Мек Грегор танцува со непозната девојка, наеднаш се вмеша неговата вереница и „го среди“(ВИДЕО)

За време на забавата по настанот на BKFC во Марбела, Конор Мек Грегор е виден како интимно танцува со непозната жена додека ја влече за коса пред публиката, предизвикувајќи изненадување кај присутните.

Сето тоа не ѝ избегало на неговата долгогодишна партнерка, која брзо реагирала за да спречи ескалација на ситуацијата.

Снимката од настанот го покажува Мек Грегор, со лименка со пијалок во рака, како сугестивно танцува со жена која носи појас BKFC преку рамото. Додека неговата вереница Ди Девлин зачекори меѓу нив двајца, Мек Грегор се насмевна и се врати назад, тапкајќи ја својата вереница по грбот.

Иако Ди успешно ја реши непријатната ситуација, Мек Грегор не застана тука. Недолго потоа ја повлече за коса својата вереница, со неколку зборови проследени со неговата карактеристична насмевка.

Да потсетиме дека Мек Грегор и Девлин се заедно од 2008 година и имаат четири деца, а се верија во 2020 година.

Инцидентот се случи откако Мек Грегор откри дека ќе се врати во октагонот на 1 февруари 2025 година во Саудиска Арабија, кога ќе се соочи со Новозеланѓанецот Ден Хукер.

Хукер, кој моментално е петтопласиран во лесна категорија во УФЦ, има 24 победи во октагонот, додека загуби 12 пати. Неговата последна борба беше во август, кога ја победи полската ѕвезда Матеуш Гамрот.

Мек Грегор првично имаше за цел враќање на натпреварот на крајот на оваа година, но тие гласини беа отфрлени од претседателот на УФЦ, Дејна Вајт, кој потврди дека Ирецот нема да се натпреварува пред почетокот на 2025 година.

За време на изјавата минатиот месец, Мек Грегор истакна дека негова единствена одговорност е да биде во форма: „Мојата работа е да бидам подготвен секогаш и секаде. Ќе бидам 100 проценти подготвен. Планирам да имам две борби во 2025 година. Тоа е мојата цел“.

Мек Грегор исто така изрази желба негов следен противник да биде Мајкл Чендлер и додаде: „Му посакувам сѐ најдобро и ќе видиме што ќе се случи“.

Оливер Спасовски „Hа кавга со Иван“

Последната емисија за оваа полусезона  НА КАВГА СО ИВАН е резервирана за екс министер и премиер а сега пратеник од СДСМ, Оливер Спасовски. 

Ќе остане ли запаметен по легендарното Обиџуко , по пајакот кој удира полицајки, по доделените пасоши на светски вуцибатини или по акцијата на американската ДЕА кога беше запленета 200 кг дрога на Плетвар? Што му забележува на Мицкоски а што на Панче Тошковски? Папагалот Кико, добар ли е? Зошто една нивна пратеничка со пелтечење изговори дека и СДСМ се задоволни за ставањето на Артан Груби на црната листа?

Има ли амбиции да стане лидер на партијата и конечно да ја врати на старите стази на политичката слава и победи, на СДСМ државничка?

Вие можете да му избегате на Оливер, ама тој никогаш нема да избега од вас.

Утре, 23.00h Канал 5 ТВ

НА КАВГА СО ИВАН

гостин Оливер Спасовски

#macedonia #kanal5tv #quarrel_with_Ivan #kavga #television

Фото: Манекенка со бујни облини

Познатата американска манекенка Кара дел Торо на радост на следбениците на социјалните мрежи неодамна позираше за брендот за луксузна долна облека „Lounge“.

Фотографиите од сетот воодушевија многумина, бидејќи американската убавица е невообичаена манекнака. Таа има истакнати бујни облини што е секако нејзин најголем адут.

Кара дел Торо позираше во неколку модели на чипкаста долна облека, но највпечатлив беше оној кој ги истакна нејзините бујни гради.

Фото: Кристина Агилера во топлес за роденден

Кристина Агилера ги воодушеви фановите со провокативно роденденско издание!

Светската музичка ѕвезда Кристина Агилера повторно ги воодушеви своите фанови.

Таа на посебен начин го прослави својот 44 роденден, споделувајќи фотографија на Инстаграм на која позира во провокативно издание.

Пејачката била облечена во кожени шорцеви, црна капа и штикли, а градите ги покрила со раката.

- Роденденски костум #44 - стои во описот на фотографијата, со која го предизвикала воодушевувањето на своите фанови.

притисни ентер