Зеленски: Русија загуби 38.000 војници во Курската област

Русија претрпе значителни загуби во последните пет месеци од судирите со украинските сили во руската Курска област, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во синоќешното обраќање.

- Во операцијата во Курск, непријателот веќе загуби 38.000 војници само на оваа насока, од кои околу 15.000 се неповратни загуби, тврди Зеленски.

Тој додаде дека украинските сили создале тампон-зона во Курската област и дека нивното напредување ја спречило Москва да распореди сили на клучни фронтови во Украина.

Украина започна офанзива во Курската област во август, при што зазеде територии, иако руската армија тврди дека вратиле значителен дел од нив. Киев изјави дека неговите сили започнале нова офанзива, но без многу детали.

Според проценките на Украина и западните сојузници, околу 11.000 севернокорејски војници се борат во регионот заедно со руските сили. Москва не го потврди ниту демантираше ова присуство.

Вчера, руското Министерство за одбрана соопшти дека украинската офанзива е запрена и дека главните сили биле уништени кај селото Бердин. /МИА

Градинката Пролет изградена по светски стандарди, прва по 50 години во општината

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски информира дека новата градинка Пролет која е прва по пет децении е изградена по највисоки светски стандарди за поквалитетен престој на дечињата и подостоинствени услови за работа на вработените.

-Градинката Пролет е прва во населбата Пролет и прва по 50 години во општината. Истата е енергетски ефикасна и модерна која треба да обезбеди опфат на 173 деца, сместени во 9 занимални. Горд сум што инклузивноста и пристапноста на децата со попреченост е воспоставена во проектот на градба. Градинката ќе располага со лифт и надворешно игралиште до кое можат да пристапат и деца со попречености. Изградбата се одвиваше според предвидената динамика, брзо и непречено. Во месец март се надевам дека дечињата од населбите Пролет и Маџир Маало ќе бидат згрижени во оваа предучилишна установа, рече Герасимовски.

Новата градинка Пролет има вкупна бруто површина од 3.276 метри квадратни и целосно е финансирана од Општина Центар во висина од околу 2.5 милиони евра.

Општина Центар

ЦУК: Вкупно 1.359 повици на 112 изминатото деноноќие, мостот на Вардар кај Башино Село затворен

Вкупно 1.359 повици на единствениот повикувачки број за итни случаи - 112 се евидентирани изминатото деноноќие. 

Пожарникарите гаснеа пожари во урбани и населени места. Не се регистрирани пожари на отворен простор. Кога станува збор за проодност на патишта, мостот на реката Вардар кај Башино Село е затворен за секаков вид сообраќај, се потенцира во денешното соопштение на Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Од повиците на 112 изминатите 24 часа, како „реални“ биле категоризирани 54.38 отсто. Останатите 45.62 отсто биле за други потреби на граѓаните, што не се сметале за итни.

- Кон полиција биле упатени 69,64 отсто, кон Итната медицинска помош - 27,53 проценти, а кон пожарникарите - 1,62 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК, се додава во соопштението.

Напаѓачот од Лас Вегас користел вештачка интелигенција при планирањето на нападот

Во експлозијата полесно се повредени седум луѓе, но не оштетен хотелот „Трамп Интернешнл“.

Одликуваниот американски војник Метју Ливелсбергер, кој загина во експлозија на „Тесла сајбертрак“ пред хотелот на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп во Лас Вегас, користел генеративна вештачка интелигенција, вклучително и „ЧетЏиПиТи“ (ChatGPT) во планирањето на нападот, соопшти полицијата во Лас Вегас.

Сè уште се испитуваат лаптопот, мобилниот телефон и часовник на 37-годишниот Ливелсбергер, кој пукаше во себе пред да експлодира камионот. Тој на интернет барал информации за експлозиви, за одредена муниција и дали огнометот е легален во Аризона.

Во експлозијата полесно се повредени седум луѓе, но не оштетен хотелот „Трамп Интернешнл“.

Полицијата соопшти дела Ливелсбергер дејствувал сам. Во неговите белешки пронајдено е дека САД „се смртно болнио и оти се движат кон колапс“. /МИА

притисни ентер