Златни предмети украдени од Музејот на Македонија - полицијата утврдува што точно недостига и колкава е вредноста

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска изјави дека во тек е увидот во Музејот на Македонија во Скопје, од каде се украдени златни предмети чија количина и вредност се утврдува.

- Случајот е пријавен во текот на вчерашниот ден и во моментов течат разговори со сите лица за кои сметаме дека можат дадат повеќе информации. На прв поглед се чини дека се работи за прилично серизен случај и оти недостасуваат вредни предмети меѓутоа пред да се заврши конкретниот попис на предметите и да се направи споредба со она што стои во нивната евиденција и констатација за тоа што недостасува, ние не би можеле да излеземе со првична проценка во однос на вредноста на предметите кои недостасуваат и евентуалната направена штета, изјави Јанкулоска.

Според неа, прерано е да се даде какви било квалификации со оглед на тоа што дејствијата течат токму во моментот.

- Кога ќе имаме првично видување и за штетата и за можните сторители соодветно ќе информираме. Во овој момент не би можеле да кажеме и кој е начинот на извршување на делото при кое исчезнале одредени предмети за кои се тврди дека не се на местото каде што треба да бидат бидејќи увидот е во тек, рече министерката за внатрешни работи, која денеска присуствуваше на затворањето на Четвртата регионална конференција на секторите за внатрешна контрола на полициите во регионот.

Емили Ратајковски во „жежок“ фустан на црвениот тепих

Емили Ратајковски присуствуваше на настанот на глобалната гала The King's Trust одржан во Casa Cipriani во Њујорк, каде што ги заврте главите со храбар фустан.

Познатата убавица носеше свилен крем фустан со длабоко деколте, кој стигнуваше речиси до папокот и кој ја истакнуваше нејзината витка линија. Фустанот имаше и гол грб.

Глобалната гала „The King's Trust 2024“ е основана од британскиот крал Чарлс III. со цел да им се помогне на младите, свечениот настан собра многу познати фаци, како манекенката Ирина Шајк, актерката Кејт Бекинсејл, славната двојка Криси Тајген и Џон Леџенд, поранешната манекенка Кејт Мос и плус сајз манекенката Ешли Греам.

УНЕСКО: Убиени се 44 новинари, кои известувале за еколошките проблеми

Новинарите кои известуваат за еколошки прашања се соочуваат со зголемено насилство ширум светот од страна на државните и приватните актери, објави УНЕСКО, истакнувајќи дека 44 од тие новинари биле убиени меѓу 2009 и 2023 година.

Повеќе од 70 отсто од 905 новинари анкетирани од агенцијата на ОН во 129 земји рекле дека биле нападнати, им биле упатени закани или притисоци и дека насилството врз нив се влошило, а само во последните пет години биле пријавени 305 напади.

УНЕСКО, културната агенција на ОН, во својот извештај извести за физички напади, повреди, апсења и малтретирање, како и правни дејствија против новинари, вклучувајќи тужби за клевета и кривични постапки.

Најмалку 749 новинари, новинарски групи и медиумски куќи биле нападнати во 89 земји во сите региони, се вели во извештајот, при што државните актери се одговорни за најмалку половина, а приватните актери најмалку за една четвртина.

„Државните актери, полицијата, воените сили, државните службеници и вработени, локалните власти се одговорни за повеќето напади за кои се достапни информации за сторителите“, се вели во извештајот.

Овие новинари покриваа широк спектар на теми, вклучувајќи протести, конфликти за рударство и земјиште, сеча и уништување на шумите, екстремни временски услови, загадување и еколошка штета и индустријата за фосилни горива.

Мажите обично се почесто напаѓани, а жените почесто дигитално, се вели во извештајот.

Од 44 новинари убиени во 15 земји додека известувале за еколошки прашања, само пет случаи резултирале со пресуди, се вели во извештајот. Во 19 од 44 убиства, сторителите останале неидентификувани.

Најмалку 24 новинари ги преживеале обидите за атентат.

Санкционирани 100 возачи во Скопје, 14 возеле без возачка дозвола

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот при што на територија на град Скопје изречени се вкупно 100 мерки.

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот при што на територија на град Скопје изречени се вкупно 100 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 14 санкции, 12 мерки за користење мобилен телефон при возење и пет санкции за некористење сигурносен појас.

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, наведуваат од МВР.

притисни ентер