Нормализиран сообраќајот на патот Прилеп-Битола кај Лагово

АМСМ соопшти дека од 16:25 часот е нормализиран сообраќајот на патот Прилеп-Битола кај селото Лагово.

Кај Лагово утрово се случи тешка сообраќајна несреќа во која животот го загубија три лица, а едно беше повредено.

Трансфер бомба во Струмица- шампионот посилен за браќата Ѓорѓиеви и Љафтов

Шампионот на Македонија во одбојка во машка конкуренција Струмица денеска објави трансфер „бомба“.

Македонскиот одбојкарски шампион на изненадување на спортската јавност ги официјализираше потписите со најдобриот македонски одбојкар Никола Ѓорѓиев, неговиот брат Ѓорѓи и репрезентативецот Александар Љафтов.

Браѓата Ѓорѓиеви и искусниот Љафтов дадоа голем придонес во остварувањето на историските резулати на црвено жолтите на меѓународната сцена.

Одличниот трио очекуваме да значи многу и во следните мечеви на Струмица во ЦЕВ купот.

Богата програма во рамки на Фестивалот на велешка пита и вино „Питијада 2024"

Покрај штандовите со традиционална велешка пита пастрмајлија и македонски вина од винарии од Повардарието во рамките на Фестивалот на велешка пита и вино „Питијада 2024“ што ќе се одржи од 11 до 13 октомври

Покрај штандовите со традиционална велешка пита пастрмајлија и македонски вина од винарии од Повардарието во рамките на Фестивалот на велешка пита и вино „Питијада 2024“ што ќе се одржи од 11 до 13 октомври, ќе има и есенски базар на кој ракотворците ќе можат да ги изложат своите уникатни изработки. Базарот ќе биде лоциран на ул. „Благој Ѓорев“ (кај влезот на гимназијата), информира градоначалникот Марко Колев.

Во сабота, 12 октомври со почеток во 11 часот, ќе биде преставена изложбата на стари автомобили олдтајмери, што ја организира здружението „Kings of the streets", а автомобилите ќе бидат поставени на потегот од кружен тек „Авона“ до стоковната куќа „ Бос“.

Во недела, 13 октомври, во организација на „Велес бајкинг" за сите љубители на велосипедизмот ќе се одржи и XI рекреативна велосипедска тура „Велес mtb tour 2024", која ќе започне во 10 часот од Винарија „Шато Сопот Македонија“.

Градоначалникот Марко Колев ги повика сите љубители на традиционална велешка пита пастрмајлија и квалитетни македонски вина да го посетат Велес за време на „Питијадата 2024“ на која како и секоја година ќе има богата музичка програма со многу естрадни ѕвезди од земјава и странство.

притисни ентер