Зиков: Оваа држава ја градиме врз основа на договорни односи

„Тоа се тие стари тези, особено кај албанските политички партии дека се' што не можеме правно да се договориме, политички ќе го решиме“

Совршено не е важно каде е Груби, дали е на Косово, во Албанија или на Аљаска. Важно е дали нашиот правен систем е швајцарско сирење или не е и уште колку ќе избегаат. Забележуваме сите дека станува збор за висока корупција или ниска корупција, или низок криминал без разлика по кој основ. Прведените во Арачиното не беа приведени за корупција, туку за убиства. Тие беа исто време со Груби, тие приведени а тој избеган. Кај високата корупција забележуваме сите дека има бегства. Кај нискиот криминал, јак, силен, таму апсите, а и да избега ќе го фатите. Не верувам дека Груби набрзо ќе биде достапен на органите на прогонот. Еве го балансерот, ако имате бегство на Никола Груевски, сега го имате Груби, политичар на исти ранг. Да, практично тоа се тие стари тези, особено кај албанските политички партии дека се' што не можеме правно да се договориме, политички ќе го решиме. Оваа држава ја градиме врз основа на договорни односи. Прашањето е дали има криминал или нема? Очигледно. И Артан Груби не избега поради што е на „црната листа“ туку поради што се соочил за можем криминал во Лотарија на Македонија каде што таму имаше цифра од 8 милиони, рече Љупчо Зиков, во Само Вистина.

Филипче за шест месеци Влада: Економска несигурност, партизација и узурпирање на судството

По повод шест месеци од работата на Владата, опозициската СДСМ денеска на прес-конференција ги критикуваше политиките на сегашната владејачка коалиција, пред се во економијата и судството.

Лидерот на СДСМ Венко Филипче рече дека се воведува „тотална партизација во институциите и се узурпира судството“, а етничките тензии во општеството ги нарече „таканаречен конфликт“ меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ за да се оттргне вниманието од реалните проблемите.

Во однос на економијата, укажа дека власта ги напуштила политиките на СДСМ за раст на платите, наместо да ги намали платите на функционерите, тие останале непроменети, не прифатила ниту еден амандман од СДСМ за буџетот за 2025. Како што рече, се планира укинување на недела неработен ден и се „заговара“ поместување на старосната граница за пензионирање.

-По шест месеци, се чувствува голема економска несигурност и слабеење на стандардот на граѓаните... Владата на Мицкоски наместо да се грижи за граѓаните, се води од интересите на економската елита… Мицкоски лично дозволи трговците да печалат на маката на луѓето. Го слушам вчера вели срамота било тоа што го правеле трговците. Тој го договори токму ова со нив, тој им дозволи со недели да ги качуваат цените и молчеше додека сите ние алармиравме. Мицкоски лично рече дека со апели, а без казни ќе убедуваат трговците да го почитуваат договореното. Касно е. Мицкоски ја префрла вината за овој дебакл и грабеж на трговците и да глуми загрижен политичар, рече Филипче.

Според претседателот на СДСМ, има партизација со „епидемиски размери“ во „клучните институции во судството и безбедноста“. Рече дека во АНБ е поставен „целосно нелегитимен директор без никакви квалификации“, а сите новоизбрани судии, според него, се „личен избор на Мицкоски“.

-Овој систематски обид за целосно партиско заробување на државата се рефлектира и во најавата за распуштање на Судскиот совет, која, според СДСМ, е директен удар врз демократијата. Вчерашната најава дека Владата планира да го распушти Судскиот совет, односно да разреши пет членови, е чекор кон целосна контрола врз судството. Ова СДСМ нема да го дозволи. Ова ќе значи газење на демократијата и враќање кон мрачните времиња на политички прогон...СДСМ ја повикува целата македонска и меѓународна јавност да ја спречи оваа тенденција на узурпирање на судската власт, истакна Филипче.

Додаде дека „овој потег на Владата е целосно спротивен на сите реформи“ и на она што Мицкоски го потпишал во планот за раст пред неколку месеци во Брисел.

Лидерот на СДСМ смета и дека владејачките партии ги користат етничките тензии за одвлекување на вниманието од реалните проблеми со кои се соочуваат граѓаните. Според него, се работи за таканаречен конфликт меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ што е „само театар кој им служи на нивните политички агенди“.

-Стратегијата на ДУИ за подигање етнички тензии СДСМ остро ја осудува. Оваа стратегија на ДУИ впрочем најмногу од сѐ му одговара на ВМРО-ДПМНЕ и нивните сателити во власта... Наводниот конфликт меѓу нив е всушност љубовната кавга која ни ја сервираат како перманентна дестабилизација. Оваа политика има само една цел - да ги оттргне граѓаните да мислат на реалните проблеми, рече Филипче.

Опозицискиот лидер на прес-конференцијата понуди натпартиска стратегија за долгорочен развој на државата и најави масовна теренска кампања по празниците за да ја промовираат новата платформа на партијата која ги става граѓаните на прво место.

