Знаци на откажување на срцето што се јавуваат неколку дена порано

 – Приказната на оваа жена би можела да спаси многу животи

До детаљ го опишала своето искуство.

Срцевиот удар подразбира отсуство на контракции или несоодветни контракции на срцевите комори што доведуваат до прекин на циркулацијата на крвта.

Британи Вилијамс (24) била во ресторан со своето семејство кога колабирала и изгубила свест бидејќи нејзиното срце наеднаш престанало да чука. Таа во своето сведоштво опишала како јадела со родителите во ресторан во Њујорк кога се случил застрашувачкиот инцидент.

-Мајка ми и татко ми ме гледаа и помислиле дека имам напад - објаснила Британи за „Today“, која сега има 33 години и додала:

-Сум ги превртела очите и едноставно сум колабирала, не сум имала реакција.

За среќа, двајца нејзини пријатели во ресторанот биле лекари и ја реанимирале 8 минути додека не дошла брзата помош. Британи вели дека таа сигурно би умрела ако немало лекар за време на овој страшен инцидент од 2014 година. Таа опишува дека неколку дена порано чувствувала чудни симптоми - дури и ги истражувала, но ги отфрлила предупредувачките знаци.

Чудни симптоми што ги имала претходно

Осврнувајќи се наназад, знаците што ги имала укажувале на ризик од срцев удар, состојба во која срцето почнува да чука побрзо, а потоа целосно престанува да чука.

- Одеднаш левата страна од телото ми се вкочануваше и ми трнеше - вели Британи и додава:

„Ќе се наслонев наназад и си помислував: О, не, ова не е во ред, вакво нешто не чувствувам секој ден“.

Кога ги пребарувала на симптомите на Интернет, се појавиле низа застрашувачки можности, мозочен удар, срцев удар, срцев застој. Кога отишла во болница, ѝ бил дијагностициран синдром на долг КТ - наследна срцева состојба - што влијае на срцевиот ритам. Состојбата, која погодува до 1 од 2.000 луѓе, може да предизвика несвестица или палпитации на срцето, но може да биде и без симптоми, се наведува на веб-страницата на Националниот здравствен сервис (NHS), а некои заболени дознаваат дури откако ќе ја добијат.

Симптоми

Овие симптоми може да започнат неочекувано и да бидат предизвикани од стрес, бучава или напорни вежби. Според NHS, ваквата состојба е водечка причина за ненадејна срцева смрт кај млади, инаку здрави луѓе. По некое време ненормални отчукувања, срцето обично се враќа во својот нормален ритам, но понекогаш, ако тоа не се случи и не се примени дефибрилатор, срцето престанува и лицето умира, пишува Мирор.

Извор: srecna.republika.rs

Тајани: Наредбата на руските власти за апсење на новинари на РАИ е акт на политички прогон

Тајани ја осуди одлуката на Москва да издаде налог за апсење на двајца новинари на италијанската државна телевизија РАИ.

Италијанскиот вицепремиер и министер за надворешни работи, Антонио Тајани, ја осуди одлуката на Москва да издаде налог за апсење на двајца новинари на италијанската државна телевизија РАИ поради нивното покривање на ненадејната инвазија на Украина во руската област Курск во август, објавија италијанските медиуми.

Вчера рускиот суд нареди апсење во отсуство на репортерката Стефанија Батистини и снимателот Симоне Треини поради „нелегално преминување“ на границата од Украина во Русија.

Рускиот суд побара и тие да бидат екстрадирани од Италија во Русија.

-Рускиот налог за апсење на двајца новинари на РАИ е уште една форма на политички прогон на слободата на медиумите. Италијанската влада секогаш ќе застане во одбрана на правото на независно новинарство, рече Тајани на социјалната мрежа „Х“.

Русија ги стави Италијанците и уште неколку западни дописници на листата на барани поради нивното известување од Курск.

