи од рак на дојка во земјава, велат статистичките податоци на Институтот за јавно здравје во новиот извештај „Морталитет и морбидитет од рак на дојка кај жени во Република Македонија по повод одбележувањето на Октомври – Меѓународниот месец на борбата против ракот на дојка.

Во извештајот се посочува дека во земјава најчеста причина за смрт од малигни неоплазми кај жените во периодот од 2010 до 2023 година е ракот на дојка.

-Од рак на дојка во 2010 година починале 310 жени со стапката на морталитет од 30,0/100000 жени, во 2021 година 337 жени со стапка од 32,6, во 2022 година 356 жени со стапка од 38,5 и во 2023 година 346 жени со стапка од 37,5 на 100000 жени. Во анализираниот период се забележува тренд на пораст на бројот на умрени жени од рак на дојка, посочуваат од ИЈЗ.

Ракот на дојка е на прво место во бројот на новорегистрирани случаи од малигни неоплазми кај жени во Македонија во периодот од 2017 до 2021 година.

-Во 2017 биле регистрирани 808 новозаболени жени од рак на дојка со стапка на инциденца 78.03/100000 жени, во 2019 година 778 со стапка на инциденца 75.13/100000 жени, а во 2021 година 806 со стапка на инциденца 87.08/100000 жени. Во анализираниот период бројот на новозаболени жени од рак на дојка осцилира, велат статистичките податоци на ИЈЗ.

Месецот за подигање на свеста за ракот на дојка, кој се одржува во октомври секоја година, е воспоставен во 1985 година, со цел да се промовира скрининг и превенција на болеста, која секоја година погодува една од осум жени во САД, односно 2,3 милиони жени ширум светот.

притисни ентер