Кој е сопругот на Адријана Лима која повторно се омажи?

Една од најубавите жени на светот во последните две децении, 43 годишната бразилска манекенка Адријана Лима вчера ја објави веста дека се омажила за Андре Лемерс.

Една од најубавите жени на светот во последните две децении, 43 годишната бразилска манекенка Адријана Лима вчера ја објави веста дека се омажила за Андре Лемерс, објавувајќи на социјалните мрежи фотографија на која во преден план го истакна својот венчален прстен со порака: „Официјално г-ѓа Лима Лемерс, попознат како Лимерс“.

Лемерс е филмски продуцент чија работа вклучува проекти како што се 300: „Rise of an Empire, The Immortals“ и претстојната серија „The German Girl“.

Лемерс е роден на 22 јуни 1981 година во Лос Анџелес , Калифорнија. Иако не е активен на социјалните мрежи, познато е дека ужива во патувањата и авантурите.

Андре Лемерс е извршен директор на американската компанија „MiLu Entertainment“ од 2014 година. Тој е и партнер во „HollywoodGang Production“, каде што продуцира содржини за филм и телевизија, пишува „People“.

Двојката е заедно од 2021 година, а истата година за прв пат заедно прошетаа на црвениот тепих на филмскиот фестивал во Венеција. Адријана го роди своето трето дете во август 2022 година, а првото со Андреа. Таа роди син на 29 август во Санта Моника, Калифорнија.

Двојката го именуваше својот син Сајн Лима Лемерс (цијан).

На Адријана ова и е трето дете, таа веќе има две ќерки, Валентина (12) и Сиена (Сиена, 9) со поранешниот сопруг, легендарниот кошаркар Марко Јариќ.

„Скопска Новогодишна приказна“ во Општина Кисела Вода

​Кисела Вода испиша прекрасна „Скопска Новогодишна приказна“.

Под насловот „Скопска Новогодишна приказна,“ синоќа пред салата Расадник, Општина Кисела Вода организираше незаборавна новогодишна прослава, која собра илјадници жители од Кисела Вода и Скопје. Настанот започна со настапот на „Куку Леле“ и под водство на харизматичниот Игор Џамбазов, кој настапи заедно со „Гуру Харе Бенд.“

Програмата продолжи со енергичните „ДНК,“ на кои им се придружи Врчак, кој по 15 години пауза повторно се појави на музичката сцена. Вечерта кулминираше со настапот на популарниот Лозано, кој заедно со публиката ја дочека Новата година.

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, се обрати кон присутните граѓани непосредно пред полноќ, упатувајќи искрени новогодишни желби:

„Драги жители на Кисела Вода и Скопје, оваа вечер ви ја посветуваме вам и на радоста, љубовта и сплотеноста што ја носи Новата година. Ви посакувам добро здравје, лична и семејна среќа и уште многу успеси. 2025-та година да биде година на поубави можности и остварени соништа! Од срце ви благодарам што сте тука со нас, споделувајќи ја оваа магична Новогодишна ноќ. Заедно да броиме до нови успеси и светли моменти. Среќна Нова година!“-честиташе градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Со заедничко одбројување, огномет го осветли небото над Кисела Вода, додека публиката со воодушевување пееше, играше и се забавуваше со изведувачите.

Настанот имаше и богат дневен дел, посветен на најмладите посетители. Програмата започна со настап на балетското студио „Лебед“, продолжи со Бисера Мојаноска и театарската група „Театар за тебе“. Малите посетители уживаа во веселите настапи на „Поточиња“, аниматорите и Дедо Мраз, кој овој пат беше во друштво на ликот Гринч. Сите присутни деца добија празнични пакетчиња, кои дополнително му додадоа магија на Новогодишниот ден.

ФБИ: Смртоносниот напад со автомобил во Њу Орлеанс е „терористички чин“

Федералното истражно биро (ФБИ) соопшти дека смртоносниот напад со автомобил во Њу Орлеанс го смета за „терористички чин“.

Човекот кој го предизвика инцидентот на новогодишната прослава во Њу Орлеанс, беше убиен од полициските службеници, наведува ФБИ.

Инцидентот се случи на улицата Бурбон за време на новогодишната прослава околу 03:15 часот по локално време. Најмалку 10 лица загинаа откако човекот удри во толпа луѓе, а повеќе од 35 се хоспитализирани.

Николоски: Традиционално - колаж од најзначајните настани во 2024 година

Почитувани пријатели, позади нас е годината во којашто се случија промените и ВМРО-ДПМНЕ ја презеде одговорноста за Македонија.

- Почитувани пријатели, позади нас е годината во којашто се случија промените и ВМРО-ДПМНЕ ја презеде одговорноста за Македонија Погледнете ја мојата битка во 2024 година . Среќна Нова Година!

Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт

притисни ентер