„Strauss Concert“ на „Скопско лето“

Во рамки на „Скопско лето“ вечер во Даут пашин амам ќе се одржи концертот „Strauss Concert“ на Марија Наумовска - сопран и Андреја Наунов - пијано. 

Андреја Наунов е роден во Кочани. Дипломира на Фаĸултетот за музичĸа уметност - Сĸопје на одделот пијано во ĸласата на доцент - проф. Симон Трпчесĸи, во чија ĸласа е и на постипломсĸи студии, а додека студира е дел од турнејата со неговиот професор Симон Трпчесĸи низ Маĸедонија. Поĸрај пијанистичĸата ĸариера, се реализира и во воĸалните ансамбли како „Воĸали”, „Хераĸлеа” на Дубровачĸите летни игри, Охридсĸо лето, Вино фестивал-Нови Сад и други. Каĸо ĸорепетитор тој има преку 250 настапи со различни ансамбли и солисти во нашата држава и во странство (Швајцарија, Австрија, Србија, Бугарија, Германија, Унгарија, Романија, Словенија, Русија, САД). Вработен е во Националната опера и балет, ĸаĸо хорсĸи пејач (2002-2005), а од 2005г. работи ĸаĸо пијанист-ĸорепетитор, соработувајќи со

голем број на диригенти, солисти, домашни и странски режисери. Од 2009г. работи и ĸаĸо надворешен соработниĸ на Фаĸултетот за музичка уметност во Скопје. Во својот репертоар го има целоĸупниот репертоар на Националната опера и балет, ĸој брои повеќе оĸолу 50 оперсĸи наслови.

Марија Наумовска Бакревски (сопран) е родена 1986г. во Битола. Со музика започнува да се занимава на 8 години. Завршува нижо музичко училиште во Битола отсек-пијано во класата на проф. Људмила Божиновска, а потоа го продолжува средното музичко образование отсек-соло пеење во класата на проф. Пеце Митревски и проф. Магдалена Наумоска. Продолжува на ФМУ во Скопје, во класата на проф. м-р. Славица Галиќ-Петровска со позасилено работно темпо за

постигнување на подобар успех. Дипломира на ФМУ во Скопје со фантастичен дипломски испит со cum laude. Завршува магистерски студии во 2012г. на ФМУ во класата на истата професорка. Неодамна има работено со италјанскиот сопран Инва Мула, Валентина Бои како и проф. и педагог Михајло Арсенски-Германија и познатата оперска дива Ермонела Јахо. Работи и како професор по соло пеење во Државното музичко училиште – Битола. Моментално е вработена во Националната опера и балет.

АД ЕСМ понуди цена повисока за две евра на тендерот на ЕВН Хоум

АД ЕСМ на тендерот на ЕВН ХОУМ понуди цена од 62 евра за мегават часови. 

Оваа цена е за две евра повисока од досегашната што АД ЕСМ му ја продаваше на универзалниот снабдувач и таа има најголемо влијание врз цената на струјата што граѓаните ќе ја плаќаат од 1 јануари следната година.

Новата цена на струјата треба да биде дефинирана до крајот на годинава, а ќе важи од први јануари.

Премиерот Христијан Мицкоски неколкупати досега во изјави за медиумите рече дека не очекува големи промени во цената на струјата, а доколку дојде до такво нешто, тогаш зголемувањето би било минимално од еден до три проценти.

Витина: Ако има иницијатива, Славески мора да свика вонредна седница на Советот

Советничката во Град Скопје, Ирена Витина ја оквалификува како неточна изјавата на претседателот на Советот Трајко Славески во врска со иницијативата на приватните превозници за зголемување на надоместот на услуга по километар. 

- Од иницијативата која ви ја прочитав советникот бара да отпочнеме постапка во која што ќе ги разгледаме сите можности за ние како советници да утврдиме дали постои оправдана причина за покачување на цената на приватните превозници по километар или не постои. Како на советници, од страна на претседателот на Советот ни е ускратено правото што го имаме согласно Статутот и Деловникот да разгледуваме иницијативи и да постапуваме по нив. Ги уверувам граѓаните дека единствено ние како советници во Советот на Град Скопје можеме да донесеме таква одлука, изјави Витина.

Советничката кажа дека право на советниците е да ги разгледаат иницијативите на приватните превозници, со претходна подготовка и податоци кои би ги побарале од службите и приватниците. Смета дека треба да се почне дебатата за иницијативата и дека по којзнае кој пат тоа право како на советници им се ускратува.

- Уште еднаш ќе повторам, мислењето на градоначалникот е едно, но нашето право на одлука е наше. Обврска ни е пред граѓаните на Град Скопје, пред приватниците да не играме дворски игри и да бидеме одговорни, рече Витина.

Кажа дека советникот Горан Арсов доставил иницијатива, а градоначалничката дала мислење и дека нема пречка да се закаже вонредна седница, бидејќи како што вели „околностите се вонредни“.

Романскиот Уставен суд ќе бара пребројување на гласовите од првиот круг на избори

Романскиот Уставен суд ќе побара пребројување на гласовите во првиот круг од претседателските избори, јавува денеска ТВ Диги24, повикувајќи се на судски извори. Портпаролот на Уставниот суд не сакаше да го потврди или негира извештајот.

По едноцифрената поддршка од гласачите во анкетите спроведени пред гласањето во неделата, екстремно десничарскиот независен политичар Калин Георгеску (62) извојува победа што го покрена прашањето како е можно вакво изненадување во Европската унија и во земја членка на НАТО, пренесуваат агенциите

Тој ќе се натпреварува со лидерката на опозицијата Елена Ласиони во вториот круг од претседателските избори на 8 декември. Георгеску доби многу гласови од младите гласачи и Романците кои живеат во странство, а неговата кампања во голема мера се потпираше на платформата за споделување видеа ТикТок.

Заменик-шефот на Романската агенција за телекомуникации, Павел Попеску рече дека денеска ќе започне официјален процес за суспендирање на платформата ТикТок низ цела Романија во очекување на истрага за улогата што таа ја одигра во првиот круг од претседателските избори во неделата. /МИА

притисни ентер