Директор на Јувентус ги намали надежите на Погба за враќање во тимот

Надежите на Пол Погба повторно да заигра за Јувентус добија удар откако директорот на италијанскиот клуб, Кристијано Џунтоли коментираше дека тимот во Серија „А“ е оформен без него.

Во март ќе истече забраната за допинг на 31-годишниот играч од средниот ред, кој има договор со Јувентус до јуни 2026 година. Погба во септември 2023 година беше позитивен на забранета супстанца која го зголемува нивото на тестостерон.

Казната на поранешниот француски репрезентативец беше намалена претходно овој месец од првичните четири години на 18 месеци од страна на Судот за спортска арбитража и фудбалерот ќе има право да игра за Јувентус веднаш штом ќе заврши забраната.

-Нашата позиција е јасна. Погба беше одличен играч, тој беше надвор од теренот долго време и минатата година бевме принудени да инвестираме во други играчи. Составот е целосно оформен во сегашниот вид, изјави Џунтоли за „Дазн“ пред натпреварот на домашен терен против Лацио.

САД го истражуваат протекувањето на строго тајни документи со детали за израелските планови

САД го истражуваат протекувањето на строго тајни документи со детали за израелските планови за напад на Иран.

Соединетите Држави го истражуваат протекувањето на два високо доверливи разузнавачки документи во кои се опишани израелските подготовки за одмазднички напади против Иран, изјави денеска претседателот на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон.

Документите, за кои се верува дека се подготвени од Националната агенција за геопросторно разузнавање, ги опишуваат американските толкувања на планираните дејствија на израелските воздухопловни сили и морнарицата врз основа на сателитски снимки направени на 15 и 16 октомври. Документите почнаа да циркулираат на апликацијата за пораки Телеграм минатата недела.

Израел планира одговор на иранскиот балистички ракетен напад на 1 октомври, кој беше втор директен напад врз земјата во последните шест месеци.

Запрашан за протекувањето на документите во интервју за американската телевизија Си-Ен-Ен, Џонсон рече „во тек е истрага и ќе дадам информации во рок од два часа“. „Внимателно го следиме (случајот)“, додаде тој.

„Њујорк тајмс“ објави дека официјални лица признале дека документите се автентични, но дека тие веројатно претставуваат само дел од информациите што САД ги имале за плановите на нивниот близок сојузник.

Првиот документ ги опишува подготовките на израелските воздухопловни сили за напад против Иран и втората вежба која вклучува употреба на големи вооружени сили. Вториот ги опиша подготовките за можни напади со беспилотни летала против Иран.

Американскиот претседател Џо Бајден, одговарајќи на прашања од новинарите минатата недела, рече дека има добра идеја кога и како Израел ќе го нападне Иран. Но, тој исто така рече дека гледа можност да ги прекине одмаздничките напади на двете непријателски земји.

Утре почнува вакцинацијата против сезонски грип

Од утре стартува вакцинацијата против сезонски грип, а за ова намена министерството за здравство обезбеди 70 илјади бесплатни вакцини.

Од минстерството информираа дека досега на сајтот вакцинација.мк се пријавиле 33.000 граѓани, а право на бесплатна вакцина имаат ризичните групи население: повозрасни лица над 65 години, лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, деца на возраст од 6 месеци до 5 години, како и лица сместени во установи за социјална заштита на стари лица и вработените во установи за социјална заштита на стари лица..

Вакцинацијата ќе се спроведува на 36 локации во целата држава, а сите пријавени на сајтот добиваат СМС порака за датумот, точното време и каде да дојдат за вакцинација. Во Скопје заинтересираните ќе можат да се вакцинираат во 5 установи: Центарот за јавно здравје, Поликлиниките Букурешт, Идадија и Бит Пазар, а здравствените работници и во Институтот за јавно здравје..

Болидот на Шумахер од 2006 година ќе биде ставен на аукција во ноември

Болидот на Ферари со кој  легендарниот светски шампион Михаел Шумахер постигна голем успех  во Формула 1 шампионатите е ставен на аукција и достигна екстремно висока цена.

Славниот Шумахер, кој седум пати ја освојуваше светската титула, исто како и Луис Хамилтон, беше возач на италијанскиот тим и со италијанскиот автомобилски гигант освои пет титули.

Болидот што Шумахер го возеше во неговата последна сезона за Ферари во 2006 година достигна неверојатна цена на престојната аукција. Фераито на Шуми стигна до почетна цена од неверојатни 11 милиони фунти.

Аукцијата се очекува официјално да започне на 14 ноември, а некои од најголемите колекционери во светот веќе се пријавиле за наддавање.

Инаку, Михаел Шумахер во таа минатата сезона победи на пет трки со овој болид на ферари.

Таа година го собори и рекордот на Аиртон Сена по бројот на пол-позиции (68), додека сегашниот рекорд е во сопственост на Луис Хамилтон (104).

притисни ентер