Здравствен дом Куманово: Примени се најдобрите кандидати, кои биле на тестирање

Примени се најдобрите кандидати, кои биле на тестирање, верифицирани од Комисијата.

Надлежните од здравствен дом Куманово денеска негираа какво било влијание, партиско или етничко за прием на стоматолози и сестри, откако претходно до медиумите пристигна известување дека на последниот конкурс примени се само стоматолози Албанци и девет од 12 медицински сестри Албанки.

Од Здравствен дом велат дека се примени најдобрите кандидати, лица кои биле на тестирање, верифицирани од Комисијата.

- Тестовите ги подготвува Министерството за здравство, тие ги подготвуваат и ги доставуваат до Комисијата. После завршувањето на процедурите, институцијата ги избира најдобрите кандидати. Незадоволните имаат право на жалба, велат од Здравствен Дом Куманово.

Од установата посочуваат дека има и видео-снимки од полагањето на кандидатите и кажаа дека за вработувањата реагираат најслабо рангираните кандидати. Оттаму посочуваат дека примените сестри неколку години работеле и се докажале и биле во „првите редови“ во борба против Ковид пандемијата.

Претходно, до медиумите пристигна известување во кое се вели дека во контекст на јавниот оглас во болницата во Гостивар, каде биле примени исклучиво Албанци и којшто беше актуелен изминатиов период во медиумите, таков случај има во јавната здравствена установа, Здравствен дом Куманово. Во соопштението се вели дека на огласот од 6 декември претходната година, за доктори по стоматологија се примени 100 проценти Албанци, а на огласот за медицински сестри од 12 дури 9 се од албанска националност.

- Примените кандидати се примени без претходно објавување на ранг-листа. Примените кандидати се примени во спротивност на балансерот при што се ускратени правата на кандидатите Македонци (доктори по стоматологија). Кандидатите Македонци на полагањето биле одделени од кандидатите Албанци во посебна просторија. Кандидатите Албанци по кажување на членовите од комисијата воопшто се немаат појавено на полагањето, се вели во соопштението испратено до медиумите.

И во март, лани имаше обвинувања за партиски вработувања, тогаш директорот на установата негираше, а од здравствен дом кажаа дека инспекцијата не пронашла грешки за тој конкурс.

СДСМ: На 8 ми мај граѓаните масовно да излезат на изборите, се одлучува за иднината на државата

Граѓаните треба масовно да излезат на изборите на 8-ми мај и да гласаат. Се одлучува за иднината на државата.

Прашањето е каква држава сакаме да изградиме?

Дали ќе следи уште една лоша реприза од тоталитарното владеење на Груевски и неговата криминална екипа, или заедно со СДСМ ќе имаме слободна, просперитетна и европска иднина.

Изборот е во рацете на граѓаните но тоа може да има сериозни негативни последици кон иднината на Македонија.

СДСМ ги повикува сите граѓани, да излезат на гласање во среда, да го заокружат бројот 1 и да гласаат ЗА, за европска иднина, за европски стандарди и вредности, за држава во која децата ќе сакаат да останат, се наведува во партиското соопштение.

Генералштаб на Украина: Руските сили ги интензивираа нападите кон Авдејево

Русија ги засилила нападите во правец кон Авдејево, соопшти утринава Генералштабот на вооружените сили на Украина, наведувајќи дека украинските сили во изминатите 24 часа одбиле 50 руски напади на тој дел од фронтот.

Руските сили се фокусираа на неколку сектори на фронтот во Донбас, пренесува Униан.

Во правец кон Бахмут, украинските сили одбиле 22 руски напади, а во изминатите 24 часа на линијата на фронтот се случиле 134 судири.

Кина во историска мисија- лансира сонда на темната страна на Месечината

Кина денеска ќе ја лансира лунарната сонда Чанге-6, соопшти кинеската Национална вселенска администрација.

Сондата ќе собира примероци од темната страна на Месечината. Тоа ќе биде прва ваква мисија во историјата на човештвото, јавуваат кинеските медиуми.

Во тек се последните подготовки за мисијата, која ќе започне од местото за лансирање Венчанг во кинеската провинција Хејнан.


притисни ентер