„Луна-25“ ги испрати првите слики од Вселената

Руското вселенско летало „Луна-25“ ги испрати првите фотографии направени на својот пат кон јужниот пол на Месечината.

Во петокот, на 10 август, од космодромот „Восточни“, источна Русија, руската државна вселенска агенција Роскосмос ја лансираше ракетата „Сојуз 2.1“, којашто го пренесе вселенското летало во Вселената. Ова е првата сонда во историјата на современа Русија испратена на Месечината, по речиси 50 години. Според официјалните наводи, „Луна-24“ полета кон нашиот природен сателит во 1976 година и на Земјата донесе мал примерок од реголит, т.е. месечева почва.

„Овие фотографии покажуваат елементи од дизајнот на вселенско летало кое засекогаш ја напуштило Земјата, а во позадина е Месечината до којашто наскоро ќе стигне“, соопшти Роскосмос.

Луна-25 ги сними своите први фотографии од вселената во неделата на 13 август и ѝ ги испрати на контролата на мисијата на Земјата. Тие беа објавени од рускиот Институт за вселенски истражувања при Руската академија на науките (ИКИ РАН). На снимките се гледа леталото со Месечината во позадина. Видливи се и руското знаме и ознаката „Луна-25“.

Фотографиите се направени на оддалеченост од околу 310.000 километри од Земјата. Во просек, Месечината е оддалечена 384.400 километри од нашата планета, што значи дека „Луна-25“ била при крајот од своето патување.

„Сите системи на вселенското летало функционираат совршено нормално, комуникацијата со станицата е стабилна, а енергетскиот биланс е позитивен“, соопшти ИКИ РАН.

Леталото треба да слета на месечевиот јужен пол на 22 август.

Русија, според официјални податоци, е првата земја што испрати сонда на Месечината. Тоа беше „Луна-2“ во 1959 година. „Луна-9“ пак, беше првата со меко слетување на површината на Земјиниот природен сателит во 1966 година.

Официјално, првото слетување со човечки екипаж е мисијата „Аполо 11“ на САД, т.е. НАСА, во 1969 година. Русија сега има за цел да биде првата што успешно ќе изврши меко слетување на месечевиот јужен пол пред мисијата на НАСА - „Артемис III“ предвидена најрано за 2025 година. И во оваа мисија, екипажот ќе биде испратен на јужниот пол.

Верниците ги преплавија црквите – се слави Рождество на Пресвета Богородица

Со свеќи в рака и желби за здравје мир и спокој за своите најблиски православните Христијани денеска ги наполнија храмовите, одбележувајќи го големикот празник Рождеството на Пресвета Боргородица.

Во сите храмови на Македонската православна црква изутринава се одржуваа литургии, а централната света архијерајска литургија со која чиноначалствуваше Архиепископот Охридски и Македонски г.г Стефан се одржа во храмот Рождество на Пресвета Борогодица во Скопје.

- Бројните верници се поклонија пред иконата на Пресвета Богородица и посакаа здравје, мир и единство на сите луѓе.

- Господ нека даде здравје и мир. Ни го трасира патот. Богородичка ни помогна и големиот Син нејзин, да тргнеме по правиот пат. Фала и на нејзе и фала и на синот Божји да ни даде среќа и здравје и љубов меѓу нас без разлика на вера.

- Здравје, напредок на луѓето, државата да биде во ред, да се спојуваат сите луѓе да бидат заедно.

- Сега дојдов да си запалам свеќа и да си посакам се најубаво, прво здравје после се. На овој голем ден само здравје, да дава на нас постарите, на фамилијата, на помладите синови снаи, ќерки.

Според Христијанските преданија Пресветата Богородица Дева Марија е дете на Јоаким и Ана, скромни луѓе кои помагале на сиромасите и болните. Долго време немале деца, а ќерката ја добиле по пет децении брак. Бог слушајќи ги нивните молитви, не им подарил само ќерка туку и Божја Мајка. Верниците денеска го празнуваат токму нејзиното раѓање , еден 3те родендени кои се слават во Православната црква - објаснува отец Спасе Таковски. Преку Божјата мајка, Спасителот Исус Христос примил човечко тело, за на верниците да им го покаже патот до спасението, но Богородица е и мајка и заштитничка на целото човештво- вели отец Спасе.

-Богородица е заштитница на сите и заштитничка и на градот Скопје. Секој православен Христијанин прво треба да се моли за сопствено здравје и спасение, потоа за здравје и спасение на сите останати блиски роднини и пријатели, знаени и не знаени , значи Богородица помага секому,- -отец Спасе Таковски.

Одбележувањето на празникот во храмот Рождество на Пресвета Богородица во Скопје започна вчера, каде во попладневните часови од стотици верници свечено беше пречекана Богородичната икона „Троеручица“ од светогорскиот манастир Хиландар. Идентичната копија на Иконата беше внесена во храмот на осветување, по што традиционално беше извршена Литија низ центарот на Скопје. Иконата беше донесена од свештеномонаси и хиландарскиот игумен архимандрит Методиј и трајно ќе остане во храмот.

Во Кавдараци презентиран проектот „safe sity“

 Премиерот присуствуваше и на презентацијата „Safe sity“ во Кавадарци, проект почнат во 2019 година со општински средства и досега се вложени 13 милиони денари, а поставени се вкупно 220 камери..

Премиерот Христијан Мицкоски денеска е во посета на Општина Кавадарци каде присуствуваше на поставување на камен темелник на Дом на култура со спортска сала во селото Дреново.

Премиерот присуствуваше и на презентацијата „Safe sity“ во Кавадарци, проект почнат во 2019 година со општински средства и досега се вложени 13 милиони денари, а поставени се вкупно 220 камери..

Пленковиќ за извештајот на Фич: Силна порака за хрватската економија

Глобалната рејтинг агенција „Фич“ го зголеми рејтингот на Хрватска од „БББ+“ на „А-“, со стабилна перспектива.

Глобалната рејтинг агенција „Фич“ го зголеми рејтингот на Хрватска од „БББ+“ на „А-“, со стабилна перспектива, нагласувајќи ја отпорноста на хрватската економија на надворешни шокови, намалувањето на јавниот долг и континуираната интеграција во групата земји во јадрото на еврозоната.

Претседателот на Владата на Република Хрватска, Андреј Пленковиќ, одржа конференција за медиумите на таа тема каде го изрази своето задоволство од зголемениот кредитен рејтинг и рече дека тоа е историски високо ниво.

- Тоа е силна порака за хрватската економија, одговорно управување со јавните финансии, економски раст, раст на платите, раст на пензиите, реформи што ги презедовме, одлична апсорпција на европските фондови, подлабока интеграција во еврозоната.

- Подигнување на просечната стапка на раст на Хрватска врз основа на БДП по глава на жител на 76% од просекот на ЕУ до крајот на 2023 година, со очекуван раст од околу 3,5% во 2024 година, практично уште два процентни поени до крајот на 2024 година, што е како ќе стигнеме до 78

Тој додаде дека според „Фич“, Италија, Бугарија, Унгарија, Романија и Грција имаат понизок рејтинг од Хрватска.

- Ние и понатаму сме земјата која најбрзо го крева својот кредитен рејтинг и тоа е многу добро, нагласи тој.

Министерот за финансии Марко Приморац рече дека агенциите за кредитен рејтинг ја проценуваат способноста за правилно сервисирање на долговите, уредното работење, квалитетното управување со јавните финансии и тоа е „одлична потврда за сите нас“.

притисни ентер