Злостор во Србија: Пензионер ги убил синот, сопругата и шурата, па се самоубил во црква!

Австрискиот пензионер Божидар Д.(76) денеска во селото Бариќ, општина Голубац, со пиштол ги убил сопругата Рада, синот Мирослав и шурата Павле, ја ранил снаата Горица а потоа извршил самоубиство - соопштија од полицијата - пренесоа српските медиуми.

( фото: Б92)

Медиумите наведуваат дека целото семејство со години работело во Австрија. Се работи за угледно и имотно семејство каде досега немало никакво насислство и никој не можел да претпостави дека ќе се случи ваквов крвав пир!

Според полицијата, на убиствата им претходела расправија на таткото и синот - пренесе Танјуг. Според Б92, кавгата била поради куќата.

Блиц пишува дека Божидар се карал со син му и сопругата бидејќи не сакал имотот да го препише на својот син, туку на внукот кој живее во Австрија.

Семејната кавга за имотот траела повеќе од една година, а кулминитала утрово.

76 годишниот Божидар прво го убил шурата, потоа пукал на синот и снаата, а неговата сопруга се сокрила кај нејзините родители но ја пронашол таму, и ја убил.

Божидар убиствата ги извршил со пиштол за кој поседувал дозвола од 1998 година, а потоа се самоубил на влезот од селската црква.

Во тек е увид од полицијата...

Маск пристигна на Бали поради планираната достапност на интернет услугата Старлинк

Маск беше пречекан од индонезискиот министер за инвестиции Лухут Бинсар Панџаитан.

Американскиот милијардер Илон Маск денеска пристигна на индонезискиот остров Бали поради планираната достапност на интернет услугата Старлинк на Спејс Икс за индонезиската Влада, која се надева дека со тоа ќе го зголеми продорот на интернет и здравствените услуги во оддалечените делови на огромниот архипелаг.

Маск беше пречекан од индонезискиот министер за инвестиции Лухут Бинсар Панџаитан и најави дека ќе разговараат за соработка, вклучително и достапност на Старлинк.

Панџаитан истакна дека еднаквиот пристап до Интернет низ Индонезија, островска држава во Југоисточна Азија со повеќе од 270 милиони луѓе кои живеат во три временски зони, ќе им овозможи на луѓето во оддалечените области да уживаат во истата удобност на Интернет со голема брзина, како и оние во урбаните области.

„Старлинк доби лиценца за работа во Индонезија како давател на интернет сервис провајдер“, потврди Панџаитан.

Маск попладне ќе присуствува на промоцијата на Старлинк со индонезискиот претседател Џоко Видодо. Индонезија е третата земја во Југоисточна Азија каде што ќе функционира Старлинк, по Филипините и Малезија./МИА

Путин одржа состанок за поплавите и пожарите во Русија

 Рускиот претседател Владимир Путин одржа состанок со министерот за вонредни состојби Александар Куренков и министерот за природни ресурси и животна средина Александар Козлов за да разговараат за поплавите и пожарите.

„Имаме неколку теми. Да почнеме со главната, актуелната, најжешката во буквална смисла на зборот“, рече Путин.

Тој рече дека додека поплавите се уште траат во еден дел од земјата, во некои региони има и пожари или опасни состојби од пожари.

„Властите мора веднаш да ги проценат штетите од поплавите за да почнат со обнова на станбениот фонд до крајот на летната сезона. Мораме веднаш да ја процениме штетата на домаќинствата. Сето тоа треба да се исуши - и тоа на време. Летото брзо ќе помине, а во текот на летото треба да направиме што повеќе за да го вратиме станбениот фонд“, нагласи Путин. /МИА

Украинското воздухопловство ги соборило сите 37 дронови лансирани од Русија

Украина ги уништи сите 37 беспилотни летала лансирани синоќа од Русија против цели на многу места во земјата, соопшти украинското воздухопловство.

Во соопштението се наведува дека уништените беспилотни летала „Шахед“ биле насочени кон главниот град Киев и украинските градови Одеса, Миколаив, Суми и Виница, како и цели во регионите Житомир, Черкаси и Херсон./МИА

притисни ентер