САД: Во Русија им осум илјади севернокорејски војници

Соединетите Држави добија информација дека моментално има осум илјади севернокорејски војници во руската област Курск, изјави денеска на седницата на Советот за безбедност заменик американскиот амбасадор во ОН, Роберт Вуд.

Вуд го прашал рускиот колега дали Русија се уште верува дека на нејзина територија нема севернокорејски војници, а рускиот претставник во 15-членото тело не му одговорил.

Москва ниту го демантира, ниту директно го потврди присуството на севернокорејски војници. Пјонгјанг првично исто така ги негираше тврдењата, но подоцна ја бранеше идејата за испраќање своја војска, велејќи дека тоа е во согласност со меѓународното право.

Во август оваа година, украинските сили влегоа во руската погранична област во областа Курск, каде што сè уште ја држат територијата.

Советот за безбедност се состана денеска на барање на Русија во врска со испораката на оружје од Запад во Украина.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, од друга страна, го критикуваше недостатокот на одговор на Западот кон Русија, откако таа ги вклучи севернокорејските трупи во војната. Тој нагласи дека слабиот одговор на меѓународната заедница може да го охрабри рускиот претседател Владимир Путин да го зголеми тоа воено присуство.

Украинскиот лидер изјави за јужнокорејската телевизија КБС дека верува оти Москва се обидува да постигне договор со Пјонгјанг за испраќање воени инженери и „голем број цивили“ да работат во руските фабрики за оружје.

„Путин ја проверува реакцијата на Западот и верувам дека по сите овие реакции ќе одлучи да го зголеми контингентот. Реакцијата денеска е ништо, нула“, посочи Зеленски.

Тој почна да предупредува за присуството на севернокорејски војници во Русија на 13 октомври. Западните сојузници тоа го нарекоа голема ескалација, но не одговорија со мерки ниту најавија дека ќе го сторат тоа.

Поплавени делови од Велика Британија, евакуација на домаќинства во Манчестер

Делови од Велика Британија се погодени од поплави, а неколку домаќинства се евакуирани на неколку места во областа на Манчестер.

Откако за два дена падна дожд колку просечни месечни врнежи, во делови од Манчестер автомобили беа поплавени до покривите, а беше прогласена и состојба на природна катастрофа.

Според полицијата, тимови за спасување на планина се распоредени во областа Манчестер за да им помогнат на пожарникарите во спасувачките операции на поплавените имоти и со заглавените возила.

- Се уште постои можност да има дополнителни поплави.Потенцијално очекуваме ситуацијата со поплавите да се влоши пред да се подобри, изјави метеорологот Том Морган.

Поради поплави и налетите на ветерот, беа откажани новогодишните прослави на отворено, како и огнометите во Единбург и во неколку други градови.

Мажот кој изгоре во Сајбертракот пред хотелот на Трамп имал прострелна рана на главата

Човекот кој го изнајмил Сајбертракот на Тесла што експлодира пред хотелот на новоизбраниот претседател Доналд Трамп во Лас Вегас бил активен војник на специјалните сили на САД, потврдија официјални лица.

Полицијата во Лас Вегас го идентификува Метју Алан Ливелсбергер (37) од Колорадо како човекот што го изнајмил Cybertruck. Тие рекоа дека се прилично сигурни дека тоа е истата личност која била пронајдена мртва во возилото по експлозијата, но чекаат докази од ДНК за да го потврдат тоа.

Телото било изгорено до непрепознатливост и било пронајдено со самонанесена прострелна рана во главата, според шерифот од Лас Вегас, Кевин Мекмахил. Во возилото била пронајдена и воена идентификација, заедно со iPhone и паметен часовник, но поголемиот дел од она што било внатре било „изгорено до непрепознатливост“, велат тие.

Ливелсбергер бил член на Зелените беретки, специјални сили и експерт за герилска војна, се вели во соопштението на американската војска.

Тој служел во војска од 2006 година и поминал време во базата порано позната како Форт Брег, центарот во Северна Каролина во кој е сместена командата на специјалните сили.

Тој сè уште бил во активна должност и на овластен одмор во моментот на експлозијата на Тесла пред меѓународниот хотел Трамп, изјавија официјални лица.

Да потсетиме, седум лица беа повредени во експлозијата откако возилото - наполнето со канистри со гориво и минофрлачи за огномет експлодираше. Официјалните лица рекоа дека сите повреди биле полесни.

39- годишен тетовец е пронајден со прострелна рана на главата, најверојатно го убил татко му

Денеска (02.01.2025) околу 18.50 часот во Тетово, во неговиот дом бил пронајден С.Н.(39) без знаци на живот, со прострелна рана во главата. 

С.Н. живеел со неговиот татко, кој бил пронајден во бессознание и од Итна медицинска помош бил пренесен во Ургентен центар Тетово, соопштуваат од МВР.

Во просторијата каде бил пронајден С.Н., пронајдена е ловачка пушка. Во координација со јавен обвинител се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Според првите информации се работи за семејна тепачка која завршила со убиство, таткото го убил синот.

Како што дознаваат медиумите, таткото во тешка психолошка состојба е пренесен во тетовската болница.

притисни ентер