Митева до Дамева: Судски совет треба да одговори дали правдата е задоволена

Судски совет треба да одговори дали правдата е задоволена, а не да зборуваме за статистики.

“Сметам дека е многу некоректно да давате класификации и дефиниции за тоа од каде е добиен тој процент на доверба и тоа го темелите врз основа на решените или нерешените предмети во извештајот“, се осврна Марија Митева, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на денешната расправа во собраниската комисија на тема Извештај на ЕК за Македонија за 2023 година.

Митева појаснува дека не е важно било која страна да биде задоволна, туку е важно правдата да биде онаа која е задоволена.

Според неа „На 2% доверба во судството да се отвара прашањето лично и да се зборува дека не се знае како е дојдено до тоа и дополнително дека јавноста треба да биде посуштински навлезена во работењето на судовите е навреда, пред се кон граѓаните кои многу директно ги чувствуваат криминалот и корупцијата кои владеат во судството“.

Митева обраќајки се до Дамева од Судскиот совет укажа дека таа добро маневрира со говорот и зборовите со цел да не се фрли дамка врз судиите и тоа од причина што се смета дека така ќе се избегне реалната слика.

Како пример Митева го посочува случајот со одлуката на судијата Пајазит Пајазити кој определи куќен притвор кај роднина, нешто невидено до сега, а дискусија по однос на ова воопшто немаше и некако случајот се заобиколи.

,,Она што јавноста очекуваше од вас како Судски совет и требаше да се направи, не видовме таква дискусија која навлегуваше во суштината на оваа катастрофа”, и се обрати Митева на Дамева и додаде уште една небулоза, ,,Замислете Судскиот совет во сопствениот извештај за сопственото работење наведува препораки.” Имено рече Митева,

,,Изминатата година сте детектирале слабости самите на себе, сте си донеле извештај со кој си препорачувате што да направите и за истото тоа самите на себе сте донеле заклучок”, посочи Митева

Василевска: Разочарувачки е годишниот Извештај за работата на судскиот совет за 2023 година

Годишниот Извештај за работата на судскиот совет на Република Македонија за 2023 година е разочарувачки, истакна пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Иванка Василевска на денешната собраниска Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците.

Таа продолжи и додаде:

„Немаме доверба во судството, бидејќи тоа е партизирано, кронизирано. Политички спреги влијаат на развојот на каририте во судско обвинителскиот систем. Има луѓе кои се неправедно гонети, инструменти на прунуда кои наликуваат од тоталитарните системи наместно на она што би требало да биде и е дел од оценската мисија“, истакна Василевска.

Таа укажа дека треба да се почне со морална и етичка одговорност најнапред.

„Она што ние како нова власт во нашите зложби и оние професионалци кои беа консултирани не се само од Македонија туку и пошироко во регионот е укажувањето дека навистина спрегите кои се длабоко вкоренети во судско обвинителскиот систем и дефинитивно не можат да се ресетираат со еден удар бидејќи тоа е тоталитарен пристап но исто така може да почне со морална и етичка одговорност“, вели Василевска.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Конте избран за најдобар тренер за месец септември во Италија

Наградата „Тренер на месецот“ во Италија за месец септември ќе му биде врачена на тренерот на Наполи, Антонио Конте, јавија италијанските медиуми.

Трофејот ќе му биде врачен пред натпреварот помеѓу Наполи и Комо во Серија „А“.

Наградата ја доделува жири кое ги оценува тренерите по спортско-технички критериуми како и квалитетот на играта.

-Од неговото пристигнување во Наполи, Конте ја пренесе на своите играчи својата филозофија, која се заснова на напорна работа, амбиција и победнички менталитет. Овој нов став му овозможи на Наполи веднаш да постигне позитивни резултати, оправдувајќи го изборот на претседателот да го донесе. Де Лаурентис врати во Италија еден од најуспешните тренери во светот, го коментираа од жирито својот избор за победник.

Втора регионална средба на земјоделско-ветеринарни училишта

Средното училиште од Драчево СУГС „Браќа Миладиновци“ беше домаќин на Втората регионална средба на земјоделско-ветеринарни училишта.

Изминативе два дена, во Скопје се одржа Втората регионална средба на земјоделско-ветеринарни училишта, чиј домаќин беше средното училиште СУГС „Браќа Миладиновци“.

На средбата присуствуваа осумдесетина директори и професори по стручни предмети на средни училишта од Словенија, Хрватска, Србија и Македонија.

Поводот за средбата беше намалениот интерес за изучување на земјоделско-ветеринарната струка, а целта е да се дојде до заклучоци и практични решенија како да се зголеми интересот за изучување на истата.

Со таа цел, училиштето покани врвни италијански компании од областа на агрономијата и шумарството. Тие на присутните, преку видео презентации ги претставија последните достигнувања од областа: вертикални градини, хидропоника, дронови за детектирање и спречување пожари и.т.н.

