Земјотрес од 3,7 степени утрово го стресе Врање, почувствуван и во Куманово

Земјотрес со јачина од 3,7 степени според Рихтеровата скала утрово е регистриран во близина на северната граница на Македонија со Србија, на 10 километри северно од Врање. Земјотресот бил почувствуван и во Куманово.

- На 13.10.2024 година во 04:48 часот по локално време, земјотрес со јачина од 3,7 степени според Рихтеровата скала е регистриран во регионот на Врање, на 10 километри северно. Теоретскиот интензитет во епицентарот беше проценет на V-VI степени од Меркалиевата скала, соопшти Републичкиот сеизмолошки завод - Србија.

Земјотресите со ваков интензитет можат да предизвикаат помали оштетувања на зградите во епицентралното подрачје.

Втор помал земјотрес со јачина од 2.8 степени во истиот регион е регистриран во 8:27 часот по локално време.

Музичар го прекина концертот кога му јавиле дека жена му се пораѓа во автобус (ВИДЕО)

Ѕвездата на кантри музика, Брентли Гилберт направи пауза од својот концерт на 11 октомври во Тупело, Мисисипи, за да го пречека своето трето дете.

Гилберт ненадејно ја напушти сцената набргу по почетокот на концертот поради „итен случај од зад сцената“.

Неговата сопруга Амбер се породила во неговиот автобус за турнеи, според видеото што музичарот го објави следниот ден на Инстаграм.

"Значи, минатата ноќ можеби беше најлудата ноќ во мојот живот. Гледањето на таква неверојатна жена како прави таква неверојатна работа е нешто што никогаш нема да го заборавам", напиша Гилберт во описот.

Видеото на музичарот, кое е сместено заедно со неговата балада од 2019 година „Man That Hung the Moon“ за љубовта на таткото кон неговиот млад син, се отвора со снимка на која тој набрзина ја напушта сцената.

Видеото потоа ги носи гледачите во автобусот на Гилберт каде што гледаат слики од музичарот со неговата сопруга и новородениот син. Во една од најнежните кадри на видеото, сопругата на Гилберт го држи детето додека таа и нејзиниот сопруг се гледаат во очи.

Во видеото се прикажани и снимки на кои Гилберт разговара со мајка си по телефон.

„Имаш ново бебе“, ѝ вели тој. Кога мајка му ја прашува како е неговата сопруга, Гилберт гордо се насмевнува, одговарајќи: „Таа е дивјачка“, пред да стане емотивен.

Откако Гилберт ѝ кажува на мајка си дека ќе го „заврши ова шоу“, гледачите гледаат снимка од него како се враќа на сцената.

„Ми се роди бебе“, им вели тој на своите фанови што врескаат.

„Благодарам на нашето патувачко семејство што се собра околу нас, на Британи Торнтон што ни помогна да го донесеме ова мало момче на свет, на Тупело, Мисисипи што ни покажа луда љубов и поддршка, а најмногу на Амбер Гилберт што ми дозволи да те сакам и ми покажуваш колку една жена може да биде неверојатно силна“, напиша Брентли Гилберт во описот на видеото.

Обожавателите на музичарот напишаа честитки во коментарите и се радуваа за него и неговото семејство кое расте.

"Ова е толку прекрасно, честитки! Бебето буквално може да каже дека е на турнеја од раѓање!" напишал еден, додавајќи емоџи со срце. „Каква приказна има да раскаже тоа мало момче“, напиша друг.

Неколку обожаватели ја нарекоа Амбер Гилберт сама по себе „рок-ѕвезда“ бидејќи изгледаше дека таа го родила бебето на парот во автобусот за турнеја. „Каква жена и приказна!“ еден забележал, додавајќи: "Честитки за сите вас! Толку слатко мало момче!"

Брентли и Амбер Гилберт, кои се во брак од 2015 година, се родители на синот Барет (6) и ќерката Брајлен (5).

Двојката објави дека го очекува своето трето дете во заедничка објава на 12 мај на Инстаграм.

„Како е ова за Денот на мајката?“ напишаа со неколку фотографии од плажа на кои држат сонограм.

Тринаесет маратонци ќе трчаат од Нова Градишка до Крушево на 17. ултра маратон за Тоше Проески

Тринаесет маратонци од Македонија утре попладне од Нова Градишка, Хрватска ќе тргнат на пат кон Крушево, до вечното почивалиште на Тоше Проески во рамките на 17. ултра маратон што се одржува во негова чест.

Маратонците, како што соопшти организаторот Спомен дом Тодор Проески, утрово пристигнаа во Загреб, во македонската православна црква „Света Злата Мегленска“, каде беше одржана литургија во чест на Тоше. Според агендата предвидено е да имаат прием од македонскиот амбасадор во Загреб Милиам Фетаи.

На пат кон родниот град на Тоше, Крушево, маратонците ќе тргнат утре во 17 часот, од пред неговото спомен-обележје во Нова Градишка.

- Ќе трчаат низ цела Хрватска и Македонија. На граничниот премин Табановце се очекува да пристигнат на 15 октомври и да продолжат кон Скопје, а на плоштадот Македонија треба да пристигнат околу 18 часот. Вечерта ќе тргнат на пат за Крушево, каде треба да пристигнат околу пладне на 16 октомври, годишнината од загинувањето на Тоше Проески, соопшти организаторот Спомен дом Тодор Проески.

Маратоците, како што е наведнео, ќе бидат пречекани во Крушево, традиционално, со црвени рози и на Гумење, на вечното почивалиште ќе му оддадат почит на големиот музичар и хуманитарец, познатата македонска и балканска музичка ѕвезда која ги привлекува во Крушево фановите и почитувачите на неговото дело.

Тоше Проески загина во сообраќајната несреќа кај Нова Градишка, Хрватска на 16 октомври 2007 година.

Околу 40 држави апелираат за заштита на мировниците од УНИФИЛ

Најмалку 40 држави изразија „целосна“ поддршка на Мировната мисија на ОН во Либан (УНИФИЛ) и побараа заштита на сините шлемови откако во изминатите два дена при израелските напади повредени се пет мировници.

- Цврсто ги осудуваме последните напади врз припадниците на мировните сили. Таквите акции треба веднаш да прекинат и на соодветен начин да бидат истражени. Ги повикуваме сите страни во судирот да го почитуваат присуството на УНИФИЛ, што значи да ја гарантираат безбедноста на сите вработени цело време, се наведува во заедничкото писмо.

Тие исто така посочија дека „улогата на УНИФИЛ е посебно пресудна во светло на ескалацијата на тензиите во Блиски Исток“.

Мисијата на ОН ја обвинува израелската армија за повторени и намерни гаѓања на нејзините позиции.

УНИФИЛ е создаден за да го надгледува повлекувањето на израелските војници од јужен Либан по израелската инвазија во 1978 година. ОН ја проширија својата мисија по војната помеѓу Израел и Хезболах во 2006 година. Во Либан сега има распоредено повеќе од 10.000 мировници од околу 50 земји. Најголеми контингенти имаат Индонезија, Индија, Гана, Италија и Непал.

притисни ентер