„Хет-трик“ на Меси за 11 минути: Њу Ингланд го налути Аргентинецот

Лионел Меси продолжува да покажува одлични игри на теренот. По „хет-трикот“ со две асистенции во победата на Аргентина во мундијалските квалификации, славниот Лео трипати ја погоди мрежата во дресот на Интер Мајами.

Њу Ингланд Револушн само го налути Меси по водството од 2:0 во последното коло од првиот дел од шампионатот. Од 40. минутата започна танцот на еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, му помогнаа Луис Суарез (40, 43) и Кремаски (58) да направи пресврт, а од 78. до 89. минута реализираше „хет-трик“ за триумф од 6:2.

Во МЛС лигата оствари дабл-дабл учинок од 20 гола и 10 асистенции на 19 натпревари, како и рекорден број на поени (74) во историјата на натпреварувањето. Интер е најдобриот клуб по учинок во првиот дел од сезоната (34 кола) и во осминафиналето на Источната конференција го чека подобриот од дуелот помеѓу Монтреал и Атланта.

Лос Анџелес ФК како најуспешен тим на Западот го чека подобриот од дуелот со Ванкувер. Портланд, додека другите двојки од осминафиналето на МЛС се: Орландо - Шарлот, Синсинати - Њујорк Сити, Колумбус Кру - Њујорк Ред Булс (Исток), Сиетл - Хјустон, Солт Лејк - Минесота и Лос Анџелес Галакси - Колорадо (Запад) .

Спречен напад на израелската амбасада во Берлин, уапсен Либиец

Специјалци на германската полиција фатиле либиец во близина на Берлин кој е осомничен дека планирал напад врз израелската дипломатска мисија во главниот град на Германија како поддржувач на Исламската држава..  

Дваесет и осумгодишникот беше уапсен во саботата во Бернау, во близина на Берлин, а од израелската амбасада потврдија дека имало план за напад на нивната дипломатска мисија.

Германските власти го пронашле осомничениот преку конкретна дојава од странски разузнавачки служби. Се уште не е јасно дали во планираниот напад на израелската амбасада требало да се употреби оружје или експлозив. Имало индиции дека по нападот, осомничениот планирал да избега кај роднина во Санкт Аугустин, а потоа да побегне во странство.

Хамас: За една година загинаа над 42.000 Палестинци

Министерството за здравство во Газа денеска соопшти дека во изминатите 24 часа во израелските напади врз Појасот Газа загинале 84 луѓе, меѓу кои има и жени и деца.

При израелските напади врз Појасот Газа повредени се 158 лица.

Од почетокот на израелската воена офанзива на 7 октомври минатата година вкупно загинаа 42.603 луѓе, а 99.795 се повредени.

Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху пред неколку дена најави дека борбите ќе продолжат сè додека не бидат ослободени сите заложници од страна на Хамас.

ОН повикаа на отворање на повеќе точки до Појасот Газа за испорака на хуманитарна помош

Обединетите нации денеска го повикаа Израел да отвори повеќе контролни пунктови кон Појасот Газа за да ја олесни испораката на хуманитарна помош, јави ДПА.

-Не можеме да направиме хуманитарни залихи во потребниот обем за Газа преку само неколку несигурни и тешко достапни контролни пунктови, напиша Канцеларијата на Обединетите нации за координација на хуманитарни прашања (УНХКО) на „Х“.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) пред две недели започнаа нова офанзива против Хамас во северниот дел на Појасот Газа. Оттогаш, хуманитарните организации предупредуваат дека населението е изложено на екстремен глад и катастрофални услови и го повикаа Израел да ги отвори контролните пунктови под негова контрола во областа.

Во меѓувреме, мировната мисија на Обединетите нации во Либан (УНИФИЛ) денеска предупреди дека пристапот до свежата вода во Либан е погоден од непријателствата. Детскиот фонд на Обединетите нации (УНИЦЕФ) исто така предупреди за опасноста од епидемии на колера како резултат на недостатокот на чиста вода за пиење во т.н. „сина линија“ меѓу Израел и Либан, која ја надгледува УНИФИЛ.

Според Детскиот фонд, најмалку 28 извори на вода се оштетени, при што се погодени околу 360.000 луѓе, главно во јужниот дел на земјата.

притисни ентер