Претседател на клуб нокаутора судија по натпреварот- сега оди во затвор (ВИДЕО)

Поранешниот претседател на турскиот клуб Анкарагучу, Фарук Коча, кој го создаде најголемиот скандал во историјата на турскиот фудбал, кога го нокаутира судијата во декември минатата година по мечот меѓу Анкарагучу и Ризе, е осуден на затворска казна.

Коча ќе треба да одлежи три години и седум месеци затвор за нанесување тешки физички повреди на судијата Халил Умут Мелер, кого го удри со тупаница во главата.

По натпреварот Коча слезе на теренот, му пријде на судијата и го удри со тупаница во главата, а тој од ударот падна на земја.

Скандалот го обиколи светот, а турското правосудство реагираше и го испрати Коча на долгогодишна затворска казна.

Покрај три години и седум месеци затвор доби и дополнителна казна затвор од шест месеци со дополнителни пет месеци условно, објави Гардијан.

Николовски: Владините кошнички не даваат резултат, да се укине ДДВ за храна

Пратеникот на СДСМ Љупчо Николовски на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања, упати апел до Владата да го прифати предлогот на СДСМ, ДДВ за основните прехранбени производи, да се укине, односно да се намали од 5 на 0%.

Владините политики со кошнички за наводно пониски цени на основните прехранбени производи, дожевеаја дебакл. Тоа и вие го признавте, иако вината се обидовте да ја префлите на трговците сакајќи да побегнете од одговорноста затоа што вие им го овозможивте тоа, да профитираат на грбот на народот. Наместо пониски цени, граѓаните сега пред новогодишните празници се соочија со повиски цени, нагласи Николовски, во прашањето упатено до заменик министерот за економија Марјан Ристески.

Николовски нагласи дека минималната кошничка само за храна покажа зголемување за 390 денари.

Цените за храна не биле намалени. Политиките за кошничка не дадоа резултат. Апелираме да се приофати предлогот на СДСМ за намалување на ДДВ за храната, нека биде на предлог на владата но да се донсесе во интесес на граѓаните, истакна пратеникот на СДСМ Љупчо Николовски, се наведува во партиското сооштение.

Георгина доби подарок од 250.000 евра од Роналдо (ФОТО)

Кристијано Роналдо, познат по дарежливоста кон семејството, и оваа година докажа дека не штеди пари за љубовта.

Португалецот, кој моментално игра за Ал Наср, реши Божиќ да го прослави со семејството во бајковитата Лапонија, Финска.

Во празничната вечер, додека ги отвораа подароците, Георгина Родригез била видно воодушевена. На својот Инстаграм профил таа сподели фотографија од подарокот од сопругот – бела кожна чанта „Биркин“ со препознатливи златни детали, од луксузниот бренд Хермес. Цената на овој моден детал достигнува вртоглави 250.000 евра!

„Мојот подарок пристигна“, напиша Георгина со емоџи од Дедо Мраз, додека нејзините следбеници го коментираа раскошниот избор и префинетиот вкус на славниот фудбалер.

По овој необичен подарок, Роналдо реши да ја изненади сопругата со уште еден гест. Тој ја однел Георгина на релаксирачка топла бања, што беше сосема спротивно на нивната неодамнешна авантура во ледените води. Двојката ги документирала моментите на заедништво со фотографии и видеа, споделувајќи ја среќата со своите фанови.

Колекцијата на чанти на Георгина веќе важи за една од највпечатливите во модниот свет. Меѓу нејзините вредни предмети е и познатата чанта „Diamond Himalaya Birkin“, позната како најскапата на светот. Изработена од крокодилска кожа и обложена со дијаманти, оваа чанта беше продадена во 2022 година за неверојатни 450.000 долари.

Споменатиот подарок е само додаток на нејзиниот глобален статус на модна икона. „Со овој нов модел на Birkin, Георгина Родригез дополнително го зајакнува својот имиџ како симбол на луксуз и елеганција“, истакна престижниот шпански магазин Mundo Deportivo.

Кристијано Роналдо и Георгина Родригез продолжуваат да ја фасцинираат јавноста со својата љубов и начин на живот. Нивната хармонична врска и префинет вкус ги прават еден од најпознатите парови во светот, а овие гестови потврдуваат дека тие се вистинската дефиниција за гламурот и луксузот.

Итно се затворени сите аеродроми во Москва и во Калуга, позната е причината

Федералната агенција за воздушен транспорт привремено ја ограничи работата на четирите московски аеродроми Шереметјево, Домодедово, Внуково, Жуковски, како и аеродромот во градот Калуга.

Федералната агенција за воздушен транспорт привремено ја ограничи работата на четирите московски аеродроми Шереметјево, Домодедово, Внуково, Жуковски, како и аеродромот во градот Калуга, со цел да се обезбеди безбедност на цивилните авиони, изјави претставникот на Агенцијата, Артјом Корењак.

„Екипажот на авионите, контролорите на летање и аеродромските служби ги преземаат сите неопходни мерки за да се обезбеди безбедност на летовите – тоа е врвен приоритет“, изјави претставник на Федералната агенција за воздушен транспорт на каналот Телеграм, пренесува руски Интерфакс.

Од 15 часот и 45 минути во Внуково се воведени привремени ограничувања за пристигнување и полетување, а од 16 часот и 40 минути се укинати ограничувањата за летање“, се наведува во соопштението.

Како што додаде, прекинат е влезниот и појдовниот сообраќај на аеродромите во Москва и Калуга. Телеграмските канали База и Маш, блиски до безбедносните сили, први објавија информации за ограничувањата на летовите на сите московски аеродроми и аеродромот Калуга, наведувајќи дека причината е „веројатно закана од напад со дрон“.

Министерството за одбрана на Русија сè уште нема пријавено за напад со беспилотно летало во Москва, регионот Суб-Москва и регионот Калуга, објави порталот База.

Маш забележува дека 27 летови биле одложени на аеродромите Домодедово, Шереметјево и Внуково.

притисни ентер