Зборовите на оваа неизлечиво болна жена ќе ве расплачат

Mногумина после ова ќе си го стават прстот на чело!

Што би одговориле кога некој некогаш би ве прашал: „Да можете повторно да го проживеете животот, дали нешто би промениле?

Ерма Луиз Бомбек беше американска хумористка која, осврнувајќи се наназад на својот живот, го опишала каењето за пропуштените моменти кои никогаш нема да се вратат. Како и многумина во современото општество, и таа трчала по успех, заробена во рутината на секојдневието и оптоварена со списокот на работи кои „мора“ да ги направи, па во своите педесетти години сфатила дека го протрчала она најважното - животот.

Во 1979 година, некој ја прашал познатата Ерма: „Кога би можеле повторно да го проживеете животот, дали би промениле нешто? Нејзиниот одговор во моментот бил не, но кога размислила, го променила своето мислење. Како резултат на тоа напишала класична колумна полна со топлина, во нејзин стил. Таму се наоѓа и еден од најпопуларните цитати, кој, сигурно висел на стотици врати од фрижидерите, а преку оваа своја колумна, Бомбек нежно нè потсетува на она што е навистина важно во животот:

- Кога би можела да го живеам животот одново, би легнала да се одморам кога ми е лошо, наместо да се преправам дека светот ќе застане ако не дојдам на работа еден ден... Би ја запалила розовата свеќа во форма на роза, наместо да ја оставам да се стопи во оставата... Помалку би зборувала, а повеќе би слушала... Би ги поканила пријателите, дури и ако имам дамки на тепихот, а на каучот му треба чистење. Би јадела пуканки во „добрата“ соба и не би се грижела толку за прашината кога некој ќе посака да запали оган во огништето. Никогаш не би инсистирала да се возам со затворени прозорци во убав летен ден само затоа што косата ми е свежо фенирана, би лежела на ливада со главата на тревата, помалку би плачела и би се смеела додека гледам телевизија, а повеќе додека го гледам животот. Но, најмногу од сè, кога би имала втора шанса во животот, би го ценела секој момент, навистина би била свесна за него... би го живеела... не би се грижела за малите и ситни работи... Не грижи се за оние кои не те сакаат, поточно, не треба да ти е гајле кој што прави... Наместо тоа, треба да ги негуваме пријателите што ги имаме и луѓето што нè сакаат... И да обрнеме внимание на она што го правиме секој ден, за умот, телото, душата, емоциите да ги направиме подобри – напишала Бомбек своевремено.

Нејзините зборови можат да ни послужат како развојна точка, на која можеме да застанеме, да согледаме и да процениме дали навистина сакаме да живееме така или можеби е време да направиме промена.

Инаку, на Ерма на 20-годишна возраст ѝ дијагностицирале полицистични бубрези, неизлечива генетска состојба. Таа преживеала рак на дојката и мастектомија, а криела дека има бубрежна болест, поднесувајќи ја секојдневната дијализа. Во јавноста излезе со информација дека е тешко болна во 1993 година, а почина во 1996 година како последица на компликации по трансплантацијата на бубрег.

Стојановиќ од Макпетрол ќе се бори за бронза на Светското карате првенство во Венеција

Членот на карате клубот Макпетрол, Стефан Стојановиќ, ќе се бори за освојување на третото место на Светското карате првенство за кадети, јуниори и У-21 во Венеција. 

На шампионат во италијанскиот град, македонскиот каратист учествува во категоријата над 84 килограми во У-21.

Стојановиќ не беше поразен во полуфиналето од Италијанецот Матео Аванзини. Борбата заврши 3-3, но поради правилото „прв освоен поен“, понатаму оди каратистот од земјата-домаќин.

До полуфиналето, Македонецот нанижа три победи. За бронзениот медал ќе ги одмери силите со Николаи Секот од Германија.

Настап на турнирот имаше и Данило Божовиќ (-84 кг). Со две победи во групата и една во репасажот тој беше на чекор на борба за бронза. Во клучното соочување загуби минимално во возбудлив меч со Јапонецот Јосуке Абе и го освои седмото место.

Македонската карате репрезентација во Венеција настапува со 35 каратисти со 37 натпреварувачки влезови. На Светското првенство во италијанскиот град учествуваат 1.990 спортисти од 113 држави.

Иван Иван прв играч во историјата на НХЛ со исто име и презиме

 Чешкиот хокеар на Колорадо, Иван Иван стана првиот играч во историјата на НХЛ чие име и презиме се сосема исти.

Дваесет и двегодишниот хокеар дебитираше за Колорадо ноќеска во натпреварот од регуларниот дел од сезоната 2024/25 против Вегас.

Иван Иван помина 9 минути и 44 секунди на мразот.

Чешкиот хокеар не беше драфтуван во НХЛ. Во пролетта 2024 година, Иван потпиша двегодишен договор со Колорадо.

Најстудено утрово во Берово, дневните температури денеска од 24 до 29 степени

Најниска утринска температура од шест степени утрово е измерена во Берово.

Како што информира УХМР, 9 степени се измерени на Попова Шапка, 10 во Битола, Струмица, Лазарополе, Крива Паланка и Куманово, 11 во Тетово и Гевгелија, 12 во Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Охрид, Прилеп, Штип, Маврови Анови, Демир Капија, Крушево, Велес и Кавадарци, 13 степени во Претор и 14 во Виница и Дебар.

Во изминатите 24 часа, најмногу дожд наврнало во Лазараполе (шест литри на квадратен метар), 2 во Штип, Охрид, Виница, Прилеп и Крушево и 1 во Битола, Дебар, Попова Шапка, Струмица, Гевгелија, Велес, Претор, Демир Капија, Радовиш–Пожар, Кавадарци и Маврови Анови.

Утрово зголемена облачност се преместува од западниот кон источниот дел од државата и дува слаб до умерен променлив ветер кој е изразен на поголемите надморски височини.

Наутро по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла или ниска облачност. Преку денот сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне од 24 до 29 степени, соопшти УХМР.

Во Скопје наутро со услови за појава на слаба магла или ниска облачност. Преку денот претежно сончево и топло со слаб до умерен југоисточен ветер. Ќе дува слаб јужен ветер. Максималната температура во главниот град ќе достигне 27 степени.

притисни ентер