Речиси сто повредени во земјотресот со јачина од 5,9 степени во источна Турција (ВИДЕО)

Речиси 100 лица се повредени во денешниот земјотрес со јачина од 5,9 степени во источна Турција, јави турската телевизија НТВ.

Земјотресот бил регистриран во градот Кале, во округот Малатија, во 10:46 часот по локално време, соопшти турската владина управа за справување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД). Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 10,07 километри.

Земјотресот бил почувствуван во многу окрузи во источна и централна Турција, како и во Сирија.

Следеа 77 последователни потреси, информира електронското издание на градот „Сјозџу“.

Гувернерот на покраината Елазиг, Нуман Хатипоглу изјави дека во областа се пријавени 94 ранети. Хатипоглу додаде дека е причинета голема материјална штета на две згради, јави НТВ.

Четири лица се повредени во областа Малатија, изјави валијата Седар Јавуз. Едно лице е повредено во округот Шанлиурфа.

Меѓу повредените во градот Кале, каде што бил епицентарот на земјотресот, има и бремена жена. Таа е примена во болница, а нејзината состојба е стабилна, јавија турските медиуми.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган телефонски разговарал со гувернерот на Малатија и градоначалникот на истоимениот град, јави НТВ.

Мобилните оператори кои работат во областа соопштија дека нема прекин во услугите што ги обезбедуваат.

Малатија е меѓу најтешко погодените окрузи од разорните земјотреси на 6 февруари минатата година со јачина од 7,6 и 7,7 степени, во кои загинаа над 53.000 луѓе.

Загина познат фотограф, кој работел во војната во екс Југославија- синот го прободел во вратот

Британски воен фотограф е избоден до смрт во Калифорнија, а неговиот син тинејџер е уапсен за неговото убиство, соопшти полицијата.

Пол Лоу (60), фоторепортер кој известувал за конфликти, вклучително и од Босна за време на војната во поранешна Југославија, бил пронајден мртов на популарната планинарска патека на планините Сан Габриел на 12 октомври.

Лоу бил прободен со нож во вратот, соопшти полицијата.

Неговиот син Емир Лон (19) бил виден како вози од местото на настанот, а подоцна бил вклучен во сообраќајна несреќа неколку милји подалеку пред да биде уапсен, соопшти Канцеларијата на шерифот на округот Лос Анџелес.

Тој е обвинет за убиство и денеска се појави на прво судење во Калифорнија, соопшти окружното обвинителство на Лос Анџелес.

Фоторепортерот бил избоден со нож во 15 часот и 28 минути по локално време, јавува Скај њуз.

Полицајците кои реагирале откриле „возрасен маж кој страда од траума на горниот дел од торзото“, продолжи одделот на шерифот.

„Жртвата била прогласена за мртва на местото на настанот. Забележан е возрасен маж како се оддалечува од местото на настанот, а потоа учествувал во независен сообраќаен судир на неколку километри. Мажот е приведен во очекување на понатамошна истрага“, соопшти полицијата.

Одделот за воени студии на Кралскиот колеџ во Лондон, каде Лоу бил визитинг професор, рече дека наградуваниот фоторепортер „многу ќе им недостига“.

За време на неговата долга кариера, тој покривал ударни вести ширум светот, вклучувајќи го падот на Берлинскиот ѕид, ослободувањето на Нелсон Мандела, уништувањето на Грозни. Со својот објектив тој ја следеше и војната во Босна и Херцеговина во 90-тите години, па неговите фотографии беа дел од изложбата „Лавиринтот на 90-тите“ во Историскиот музеј во Сараево.

„Град на духови“ во Турција: Жителите го напуштиле пред 100 години, го голта природата (ВИДЕО)

Кајакој во југозападниот дел на Турција, недалеку од Фетије, е познат како „град на духови“. Жителите го напуштиле пред 100 години, па бил препуштен на суровата природа.

Денес е туристичка атракција, но и потсетување на мрачните настани од минатото, објави Дејли Стар.

Во Кајакој може да се видат љубопитни туристи, фасцинирани од дотраените градби кои природата сѐ повеќе ги покрива со зеленило.

Порано бил препознатлив по тесните улички и фонтаната во центарот. Имал две цркви, додека од врвот на ридот - каде што се наоѓа, се гледа спектакуларен поглед на Егејот.

Одејќи по калдрмата, посетителите можат да го почувствуваат духот на градот во кој живееле најмалку 10.000 грчки православни христијани и го споделувале секојдневниот живот со турските муслимански фармери од регионот.

До 19 век, Кајакој станал културен центар со архитектура која комбинирала различни стилови, пренесува The Sun.

Сепак, ескалацијата на тензиите по Грчко-турската војна, која завршила во 1922 година, доведе до тоа двете нации да одлучат да ги протераат луѓето кои немале никакви врски со нивната земја.

За Кајакој тоа значело присилна размена на локалното население со Турците муслимани кои живееле во Кавала.

Но, новодојдените муслимани, наводно, биле незадоволни од нивниот нов дом, бидејќи теренот и климата го сметале за негостопримливи, па продолжиле понатаму.

Мал број од жителите, кои престојувале до денес, имаат средби со туристите и раскажуваат приказни за настаните кои ја обликувале судбината на Кајакој.

Никовски: Кога беше загрозено Македонството МАНУ не беше на задачата

Сарачини: Тезите за федерализација ги слушаме години наназад

Никовски:

Паралелни институции имаат за цел федерализација. Нема унитарна држава во светот што е бијазична. Особено по 2001 година се води политика на паралелни институции, се отвораат процеси кои треба да го негираат Македонскиот карактер на државата, во цел свет домминира и решава мнозинството, иако треба да се земаат предвид и почитуваат правата на малцинствата. МАНУ апсолутно не ја покажа улогата што треба да ја има општеството. Нема смисол идејата да постои Албанска академија. Кога беше загрозено Македонството МАНУ не беше на задачата.

Сарачини:

Каков впечаток остави МАНУ особено по Рамковниот договор каде постои рамка, пред граѓаните Албанци? Имаме ли научни установи особено сврзани со една ентичка категеорија? Тезите за федерализација ги слушаме години наназад, а ниту се федерализира ниту ќе се федерализира. Немојте со тезите дека Македонците ќе ги снема.

притисни ентер