Украинските сили контролираат големи области од регионот откако влегоа во него на 6 август. /МИА

Во четврток прва седница на ЕСС, ќе се зборува и за покачувањето на минималната плата

 Во четврток ќе се одржи првата седница на Економско-социјалниот совет (ЕСС) по формирањето на новата Влада. 

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши денеска изјави дека со работодавачите и синдикатите ќе се продискутираат сите нивни барања, идеи, критики и предлози, како и барањето за покачувањето на минималната плата.

- Заедно и транспарентно ќе носиме одлуки. Ќе ги видиме и можностите на Владата, но ќе ги слушнеме и работодавачите и синдикатите и ќе донесеме заедничка одлука, рече Дурмиши во одговор на прашање на денешната прес-конференција во Владата.

Во однос на барањето на синдикатите за зголемување на минималната плата на 450 евра во првите 100 дена од Владата, Дурмиши истакна дека според законот покачувањето на минималната плата треба да се случи во март идната година.

- Според законот во март идната година е предвидено да се покачи минималната плата. Таа методологија е усогласена со синдикатите и работодавачите од претходната Влада. Ако не се задоволни од тоа што сами го договориле и потпишале може на првата седница на ЕСС во четврток да кажат дека треба да се менува методологијата и да ги согледаме можностите кои ги имаме, рече Дурмиши.

Ако треба порано да се зголеми минималната плата, како што рече, ќе треба да се менува Законот за покачување на минималната плата и методолгијата.

- Во методологијата има две причини за раст на минималната плата. Првата е 50 проценти од растот на животниот стандард на граѓаните од претходната година и втората 50 проценти од просечната исплатена нето плата од претходната година. Значи ќе треба да се смени оваа методологија, па потоа да можеме да ја покачиме минималната плата пред март идната година, прецизира Дурмиши.

Од Сојузот на синдикати на Македонија и од Организацијата на работодавачи на 1 октомври кога се одбележуваа 100 дена од работата на Владата изразија очекување дека наскоро ќе биде свикана седница на ЕСС. Тогаш од ССМ не сакаа да ги коментираат првите 100 дена од работењето на новата Влада изразивајќи надеж дека ќе биде свикана седница на ЕСС на која ќе им биде кажано што е сработено, а од Организацијата на работодавачи на Македонија посочија дека имале високи очекувања, но дека досега ништо не е направено.

Тошковски - Рокас: ЕУ со силна поддршка во реформите во професионалната полиција

ЕУ со силна поддршка во реформите и креирањето на модерна и професионална полиција.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска оствари работна средба со новоназначениот амбасадор на ЕУ во земјава Микалис Рокас.

Како што информира Министерството за внатрешни работи, Тошковски упати честитки до амбасадорот за назначувањето на новата функција и изрази уверување дека одличната соработка и пријателските односи ќе продолжат, како и со сите досегашни амбасадори на ЕУ во земјата.

- Европската Унија е наш најзначаен партнер со поддршка преку структурните фондови, ИПА проектите и последно, преку Планот за раст, земјава може да напредува и во оваа последна фаза на нашиот пат кон целосна европска интеграција. Солидарноста летово ја видовме на дело. Благодарност до ЕУ и нејзините земји членки за асистенцијата која ни ја дадоа во справувањето со пожарите кои ја погодија земјава летово, без нивна помош, загубите и штетите по државата ќе беа непроценливи, потенцираше министерот Тошковски.

Амбасадорот Рокас, како што се наведува, ги нагласи актуелните проекти и поддршката што ја добиваме од страна на ЕУ во дел на јакнење на капацитетите на МВР, посебно во делот на илегалната миграција, борбата со организираниот криминал и високата корупција и ги подвлече предизвиците на кои треба да се фокусираме за доближување кон европските стандарди.

- Рокас ја изрази својата поддршка кон реформските процеси и приоритетите на министерството во борба со организираниот и сите видови криминал и корупција и обезбедување на безбедноста на сите граѓани и општеството од страна на МВР, стои во соопштението од МВР.

притисни ентер