-СДСМ направи грешка со тоа што се оддалечи на некој начин од граѓаните кога беше на власт и таа грешка ќе ја исправиме, рече Филипче.

Ѓорѓиевски и Премиерот Мицкоски на почетокот на реконструкција на патот Драчево-Пеленица

Градоначалникот Ѓорѓиевски и Премиерот Мицкоски на почетокот на градежните работи за реконструкција на патот Драчево-Пеленица.

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски, денес заедно го означија почетокот на градежните работи за реконструкција и проширување на патот Пеленица-Драчево, односно реконструкција на коловозот на патот кој води кон манастирот „Пеленица“ во општина Кисела Вода.

-Денес сме сведоци на уште еден значаен чекор во насока на подобрување на квалитетот на животот на жителите од Кисела Вода, Драчево и околните населени места. Со почетокот на реконструкцијата на патната делница Пеленица-Драчево, на потегот од Јустинијан Први до границата со Општина Студеничани, ја демонстрираме заедничката посветеност на локалната и централната власт за решавање на инфраструктурните проблеми кои со децении чекаа решение. Станува збор за реконструкција и проширување на фреквентна сообраќајница со должина од 3.400 метри, со изградба на тротоар од едната страна, што досега никогаш досега го немало, односно изградба на пешачка патека за рекреирање на жителите на овој дел од градот. Тука ќе се изведува и третирање на атмосферските води со ф 1000 цевки и поставување на каналетки за одведување на водите. Оваа делница, која не е обновена цели 30 години, конечно ќе добие нов лик и нов квалитет, обезбедувајќи подобри услови за жителите на Кисела Вода и Студеничани, како и за сите што ја користат оваа сообраќајница за пристап до селата.

Проектот, со вредност од околу 25 милиони денари, е реализиран благодарение на средствата добиени од Владата на Република Македонија за капитални инвестиции. Сакам да изразам искрена благодарност до Премиерот Христијан Мицкоски и до Владата за оваа значајна поддршка. Горд сум што за еден месец, Премиерот трет пат е присутен во нашата општина за почеток на голем капитален проект. Неодамна заедно го одбележавме почетокот на изградба на нова детска градинка во Кисела Вода. Потоа ја започнавме реконструкцијата на спортската сала Расадник, симбол на општината, а денес го објавуваме и почетокот на оваа витална патна делница.

Ова е доказ дека во Кисела Вода се случува инфраструктурен бум, и дека ги споделуваме заедничките вредности со Владата и се обединуваме околу клучни проекти кои се во интерес на народот. Заедно, преку конструктивна соработка, создаваме подобри услови за живот, развој и напредок на сите жители. Убеден сум дека оваа реконструкција, ќе придонесе за подобрување на безбедноста, ефикасноста и функционалноста на сообраќајот, и дека ќе ги постави основите за понатамошен развој на регионот-изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Премиерот Христијан Мицкоски ја поздрави посветената работа на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и добрите проекти како денешниот кој е финансиран од владините средства за поддршка на општините.

-Ова е еден од оние проекти финансирани од Владата, односно со средствата кои се реалоцирани од централниот буџет кон општините. Во Кисела Вода во наредниот период ќе имаме уште неколку такви, се подготвуваат и други проекти за периодот што следи, односно за следниот повик. Јас сум сигурен дека со проекти како овој проект ќе додадеме вредност во квалитетот на животите на граѓаните од ова населено место , но и од соседната општина Студеничани. Му честитам на градоначалникот, на администрацијата на општината, на пратениците, на луѓето кои помогнаа сето ова да се реализира, бидејќи како што знаете треба да се подготви техничка документација, соодветни одобренија и така натаму. . . Ние продолжуваме со иста динамика, продолжуваме да го испорачуваме тоа што сме им го ветиле на граѓаните, бидејќи за тоа сме ја добиле и довербата од нив-изјави Премиерот Мицкоски.

Манчестер јунајтед е подготвен да потроши 230 милиони евра во зимскиот преоден рок

Манчестер јунајтед е подготвен да потроши 230 милиони евра во првиот преоден рок под водство на Аморим

Манчестер јунајтед планира да ангажира тројца играчи во зимскиот преоден рок. Според „Football365“, англискиот тим е подготвен да потроши 230 милиони евра за купување нови фудбалери.

Новиот тренер на тимот, Рубен Аморим, сака повторно да соработува со напаѓачот Виктор Дикереш. Во договорот на Швеѓанецот со Спортинг Лисабон е предвидена сума за обештетување од 80 милиони евра.

Исто така Аморим сака да го ангажира и напаѓачот на Барселона Рафиња. И овој трансфер би чинел околу 80 милиони евра.

По 17 кола, Манчестер јунајтед е на 13. место во поредокот на англискиот шампионат со 22 бода.

Аморим го предводи тимот од почетокот на ноември годинава, но ниту неговото доаѓање на „Олд Трафорд“ не придонесе за подобрување на резултатите на тимот.

притисни ентер