Имено, откако „Volkswagen“ го суспендираше производството на електрични модели на две недели, многумина помислија дека тоа навистина е привремена мерка. Сепак, оваа мерка сега се продолжува и се проширува и на други модели.
На тој начин „VW“ е принуден повторно да го прекине производството на моделите „ID.3“ и „Cupra Born“, а суспензијата сега се шири и на другите модели на концернот. Листата станува подолга и сега ги вклучува „Volkswagen ID.4“, „ID.5“, „Audi Q4 e-tron“ и „Q4 Sportback“.
„Volkswagen“ не открива колку примероци од моделите „ID.3“ и „Cupra Born“ ќе бидат направени во Цвикау во споредба со годишниот план, но не пропушта да нагласи дека овој потег „обезбедува продуктивна работа и идната одржливост на фабриката“, пишува „AutoNews Europe“.
За потсетување, „VW“ веќе две недели го прекина производството на споменатите модели во фабриката со годишен производствен капацитет од 360.000 автомобили.
Минатата година произвеле 218.000 возила, па не е чудно што не им ги продолжиле договорите на 269 работници. Сето ова е резултат на негативното влијание на тешките пазарни услови, намалената побарувачка за електрични возила и зголемената конкуренција од електричните автомобили од кинеско производство. /МИА