Масовна тепачка меѓу туристи на Монт Еверест- летаат тупаници, а причината е смешна (ВИДЕО)

Неверојатна сцена е снимена на 25 јуни на Монт Еверест кога туристите се судриле на видиковецот 8848, па морала да реагира граничната полиција.

Масовната тепачка ја снимиле присутните планинари, а кога ќе слушнете што го предизвикало инцидентот, нема да поверувате.

Сè започнало кога два пара решиле да се фотографираат на точка со поглед, но не можеле да се договорат каде да застанат!

Работата да биде уште полоша, туристички водич им побарал фотографија, пишува Њујорк пост.

Расправијата брзо прераснала во физичка пресметка, а се вмешале и две жени.

На крајот интервенирале локалните власти, а учесниците во инцидентот биле приведени.

За потсетување, на туристите од април им е дозволено да се искачуваат на највисокиот врв на планетата, но гужвите станаа вистински проблем.

Израелската амбасадорка Франкел, гостин во Вестите на Канал 5

Израел никогаш повеќе нема да дозволи напад или повторно владеење на Хамас во Појасот Газа, вели израелската амбасадорка Симона Франкел во ексклузивно интервју за Канал 5, во кое отворено говори за случувањата на Блискиот исток.

„Ситуацијата во Израел е многу комплицирана по 7 октомври 2023 година. Ние бевме изненадно нападнати. Тоа беше доста брутален напад. Хамас нападна градови из аедници по границата со Газа каде живеат цивили. Исто така нападнаа и некои воени бази. Но, злосторствата кои ги направија во градовите и во заедниците, се многу тешки да се замислат за човеково суштество. Убиваа деца пред своите родители, убиваа родители пред своите деца. Сексуално злоупотребуваа мажи, жени. Киднапираа над 240 заложници. Убија луѓе кои прославуваа на мировен фестивал, музички фестивал на кој се повикуваше на мир.“, изјави амбасадорката на Израел.

„Израел, владата на Израел и државата Израел има право на самоодбрана и да гарантира дека тоа што се случи на 7 октомври нема да се повтори. И поради таа причина продолжуваме да се бориме против Хамас бидејќи нема да дозволиме Хамас повторно да владее во Газа. Не смееме да дозволиме, било кој да го повтори истото нешто повторно. И сигурни сме дека доколку повторно дојдат на власт во Појасот Газа ќе се обидат да ги повторат овие злосторства и нема да имаме никаков мир и стабилност во регионот.“, рече Франкел во интервјуто.

„Истото се однесува и за северот на државата. Таму Хезболах продолжува да напаѓа села, заедници. Не извршија инвазија врз територијата, но во исто време ги уништуваат тие села и заедници и имаме над 60 илјади бегалци.“, додаде амбасадорката Франкел во ексклузивното интервју за Канал 5. Со неа разговараше Јован Ѓорговски.

Пинк морала да откаже концерт поради здравствени причини- испрати порака до фановите

Американската ѕвезда Пинк го откажа настапот во Швајцарија поради лоша здравствена состојба.

Во рамките на летната турнеја Пинк требаше да настапи на стадионот Ванкдорф во Берн, но тоа не се случи.

Таа на своите следбеници на социјалната мрежа Инстаграм им се обрати со следниве зборови:

- Многу ми е жал што морав да го откажам настапот. Правам сѐ за да настапувам за вас секоја вечер, но откако се консултирав со докторот и ги разгледав сите опции, ми рекоа дека не можам да го одржам овој концерт - изјавила Пинк, што ги растажило нејзините фанови.

-Ви испраќам на сите љубов и здравје и навистина се надевам дека наскоро повторно ќе се видиме - напишала Пинк, но не кажала што точно е здравствениот проблем.

притисни ентер