Алесандра Амбросио е снимена со син на мултимилијардер на одмор на Ибица (ФОТО)

Бразилската манекенка Алесандра Амбросио е фатена на Ибица со синот на мултимилионерот Мајкл Смурфит, Александар Смурфит.

Тие уживаа во пливањето и изгледаа многу блиски.

Се чини дека Алесандра си најде нова љубов по раскинувањето со Ричард Ли минатата година. Освен што го помина времето со Александар, Алесандра ја покажа и својата фигура во црвен дводелен костим за капење.

Таткото на Александар, Сер Мајкл Смурфит се смета за водечка фигура во светската индустрија за пакување, чие богатство се проценува на 400 милиони долари.

Во септември минатата година странските медиуми објавија за проблемите во врската меѓу Алесандра и Ричард, кои беа во врска од јануари 2021 година.

„Таа беше со нејзините пријатели и деца, а тој работеше, па се оддалечија и не излегуваа некое време. Таа секогаш го сакаше, па можеби ќе можат да ги средат работите, но веќе со месеци се разделени , така што тоа е малку веројатно да се случи“, изјави тогаш извор за Daily Mail.

Последен пат беа фотографирани заедно во октомври 2023 година додека се шетаа во Њујорк, што предизвика коментари дека сепак се помириле. Сепак, се чини дека на крајот не беа во можност да ги решат проблемите. Пред него таа беше со бизнисменот Џејми Мазур, со кого има две деца.

Алесандра ја започна својата манекенска кариера во тинејџерските години, а стана меѓународно позната откако беше ангажирана од брендови како што се Ралф Лорен, Кристијан Диор и Џорџо Армани. Таа често се појавуваше на насловните страници на Vogue, Harper's Bazaar, GQ, Elle и Glamour.

Во 2004 година стана ангел на Викторија и беше заштитно лице на брендот до 2017 година.

Митева: Дали бизнисот од 10 милиони евра е извор на приходи за сите лаги и лошиот пи-ар на СДС

Во 2018 година кога СДС е во врвот на власта Спасов од Рејтинг добива дозвола за изградба на фотоволтаична централа со моќност од 2.18 мегавати под името Гама Солар 1.

Кога Спасов ја добива дозволата за градба на фотоволтаичната централа Венко Филипче, сегашниот претседател на СДС е министер во владата.

Се поставува прашањето дали Венко Филипче играл улога во добивањето на одобрението и дали Спасов му е лично должен на Филипче?

Да одиме со ред.

Фотоволтаичната централа на Спасов не е мал капацитет и за истиот да се изгради и стави во функција според енергетичарите се потребни и до 2 милиони евра.

Фотоволтаична централа на Спасов годишно може да генерира приходи и до половина милион евра, што за период од 20 години, колку што е оптималниот животен век на истата ќе значи 10 милиони евра приходи.

Дали овој бизнис од 10 милиони евра е извор на приходи за сите лаги и евтин ПР на СДС?

Од СДС наместо да се темелат на конструкциите на Спасов подобро ќе биде да се спремаат за долга опозиција и одговорност и политичка и институционална за сите криминали кои ги направиле.

Марија Митева, портпарол, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Минималните трошоци за основни потреби на едно семејство во јули 60.570 денари

Минималните трошоци на едно семејство во јули изнесувале 60.570 денари и во споредба со јуни трошоците се зголемени за 245 денари, објави денеска Сојузот на синдикати на Македонија.

Според новата методологија на пресметување на синдикалната кошничка, со изнајмен стан од 60 кавдарати трошоците се зголемуваат на 75.945 денари.

Вообичаено, најмногу пари се потребни за храна за што во јули за основните потреби биле потребни 22.008 денари, додека за режиски трошоци биле потребни 6.014 денари.

Вонредни контроли во Дојран, Охрид, Струга и Преспа, уништени 8,7 тони небезбедна храна

Со контролите се проверуваше имплементацијата на добра производствена и хигиенска пракса (ДПП/ДХП) базирана на НАССР принципите, инфраструктурните услови во објектите, а се спроведуваа и контроли на активностите согласно регистрацијата.

Инспекциски тимови на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во периодот од 16 до 19 јули спроведоа вонредни засилени контроли во објекти и оператори со храна (хотели, ресторани, времени - кетеринг објекти, месарници и маркети) во туристичките центри Дојран, Охрид, Струга и Преспа со кои беа опфатени 112 објекти. При тоа беа изречени 54 глоби на 54 оператори со храна, од кои на осум им беше изречена забрана за работа до отстранување на констатираните недоследности.

-Со контролите се проверуваше имплементацијата на добра производствена и хигиенска пракса (ДПП/ДХП) базирана на НАССР принципите, инфраструктурните услови во објектите, а се спроведуваа и контроли на активностите согласно регистрацијата на операторите со храна. Во услови на високи надворешни температури, акцент со контролите беше ставен на условите на чување и складирање на производите и роковите на употребливост на храната, соопшти АХВ.

Со контролите, се посочува во соопштението, беше утврдено неисполнување на општите и посебните хигиенски барања во сите фази на производство ,преработка и дистрибуција на храна, неимплементирање на сите процедури на ДПП/ДХП базирани на НАССР принципите, храна со поминат рок на употреба, промет на храна без декларација и означување согласно Законот за безбедност на храна и подзаконските акти според кои ваквите производи се прогласуваат за небезбедни за човечка употреба и нештетно се уништуваат.

-Од страна на инспекторите за храна и официјалните ветеринари констатирана беше и работа на објекти - оператори со храна кои не се регистрирани или одобрени за работа од страна на АХВ, поради што беа изречени мерки забрана за работа, а затекнатите производи беа забранети за промет и нештетно уништени. Утврдени беа и лоши инфраструктурни и хигиенски услови во кујните, производствените простории, за што некои оператори добија времена мерка забрана за работа, се наведува во соопштението.

Како што нагласуваат од АХВ, од промет беа отстранети 8.700 килограми небезбедна храна која беше нештетно уништена.

Од АХВ најавуваат дека и во наредниов период ќе продолжат со спроведување на вонредни контроли и во другите туристички центри, а поради високите температури, како што велат, на сила останува мерката за засилени контроли кај операторите со храна на целата територија на земјава.

притисни ентер