Алкалоид ја забележа втората победа на Светското првенство во шах

На Светското екипно првенство, во категорија шахисти над 50 годишна возраст, што се игра во Струга, ШК Алкалоид ја забележа и втората победа, овој пат над селекцијата од Словачка.

Победата е со резултат 2,5:1,5 но, македонскиот тим може само да жали што таа не е изразена со повисока разлика.

Цел бод на Алкалоид донесе Кирил Георгиев на првата табла со црни фигури, а останатите тројца „Фармацевти“, Влатко Богдановски, Звонко Станојоски и Роландо Кутиров ремизираа.

Георгиев по натпреварот изрази уверување дека неговиот тим има квалитет за највисок пласман на ова натпреварување.

- Алкалоид секогаш оди на победа, на медал, а и јас секогаш играм за силни тимови со кои верувам дека имаме шанса за успех на екипно ниво. За мене дури е попријатно да играм за екипа со високи амбиции. Со играчите кои се денес во Алкалоид имаме настапувано заедно во минатото како репрезентација на Македонија на Шаховските Олимпијади (деветто место во Словенија 2002 година) и на Европските првенства (во 2003 заедно со Недев освоивме медали на своите табли), со што сакам да укажам дека имаме убава атмосфера, која се надевам повторно ќе биде крунисана со нов успех, изјави велемајсторот Георгиев.

На врвот на табелата во категоријата на играчи над 50 години се издвоија пет екипи со по две победи (истите оние кои се на врвот според просечниот рејтинг на играчите) и бидејќи турнирот трае девет кола, извесно е дека сите тие во одреден момент ќе играат меѓу себе. Алкалоид во третото коло излегува на мегдан со првата екипа според рејтингот, САД, додека вториот дерби меч ќе се игра меѓу првиот тим на Англија и Италија.

Во категоријата на играчи над 65 години, македонските ветерани направија уште еден подвиг совладувајќи ја првата екипа на Австрија и се најдоа меѓу првите пет на табелата, по што денеска играат со германскиот тим Ласкер Шахштифунг.

Трамп избра амбасадорка во Обединетите нации

Новоизбраниот претседател Доналд Трамп ја избра претставничката Елис Стефаник за свој амбасадор во Обединетите нации.

„Елис е неверојатно силна, тврда и паметен борец пред сѐ за Америка“, рече Трамп во изјавата денеска, објавувајќи го својот избор, според АП.

Ники Хејли, која го предизвика Трамп за номинацијата на Републиканската партија, беше меѓу оние кои претходно ја имаа оваа улога во неговиот прв мандат.

Елис (40) долго време беше една од најлојалните сојузници на Трамп во Претставничкиот дом и беше меѓу оние за кои се дискутираше како потенцијален потпретседателски избор.

Родена и израсната во северниот дел на Њујорк, Стефаник дипломирала на Харвард и работела во Белата куќа на поранешниот претседател Џорџ В. Буш во советот за домашна политика и во канцеларијата на шефот на кабинетот.

Во 2014 година, на 30-годишна возраст, таа стана најмладата жена некогаш избрана во Конгресот, претставувајќи го северниот дел на Њујорк. Подоцна, таа стана најмладата жена што служи на чело на Домот.

На почетокот на нејзиниот мандат, Елиса беше позната како поумерен конзервативен глас. Но, таа набрзо се приврза кон поранешниот претседател, тивко преобликувајќи го нејзиниот имиџ како верен сојузник на MAGA - и почувствува дека нејзината моќ расте.

Таа го поддржа во трката во 2024 година пред тој воопшто да ја започне својата кампања, а таа агресивно водеше кампања во негово име за време на првичните избори.

50.000 Руси се пробиваат во Курск, страшни напади на истокот на Украина

Војната во Украина многу ескалира во последните денови.

Двете страни викендов ги изведоа најголемите напади со беспилотни летала од почетокот на конфликтот пред речиси три години. На првите борбени линии Русија полека, но систематски напредува, пренесе Индекс. Обрач се стега околу градот Покровска тврдина. Најблиските руски позиции се оддалечени на само шест километри.

Во исто време, Русија се обидува да ги истисне украинските сили од нејзиниот западен регион Курск со десетици илјади војници, објави украинскиот врховен командант Олександар Сирски.

Коментарите на генералот Сирски дојдоа еден ден откако Њујорк Тајмс објави дека Москва собрала сили од 50.000 војници, вклучително и севернокорејски војници, долж регионот што се граничи со Украина, и дека подготвува масовна офанзива. Според извори на руските државни медиуми, Путин поставил краен рок до крајот на годината да ја врати контролата врз Курск.

Чомовски: Зошто никој не се постави прашањето што ќе донесе новата Германска Влада?

„оа е многу поважно прашање се до оној момент додека не се структуира неговата администрација и не ја видиме надворешно политичката агенда. Знаете што ќе донесе, големи проблеми за Македонија,“

Ние немаме длабочински стратегиски анализи во кој правец оди новата геостратегија во светот. Немаме ниту економски анализи што значи променетата филозифија на економски партиотизам на Америка, наспроти економскиот либерализам на главнината на тамошните економски експерти. Генерално гледано, ако дојде од економски агол до рестриктивна политика на новата Американска администрација во однос на кинеските производи, во однос на конкуренцијата со европската пенетрација и пенетрацијата на ЕУ на амекриканскиот пазар, нас не ни се пишува добро, затоа што нашиот главен стратегиски фактор Германија е на граница од депресија, а уште поважно дека таму настанува длабочинска политика криза. Се поставува што ќе донесе Трамп, зошто никој не се постави прашањето што ќе донесе новата Германска Влада? Тоа е многу поважно прашање се до оној момент додека не се структуира неговата администрација и не ја видиме надворешно политичката агенда. Знаете што ќе донесе, големи проблеми за Македонија, ќе наидеме на многу сериозни економски проблеми. Кога ќе се отвори целиот економски пакет, ќе предизвика лавиниа на социјални и економски проблеми за Германците. Нас не не' интересира што ќе се случи ако падне Шолц, а тоа е клучното прашање што не го разговара. Не заради Шолц, туку како ќе се ситуира новата Германска стратегија и Влада и дали Макрон кој единствен за сега има легитимитет и некаквз тежина што ќе наоѓа партнер во германската политичка структура, во која очигледно ќе додје до радикализација на десницата или крајните десни сили, рече Алекдандар Чомовски во Само Вистина.

притисни ентер