Анчелоти: Против Борусија го одигравме најдоброто второ полувреме сезонава

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти ги сумираше впечатоците од синоќешниот натпревар во Лигата на шампионите против Борусија Дортмунд.

Реал победи со 5:2, иако по првото полувреме губеше 0:2.

- Тоа беше најдоброто второ полувреме оваа сезона. Направивме поголем притисок врз противникот. Мислам дека бевме многу плашливи во првото полувреме и по паузата почнавме со многу поголем интензитет. Знаев дека имаме многу повеќе енергија. За време на паузата реков да поправами ситни детали. Добивање дуели, додавањата да бидат попрецизни. Главната работа е да ги започнеме натпреварите добро, а не да чекаме да губиме со 0:2. Треба да го подобриме ова, и јас сум апсолутно уверен дека ќе го направиме тоа, изјави Анчелоти за официјалниот сајт на УЕФА.

Головите за гостите ги постигнаа Дониел Мален и Џејми Бајно-Гитенс. За домаќините Винисиус постигна хет-трик, по еден гол дадоа Антонио Рудигер и Лукас Васкез.

Реал Мадрид со шест бода се искачи на 9. место на табелата во Лигата на шампионите. Борусија е на 6. место исто така со шест бодови.

Одложено првото рочиште за Илир Мета, упати жестоки навреди кон првиот човек на СПАК

- Ме уапсивме по наредба на нарко државата, примајте наредби од Рама, тоа е прекршување на законот, обвини Мета.

Поранешниот албански претседател и актуелен лидер на албанската опозициска Партија на слободата, Илир Мета, денеска се појави пред Специјалниот суд, но првата сеанса, која се карактеризираше со жестоки навреди упатени од него кон обвинителите, беше одложена за попладне.

- Ме уапсивме по наредба на нарко државата, примајте наредби од Рама, тоа е прекршување на законот, обвини Мета.

Нему денеска требаше да му се определи безбедносна мерка.

Неговите адвокати побараа дополнително време да се запознаат со досието, а Мета жестоко се расправаше со обвинителите во судницата, упатувајќи навредливи зборови кон првиот човек на СПАК, Алтин Думани.

Како што објавија албанските медиуми, на седницата биле тројцата обвинители кои го потпишале неговото апсење - Алтин Думани, Арбен Краја и Сотир Клапи.

Поранешниот претседател беше уапсен во понеделникот попладне во Тирана, по налог на Специјалното обвинителство против организиран криминал и корупција, СПАК, под обвинение за перење пари, пасивна корупција и непријавување имот. Доколку биде осуден може да добие казна затвор од 15 години.

Тој се враќал со автомобил од Косово, додека на влезот во Тирана интервенирале агенти и полицајци, кои го спровеле до полициската управа во Тирана.

Заедно со Мета, во судот биле и неговата сопруга Моника Круемади, за која има изречено мерка редовно јавување, Ема Чоку и Пиро Џиџо. Сите, вклучително и Мета, негираат вина, оценувајќи дека е политички мотивиран процес.

Делегација на ВМРО-ДПМНЕ положи цвеќе пред споменикот на македонската револуционерна борба

Делегација на ВМРО-ДПМНЕ положи цвеќе пред споменикот на основачите на македонската револуционерна борба

По повод 23 Октомври, Ден на македонската револуционерна борба денес повеќе делегации од ВМРО-ДПМНЕ положија свежо цвеќе пред споменикот на основачите на македонската револуционерна борба.

Цвеќе положија делегација од ВМРО-ДПМНЕ предводена од генералниот секретар Ѓоргија Сајкоски, делегација на пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ предводена од пратеникот и потпретседател на Собранието, Антонио Милошоски, делегација на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ предводена од Александар Пандов и делегација на Унијата на ветерани.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Родриго ќе го пропушти Ел Класико

 Фудбалерот на Реал Мадрид, Родриго ќе го пропушти мечот на Реал Мадрид со Барселона поради повреда.

Крилниот напаѓач на Реал Мадрид ја повреди тетивата на синоќешниот натпревар со Борусија Дортмунд.

Реал победи со 5:2, а Родриго беше заменет во 85. минута.

Утре Бразилецот ќе биде подложен на магнетна резонанца за да се утврди точната дијагноза и времето за закрепнување.

Тој дефинитивно ќе го пропушти натпреварот со Барселона кој ќе се одигра на 26 октомври.

притисни ентер