„Политико“: Европските и германските избори ја блокираат ЕУ

Во услови кога поголемиот дел од оваа година европските институции се во режим на бирократско ресетирање, во Брисел се чувствува изразен недостиг на потребата од итност, оценува анонимен дипломат на ЕУ во изјава за бриселскиот портал „Политико“.

Порталот оценува дека прво, институциите на ЕУ беа парализирани од јунските европски избори, а сега во блокот се предвидува уште една година на застој, бидејќи европските бирократи ќе ги чекаат резултатите од германските избори во есента 2025 година.

Според „Политико“, дипломати и официјални претставници на ЕУ изразуваат загриженост оти во вакви услови Брисел ќе биде заглавен со месеци во рутински активности.

- Европските избори за 720 членови на Европскиот парламент го потрошија Брисел во првата половина на 2024 година. Институциите во Брисел застанаа, бидејќи претседателката на Европската комисија,Урсула фон дер Лајен, водеше кампања за втор мандат и чекаше реизбор од новиот Парламент. Сега, таа чека тој Парламентот да го одобри нејзиниот тим од 26 комесари, кој ќе ја предводи извршната власт на ЕУ, се наведува во текстот.

Во анализата натаму се нагласува дека се очекува новите членови на Европската комисија да ги седнат во своите фотељи на 1 декември, со што имаат само малку време пред декемвриските празници.

- Најмалку што можеме да направиме е да избереме нова Европска комисија до изборите во САД, вели европскиот дипломат.

Според „Политико“, ЕУ е во очекување на претседателските избори во САД предвидени за 5 ноември, од чии исход се очекува да зависи идната политика на Вашингтон кон Украина.

- Додека кандидатката на демократите Камала Харис вети дека ќе ја продолжи воената, политичката и економската поддршка на американскиот претседател Џо Бајден за Украина, тоа истото не може со сигурност да се каже и доколку Доналд Трамп ја преземе власта во ноември. На неодамнешните предизборни настапи, Трамп ја повика Украина да склучи договор со Русија за прекин на инвазијата, а дури се закани и дека ќе ја запре американската помош за Украина доколку биде реизбран, наведува „Политико“.

Во тексот се наведува дека сепак дури и новата Европска Комисија да биде формирана во планираните роково, „играта на чекање“ во ЕУ ќе продолжи поради германските федерални избори следната година.

Така, според „Политико“, наместо да се фати за работа и да се врати на креирањето политики, вклучително и изработката на буџетката рамка за периодот 2028-2034 година, од која ќе зависи се во блокот – од помошта за земјоделството, до поддршката за Украина, ЕУ најверојатно ќе го одложи носењето на важни одлуки за по изборите во Германија.

Ова особено, што за Германија, кој е позната по своите заложби за штедливост, од голема важност се прашањата за зголемување на буџетот на ЕУ или овозможување на заеднички долг на Унијата.

- Така, економската сила во ЕУ, Германија, ќе биде политички парализирана пред изборите во септември 2025 година, особено кога станува збор за какви било одлуки за поголем европски буџет. За време на кампањата, германските партии ќе бидат принудени да го отфрлат предлогот на Комисијата, кој најверојатно ќе бара поголем европски буџет, наведува „Политико“, повикувајќи се на „високи европски дипломати“.

Буџетот на ЕУ се носи со консезус, за што е потребна поддршка од сите земји членки, па тој не би можел да усогласен без јасниот став на Берлин. Според експертите, не можеме да се оелкуваат никакви одлуки околу буџетот или нови даноци и финансирање се до изборите во Германија.

- Сите се во режим на чекање и токму кога мислите дека можеме да тргнеме, вниманието ќе се префрли на Берлин, вели претставник на ЕУ, а него колега смета дека е „тешко да се замисли носење одлука за трошоците пред гласањето“ во Германија.

Според „Политико“, дури и новиот претседавач со ЕУ од 1 јануари 2025 година – Полска нема да може да направи нешто повеќе додека Берлин е во режим на кампања.