Со видео врска се вклучија дел од водечките луѓе на компаниите Хидромеханика Лукини (Матео Лукини) и Вектор Роботикс (Габриеле Џорџини); но и поздравно писмо од италијанскиот проф. д-р Рикардо Валентини, добитник на Нобелова награда за истражувањата од областа на климатските промени.

На настанот се обрати и македонскиот бизнисмен и иноватор од областа на хидро и хортикултурата, г. Зоран Весковски. Компанијата Китка и училиштето имаат долгогодишна соработка преку дуалното образование.

Впечатливо излагање имаше проф. д-р Мирјана Димовска од Институтот за јавно здравје, воедно и професор на Медицинскиот факултет. Таа во една прекрасна сентенција наречена “Едно здравје” (One Health), нераскинливо ги спои производството на храна, ветеринарната контрола и севкупното здравје на населението.

Секоја од земјите учеснички ја презентираше својата стратегија и искуства во надминување на проблемот со намеалениот интерес за изучување на струката.

На крај се донесе заедничка декларација дека взаемното вмрежување и меѓународните искуства неминовно ќе ги насочат погледите кон овие неопходни, незаменливи и безвременски струки. Но, овие струки мораат да ги следат глобалните трендови за унапредување, кои ги наметнуваат климатските промени. Земјоделското производство во иднина се повеќе ќе се одвива во контролирани услови со примена на дигитална технологија, а тоа од друга страна јасно ја истакнува потребата за обучени кадри кои своето знаење ќе го применат во пракса. Токму затоа застарената слика дека земјоделското производство е тешка и макотрпна професија која повеќе не ги привлекува младите генерации, треба да се менува во друг правец и да се креира новата слика за потребата од дигитално земјоделско производство. Образовните програми треба да се надополнат со нови смерови кои ќе ги едуцираат младите токму за примена на дигитална технологија во земјоделско производство, што ќе има двоен бенефит. Од една страна, младите повторно ќе ја засакаат оваа струка, а од друга страна земјоделското производство ќе биде модерно, одржливо и се попрофитабилно.

Настанот помина во убава и конструктивна атмосфера, благодарение на посветеноста на сите учесници кои успешно ги координираше г. Алберто Погорелц од Италија, Сениор експерт за одржлив развој, кој ја прифати поканата на училиштето да помогне во организација на Средбата.

Третата средба е закажана за наредната година во Република Хрватска.

Доминиканската Република најави дека секоја недела ќе депортираат по 10.000 мигранти

Доминиканската Република најави дека планира да депортира до 10.000 мигранти без документи неделно за да се бори против неконтролираната миграција.

Планот го објави портпаролот на претседателот Луис Абинадер, Хомеро Фигуероа, кој го обвини бавниот одговор на меѓународната заедница за повеќемесечното насилство од бандите во соседен Хаити и нејзиниот неуспех да ја врати стабилноста, пишува Би-Би-Си.

Десетици илјади Хаиќани избегаа преку границата во Доминиканската Република. Критичарите велат дека владата на претседателот Абинадер се однесувала нехумано со мигрантите од Хаити, од кои многумина бегаат од екстремното насилство на банди и сиромаштијата во главниот град Порт-о-Пренс.

Фигуероа рече дека депортациите ќе започнат веднаш и ќе ги следат строгите протоколи кои гарантираат почитување на човековите права. Коментарите на портпаролот на доминиканската влада сугерираат дека стапката на депортација на Хаиќани без документи значително ќе се зголеми.

Бидејќи насилството на бандите на Хаити се влошува во последниве месеци, доминиканските власти постојано ги враќаат Хаиќаните преку нивната заедничка копнена граница. Сега, рече Фигуероа, тој број може да достигне до 10.000 луѓе неделно.

Тој зборуваше за, како што рече, „вишокот“ на мигранти од Хаити во Доминиканската Република и рече дека граничните власти, исто така, ќе го зголемат надзорот и контролата. Доминиканскиот претседател неодамна го предупреди Генералното собрание на Обединетите нации дека неговата влада е подготвена да преземе, како што рече, „драстични мерки“.

Делумно, овие најнови коментари за масовните депортации ја нагласуваат фрустрацијата на Санто Доминго поради неуспехот на меѓународната заедница да донесе поголема стабилност на Хаити. Меѓународните безбедносни сили предводени од Кенија од околу 400 офицери се распоредени во оваа карипска земја.

Сепак, бандите сè уште контролираат голем дел од главниот град, а хуманитарната криза во смисла на глад, пристап до чиста вода за пиење и медицинска нега останува критична. Според Меѓународната организација за миграција (ИОМ) на ОН, Доминиканската Република насилно вратила повеќе од 200.000 луѓе на Хаити минатата година.

притисни ентер