Жена добила три пати повисока сметка во хотел во Лас Вегас, се шокирала од причината (ВИДЕО)

Светските медиуми ја пренесоа приказната за Џоселин Харпер, која тврди дека нејзината соба во познат американски хотел ѝ ја „наплатиле трипати повеќе поради бизарна причина“.

Таа ја претстави својата верзија на настаните на TikTok, каде што е многу активна, по што се случил изненадувачки пресврт, пренесува Newsweek.

Сè започнало кога Џоселин решила да го помине одморот во Лас Вегас. Таа престојувала во познат хотел, каде една ноќ се наплаќа околу 200 долари, а кога сакала да ја плати сметката следниот ден останала без зборови.

„На сметката имаше и такса за пушење во собата, над 500 долари. Не сум пушач, ниту бев во собата кога тоа наводно се случило“, тврди таа.

@travelingwithjoce Absolute trash experience at the @Westgate Las Vegas #scammeralert #vegas #fraud ♬ original sound - Joce Travels | Digital Nomad

Споменатиот хотел има правило според кое на гостите им наплаќа за дополнително чистење, во случај да пушат во собата. Тие ѝ објасниле на гостинката дека детекторите во просторијата „снимиле палење на тутун“, по што таксата автоматски се пресметувала.

„Бев доста вознемирена, бидејќи 700 долари се многу пари. Направив мало истражување и открив дека не сум единствена што се жали на истиот проблем во хотелот. Ги контактирав, им објаснив сѐ и тие ја прифатија мојата жалба. Ќе добијам рефундирање“, изјавила Џоселин.

Таа додава дека добила извинување од генералниот директор на хотелот, како и од нивниот претставник за медиумите. И токму кога помисливме дека приказната е завршена, се огласил директорот на компанијата за детектори на чад, Џек О'Тул.

„Несомнено се пушеше во хотелската соба. Уредот FreshAir 2.0 користи софистициран сензор способен да детектира молекули на тутун и марихуана во воздухот. Има и дополнителна технологија која е 100% сигурна“, рече тој.

Директорот тврди дека сензорот го снимил времето кога се запалила цигарата. Сепак, Џоселин негира дека во тој момент била во собата.

„Ми се јавија претставници на хотелот и ми се извинија за грешката што ја направи детекторот. Никогаш не добив извештај дека сум ја активирал бравата, односно влегов во просторијата во моментот кога наводно се случило пушењето“, заклучува таа.

Сијарто апелира на меѓународна акција против прогонот на христијаните на Блиски Исток

Шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто вчера изјави дека меѓународната заедница мора да преземе акција против прогонот на христијаните на Блиски Исток со оглед на влошената ситуација во Либан и во Сирија.

Тој, на прес-конференција по вчерашниот состанок на министрите за надворешни работи на НАТО во Брисел, истакна дека кризата на Блиски Исток била прва точка на дневниот ред на средбата, со оглед на опасната ситуација во регионот, што претставува закана за безбедноста, не само во Европа, туку и во целиот свет.

- Унгарија продолжува да ги поддржува христијанските заедници во Либан и ги одржуваме нашите програми за обнова на христијанските цркви, помош на христијанските заедници и функционирање на христијанските институции, посочи Сијарто.

Најстудено на Попова Шапка, најмногу снег во Маврови Анови

Најниска темпратура утрово од -2 степена е измерена на Попова Шапка, а највисока во Гевгелија 8 степени.

Како што информира УХМР, во Лазарополе се измерени -1 степен, 0 во Маврови Анови, 1 во Крушево, 2 во Берово, 3 во Крива Паланка, Битола и Дебар, 4 во Скопје-Зајчев Рид, Куманово, Тетово, Претор, Прилеп и Охрид, 5 во Скопје-Петровец, Виница и Демир Капија и 6 во Штип, Струмица, Кавадарци и Велес.

Висината на снежната покривка утрово изнесува 48 сантиметри во Маврови Анови, 39 на Попова Шапка, 25 во Крушево и 10 сантиметри во Лазарополе.

За изминатите 24 часа најмногу воден талог од 4 литри на метар квадратен има во Прилеп, 3 на Попова Шапка, 2 во Крушево, Тополчани и Претор и 1 литар на метар квадратен во Битола, Охрид, Дебар и Лазарополе.

Денеска во претпладневните часови по одделни котлини ќе има појава на слаба магла. Во текот на денот ќе преовладува променливо облачно време со слаб локален дожд, на планините слаб снег. Во ноќните часови во западните делови на повеќе места ќе има врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Максималната температура ќе достигне од 6 до 11 степени.

Во Скопје претпладне ќе има појава на слаба магла, а преку денот ќе преовладува променливо облачно и тивко време. Максималната температура ќе достигне до 10 степени.

Поднесено обвинение за „див“ паркинг во Чаир

По спроведена претходна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно физичко и едно правно лице за кривично дело – Узурпација на недвижности од член 225 од Кривичниот законик.

Обвинетиот 47-годишник, сопственик и управител на обвинетото правно лице, зазел во владение туѓа недвижност – земјиште позади Здравствен дом Скопје – Поликлиника Битпазар. Земјиштето во државна сопственост, а доделено со право на користење на здравствениот дом и предвидено како имот во општа употреба во Деталниот урбанистички план на Општина Чаир, обвинетиот го користел како импровизиран паркинг простор. Во име и за сметка на правното лице поставил рампа и пункт за наплата и ангажирал едно лице да врши наплата по цена од 50 денари за 90 минути користење, со што го ограничил и го контролирал влезот и излезот на земјиштето.

Заедно со обвинението, јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје поднесе и посебен предлог за изрекување мерка на претпазливост – забрана за преземање определени работни активности, односно забрана да го користи предметното земјиште.

притисни ентер