- Во годината кога направи многу малку и нема да може да направи нешто многу повеќе и во очекување на судбоносните избори во САД, Европската Унија ќе продолжи со напорите да и помага на Украина, препуштајќи им на другите глобални сили да се справат со руската инвазија, заклучува „Политико“.

Индија се подготвува да изгради две подморници на нуклеарен погон

Индија ги одобри плановите за изградба на две подморници од нова класа на нуклеарен погон, потврдија двајца претставници на Министерството за одбрана.

Официјални лица кои сакале да останат анонимни потврдија дека кабинетот на премиерот Нарендра Моди дал зелено светло за изградба на првите две подморници од новата класа, од вкупно шест планирани за индиската морнарица, но не го прецизираа датумот на испораката.

Станува збор за проект кој се проценува дека чини околу 450 милијарди рупии или 5,4 милијарди долари. Индија во борбата да ја модернизира својата војска поради зголеменото присуство на Кина во регионот на Индискиот Океан, се фокусира на зајакнување на своите поморски способности и подобрување на своите домашни способности за производство на оружје.

Индија се у борби да модернизује своју војску поводом све већег присуства Кине у региону Индијског океана, фокусира на јачање поморских способности и унапређење домаћих капацитета за прављење оружја.

Новите индиски подморници ќе бидат изградени во владиниот центар за бродоградба во јужното индиско пристаниште Висахапатнам.

СДСМ: Кочовска призна дека мерките на владата за замрзнување на цените немаат ефект

Министерката за финансии, Димитриевска Кочовска призна дека мерките на владата за замрзнување на цените на производите немаат никаков ефект.

И моментално состојбата во маркетите потврдува дека речиси и да нема производи со намалени цени, дури забележано е и намалување на грамажата на одредени производи.

Добро е што Димитриевска јавно кажа дека не се согласува со овие мерки на Владата и потврдува дека не се ефикасни.

Но ја потсетуваме Кочовска дека веќе не е опозиција туку е министерка во Влада и води едно од најважните министерства. Ако не се сложува нека даде решение. Граѓаните очекуваат решенија за намалување на цените а не само мислења.

Исто постапи и со кредитот од Унгарија кога не кажа ниту збор во Собрание.

Граѓаните се оптоварени од поскапувањата, особено во делот на храна. Владата на ДПМНЕ не успеа на време да воведе мерки кои ќе го заштитат стандардот на граѓаните и да ги намалат трошоците на живот за што цената ја плаќаат токму граѓаните.

За СДСМ е неприфатливо граѓаните да го носат товарот на економските потешкотии, Владата да презема мерки со задоцнување кои немаат никаков ефект а министерката којашто е најповикана да нема решение туку мислење.

Стандардот на граѓаните опаѓа, потребна е итна интервенција и нови мерки за конкретни резултати.

СДСМ

Маркус Смарт: Зак Иди ќе биде многу важен за нас, добро се движи

Зак Иди ќе биде многу важен за нас, добро се движи и има многу висок коефициент на интелигенција.

Кошаркарот на Мемфис, Маркус Смарт го пофали соиграчот и дебитант Зак Иди. Дваесет и двегодишниот центар беше избран како деветти пик на НБА драфтот во 2024 година и се смета за кандидат за дебитант на годината.

- Тој ќе биде многу важен за нас. Ви овозможува разнолика одбранбена игра. На мене и на Џерен Џексон ми дава шанса да покажеме што можеме. Прекрасно е да имате таков вид играч во тимот. Неговата висина од 224 сантиметри е многу значаен фактор. Одлично се движи, има многу висок коефициент на интелигенција и продолжува да се подобрува. Имаме многу високи амбиции, ако се фокусираме на нашите задачи и играме што е можно порано, можеме да покажеме многу високо ниво, особено во одбраната. Имаме доволно талент, момците го можат тоа, заклучи Смарт.

Мемфис го победи Далас во првиот претсезонски натпревар (121:116). Зак Иди за 18 минути постигна шест поени (3 од 4 од поле), седум скока, една украдена топка и една блокада.

притисни ентер