Адријана Лима сака да има уште деца!!

Една од најубавите жени на светот, атрактивната манекенка Адријана Лима во интервју за турски магазин откри дека покрај ќерките Валентина и Сиена од бракот со кошаркарот Марко Јариќ сака да има уште деца. Исто така атрактивната Лима во интервјуто зборува и за тоа како ја одржува совршената става и како се грижи за својот изглед.

-Во овој момент немам план да го проширам семејството, но можеби повторно ќе се остварам како мајка. Сиена и валентина ми одземаат најголем дел од времето. Можам да кажам дека тоа што ставан мајка е најдобрата работа која ми се случила досега во животот. Луда сум по моите деца, истакна убавата Адријана.

Ангелот на Викотрија Сиктер вели дека тоа што се остварила како мајка од неа направила подобра личност.

-

Со двете нозе сум на земја. Како жена имам повеќе самодоверба и поубава сум. Некои работи кои порано ми беа значајни сега се занемарливи, изјави Лима.

Инаку убавата Бразилка откри дека за нејзината совршена става голема заслуга има кик – боксот , но и внесувањето на многу течности и исхраната без маснотии.

Сончево со мала до умерена облачност, следува период на релативно топло време

До крајот на денот сончево со мала до умерена облачност. Попладне, особено во северозападните делови ќе има услови за локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и појава на ретки грмежи. 

Ќе дува слаб ветер од јужен правец, информираат од УХМР.

Максималната температура ќе биде во интервал од 17 до 24 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотраен пороен дожд.

Од УХМР известуваат дека следува период на сончево и релативно топло време со мала до умерена облачност. Локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи се очекува кон средината на следната седмица.

Земјотрес со јачина од 6,9 степени по Рихтеровата скала го погоди југозападниот дел на Јапонија

Земјотрес со јачина од 6,9 степени според Рихтеровата скала ги погоди островите Огасавара во југозападна Јапонија.

Според соопштението на Јапонската метеоролошка агенција (ЈМА), земјотресот се случил во 17:36 часот по локално време. Потресот е регистриран на длабочина од 540 километри.

Островите Огасавара, локално познати како „Острови Бонин“, се наоѓаат на 1.000 километри југоисточно од Токио, главниот град на Јапонија, и 1.600 километри северозападно од островот Гуам во западниот Пацифик.

Стојаноска: Да се обединиме околу ВМРО-ДПМНЕ,за конечно ДУИ и СДСМ да ги испратиме во опозиција

Носителката на листа од коалицијата Твоја Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ во изборната единица 6, Дафина Стојаноска се обрати пред тетовчани. 

Дафина Стојаноска истакна дека е време за целосно обединување на сите, без разлика на партиска, верска или национална определба. Раката на ВМРО -ДПММЕ е подадена, време е ДУИ и СДС да заминат во опозиција.

Вчерашниот мини-митинг во старо Тетово - Под Балтепе испрати силна порака дека тетовчани ги има и се со одличен резултат во првиот круг претседателски избори. Мотивирани се и за 8-ми мај. Велат дека е редно оваа криминална власт да се испрати во пензија и да дојдат луѓе кои со работа ќе го покажат патриотизмот кон Македонија.

притисни ентер