Жена била 27 минути клинички мртва, кога се разбудила напишала чудна порака (ФОТО)

Необичната приказна за Американката Тина Хајнс повторно е актуелна и поттикнува дискусии на мрежите за можно постоење на задгробен живот.

Таа доживеала срцев удар во февруари 2018 година, а секој обид на нејзиниот сопруг Брајан да ја реанимира бил неуспешен. И лекарите се обиделе да ја оживеат и пресметале дека била клинички мртва цели 27 минути.

Кога Тина конечно се разбудила, од присутните побарала пенкало и хартија, па напишала порака која ги шокирала сите, пренесува LadBible.

Зборовите „Тоа е реално“ ги напишала со едвај читлив ракопис, а кога ја прашале што мисли таа едноставно го подигнала погледот.

„Беше реално, боите беа толку живи“, изјавила Тина за локалните медиуми, истакнувајќи дека верува дека го видела Исус.

Експертите истакнуваат дека ваквите искуства не се ретки.

Според достапните студии, додека повеќето луѓе не паметат ништо (во периодот на клиничка смрт), околу 10-20 проценти имаат некаква визуелна или сензорна епизода.

Иако ваквите епизоди може да изгледаат мистични, просветителски, научниците веруваат дека тие се на дофат на (медицинско) објаснување за тоа што се случува за време на искуство со блиска смрт.

Во еден ден му извадиле 20 заби и му вградиле 12 импланти- се вратил дома и починал

Жителка на кинескиот град Јонгканг, неодамна поднела жалба до Општинското здравствено биро, а по смртта на нејзиниот татко.

Г-ѓа Шу наведува дека на несреќниот човек во еден ден во локалната стоматолошка клиника му биле извадени 20 заби и вградени 12 импланти. Таа тврди дека тоа ја предизвикало неговата прерана смрт 13 дена подоцна.

Ќерката тврди дека таткото во последните денови од животот претрпел „страшни болки“, пред да доживее срцев удар на 28 август, пренесува Oddity Central.

Таа бара одговорните да бидат изведени пред лицето на правдата.

Според писмената согласност на пациентот, на мажот му биле извадени природните заби, по што на вилицата му биле дупнати 12 дупки за импланти.

Претставникот на клиниката, каде што била извршена процедурата, објаснува дека бројот на заби кои може да се вадат одеднаш го одредува лекарот, врз основа на општата состојба на пациентот.

Не постои специфична регулатива, а клиниката и лекарот мора да ја имаат предвид толеранцијата на болката на пациентот и ризикот од инфекција.

„Колку повеќе заби отстранувате, толку повеќе пациентот реагира на болка и поголема е веројатноста за постоперативна инфекција“, рече Ксијанг Гуолин, директор на Центарот за орална медицина во Вухан.

Истрагата е во тек, но претставник на Општинското биро за здравство изјави дека „докажувањето на вината може да биде тешко“, со оглед на тоа што смртта настапила 13 дена по постапката.

Ужас во Франција: Маж си ја убил сопругата и двете мали деца, на една и 5- годишна возраст

Во Морман, во Сена-ет-Марн, во областа Ил-д-Франс, е уапсен човек кој рекол дека штотуку го убил „своето семејство“.

Околу 06:00 часот во Мормант, полицаец кој не бил на должност, кој одел на работа, видел маж вооружен со нож како напаѓа друг минувач на улицата, објави ТВ БФМ.

Пешакот е повреден во раката, а другиот во вратот, „и двајцата без значителни последици“, изјави обвинителот Жан Мишел Бурле.

Полицаецот успеал да го стави под контрола и да го уапси.

Потоа рече дека штотуку го убил „своето семејство“, сопругата и двете деца на една и петгодишна возраст.

Осомничениот нема криминално досие, туку „психијатриска историја“, додаде обвинителот.

Тој во моментов е хоспитализиран за да се утврди дали е способен да биде во притвор.Отворена е истрага за убиство со умисла, соопшти обвинителот.

Во Франција во просек се случува фемицид на секои три дена.

Во 2023 година, родителите убиле повеќе од 60 деца, според Voa d-lanfan, здружение кое брои убиства врз основа на случаи објавени во медиумите.

„Операција саксија“ е во тек во Амстердам, жителите во тешка меѓусебна кавга

Властите во холандската престолнина Амстердам ја почнаа „операција саксии“, бидејќи, како што истакнаа, прекумерното поставување саксии околу зградите го загрозува пристапот до објектите.

Жителите со вознемиреност реагираа на плановите на властите во Амстердам да ги отстранат, според нив, непромислено поставените саксии, објави Гардијан.

Во пристапот што локалните медиуми го нарекоа „операција саксии“, централниот кварт на холандската престолнина ги ограничува жителите да постават два саксии со дијаметар од 50 сантиметри, направени од „одржлив“ материјал и поставени на предниот ѕид на зградата.

Ќе се отстранат цели „градини“ со саксии на паркинзи и под дрвја, се вели во меморандумот на градските власти.

На состанокот на градскиот совет во вторникот, претседателката на Централниот извршен комитет на Амстердам, Амели Стренс, рече дека напуштените саксии со цвеќиња се непривлечни, лоши за биолошката разновидност и ги прават објектите помалку достапни за оние кои користат помагала за мобилност и инвалидски колички.

Некои жители на Амстердам се задоволни што градот реагира на загриженоста на луѓето за преполните тротоари, додека други посочуваат дека напуштените или паркирани велосипеди и тераси во баровите зафаќаат голем дел од јавните површини, како и отпадот, наведувајќи дека преголем број туристи го посетуваат градот.

притисни ентер