Ѓоковиќ кон Надал: Последниот танц беше епски

„Последниот танц беше епски“. Ова беа зборовите кои српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ги упати кон еден од својите најголеми ривали во богатата кариера - Рафаел Надал.

Ѓоковиќ со 6:2, 7:6(5) го совлада Шпанецот во мечот за третото место на егзибицискиот турнир „Сикс кингс слем“ во Саудиска Арабија.

Пред само неколку дена, Надал го објави претстојниот крај на својата натпреварувачка кариера.

-И, се разбира, беше и емотивно. Засекогаш ќе го негувам нашето ривалство. Ќе му недостигаш на тенисот. Каков посебен турнир, сподели Ѓоковиќ во објава на социјалната платформа Инстаграм, каде објави неколку заеднички фотографии со Надал.

Фото: Легендарен топ модел во секси издание!!

Откако се прошета по модната писта на ревијата на Викторија Сикрет во Њујорк, топ моделот бразилската манекенка Алесандра Амбросио избрала аутфит за забавата по ревијата  за кој се зборува со денови по настанот.

На „афтерпарти“ забавата во Њујорк, Амбросио воодушеви со супер секси издание , со кое не се двоумеше да го покаже своето тело во „секси гол“ фустан на Долче и Габана.

Црниот фустан имаше длабоко деколте, додека проѕирниот корсет беше нагласен со кројот. Под проѕирниот фустан Амбросио носеше црн градник од тантела и гаќички.

Манекенката продолжи да додава повеќе гламур во целосно црниот ансамбл со крзнена јакна, која ја префрли преку рамениците.

43-годишната убавица го заокружи изгледот со црни штикли со прерамки.

САД го истражуваат протекувањето на строго тајни документи со детали за израелските планови

САД го истражуваат протекувањето на строго тајни документи со детали за израелските планови за напад на Иран.

Соединетите Држави го истражуваат протекувањето на два високо доверливи разузнавачки документи во кои се опишани израелските подготовки за одмазднички напади против Иран, изјави денеска претседателот на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон.

Документите, за кои се верува дека се подготвени од Националната агенција за геопросторно разузнавање, ги опишуваат американските толкувања на планираните дејствија на израелските воздухопловни сили и морнарицата врз основа на сателитски снимки направени на 15 и 16 октомври. Документите почнаа да циркулираат на апликацијата за пораки Телеграм минатата недела.

Израел планира одговор на иранскиот балистички ракетен напад на 1 октомври, кој беше втор директен напад врз земјата во последните шест месеци.

Запрашан за протекувањето на документите во интервју за американската телевизија Си-Ен-Ен, Џонсон рече „во тек е истрага и ќе дадам информации во рок од два часа“. „Внимателно го следиме (случајот)“, додаде тој.

„Њујорк тајмс“ објави дека официјални лица признале дека документите се автентични, но дека тие веројатно претставуваат само дел од информациите што САД ги имале за плановите на нивниот близок сојузник.

Првиот документ ги опишува подготовките на израелските воздухопловни сили за напад против Иран и втората вежба која вклучува употреба на големи вооружени сили. Вториот ги опиша подготовките за можни напади со беспилотни летала против Иран.

Американскиот претседател Џо Бајден, одговарајќи на прашања од новинарите минатата недела, рече дека има добра идеја кога и како Израел ќе го нападне Иран. Но, тој исто така рече дека гледа можност да ги прекине одмаздничките напади на двете непријателски земји.

Утре почнува вакцинацијата против сезонски грип

Од утре стартува вакцинацијата против сезонски грип, а за ова намена министерството за здравство обезбеди 70 илјади бесплатни вакцини.

Од минстерството информираа дека досега на сајтот вакцинација.мк се пријавиле 33.000 граѓани, а право на бесплатна вакцина имаат ризичните групи население: повозрасни лица над 65 години, лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, деца на возраст од 6 месеци до 5 години, како и лица сместени во установи за социјална заштита на стари лица и вработените во установи за социјална заштита на стари лица..

Вакцинацијата ќе се спроведува на 36 локации во целата држава, а сите пријавени на сајтот добиваат СМС порака за датумот, точното време и каде да дојдат за вакцинација. Во Скопје заинтересираните ќе можат да се вакцинираат во 5 установи: Центарот за јавно здравје, Поликлиниките Букурешт, Идадија и Бит Пазар, а здравствените работници и во Институтот за јавно здравје..

притисни ентер