Автомобил со три лица пропаднал во надојдена река во Чешка,денеска е пронајдено е само возилото

Автомобил со три лица падна во саботата во надојдена река во близина на градот Јесењица во Чешка.

Денеска е пронајдено само возилото, додека потрагата по неговите патници продолжува.

„Во селото Липова-лазне кај Јесењица имаме работа со автомобил кој паднал во разбеснетата Старичка река. Едно лице успеало да дојде до брегот, другите три останале внатре. Го бараме возилото и неговите патници. “, соопшти полицијата во саботата.

Откако возилото било пронајдено празно, спасувачите продолжуваат со потрагата по исчезнатите лица.

Наводно станува збор за мажи и сите се над 18 години, пренесува Блеск.

Да потсетиме, во Чешка е потврдено дека едно лице загинало во поплавите, додека осум лица се водат како исчезнати.

„Друштво Преспа“ со остра реакција против бугарскaтa агресија врз Македонците во Албанија

Организацијата за заштита на правата на Македонците во Албанија "Друштво Преспа" со остра реакција против бугарскaтa агресија за денационализација и асимилација на Македонците во Албанија.

Продолжува бугарскaтa агресија за денационализација и асимилација на Македонците во Албанија.

Упатувме остра реакција кон општинската управа на Пустец, каде на 14/09/2024 во село Глобочани општина Пустец, свечено отворааше модуларна амбуланта, донација од Бугарија.

Дознаваме дека освен преставници на општина Пустец предводени од Градоначалникот Пали Колевски и заменик/Градоначалнико Јани Никола, беа присутни и бугарска делегација предводени од амбасадорот на Бугарија во Тирана Ивајло Киров и Софика Мале преставник на Фондацијата "Блгарски Памет" За време на донацијата.

Нај остро го осудуваме чинот на градоначалникот на Пустец Пали Колефски кој му врачи специјално изработена плакета на негаторот на макдонската нација Милен Врабевски

Управата на општина Пустец во последниот и актуелниот мандат беше и останува сервилна кон бугарската пропаганда и бројните посети на бугарски претставници со материјална помош за општината Пустец, иако се знае дека тоа Софија го прави само за да ги прикаже Македонците како Бугари во Албанија а не дека придонесуват за подобрувајне на благосостојбата на жителите.

Организацијата за заштита на правата на Македонците во Албанија "Друштво Преспа"

По разводот, продал сѐ на Ибеј, купил остров и пак се вљубил: Ми недостига само едно (ВИДЕО)

Приказната за Британецот кој го „продаде животот“ на eBay, а потоа купи тропски остров, повторно и повторно се ажурира на мрежите.

Иан Ашер живеел во Австралија кога неговата сопруга поднела барање за развод. После тоа решил дека му е доста од „стариот живот“ и направил радикален потег.

Иан ја ставил куќата и целиот свој имот на продажба и ги искористил парите за да купи пуст остров на Карибите.

Со нешто повеќе од 200.000 фунти решил да го изгради својот „мал рај“, каде што немало ни вода ни струја. Покрај тоа, тој морал да одгледува овошје, зеленчук и живина за да се прехрани.

Во една прилика, за време на едно патување во Лондон, ја запознал Ванеса, која набрзо му се придружила во големата авантура, пренесува LadBible.

Иан постојано дава интервјуа и го опишал животот на пуст остров. Уживаше во работите што требало да ги работи, а ги имало доста.

Освен што се грижел за овошјето и зеленчукот, тој се грижел и за 10 кокошки кои слободно шетаат, за нивните јајца да бидат целосно органски, откри тој.

Понекогаш го посетувале рибари од кои купувал риба. Во најблискиот град имало и два супермаркети до кои оделе на секои 10 дена со брод.

Во моментите на одмор тој заедно со својата избраничка уживал на плажа и во нуркање. За медиумите признал дека му фали само едно.

„Ми недостига излегувањето во петок со семејството и пријателите во стариот добар паб“, рече тој.

Ја споменал и лошата интернет конекција, но и губењето на џет ски.

И тогаш, пред девет години, решил да сврти нов лист! Го продал островот и почнал да патува низ светот со Ванеса.

Последен пат медиумите ги „лоцирале“ во Франција, каде што се преселил парот.

притисни ентер