Заоблениот стомак е аларм за синдромот кој води до опасни заболувања

Постот може да го заштити здравјето (фото)

Медитеранската исхрана и христијанскиот пост се одлична превенција против дијабетес тип 2.

Дијабетес мелитус тип 2 во регионот, но и во Европа, добива епидемиски размери. Речиси секој од нас познава барем една личност која ја има оваа болест, а да не зборуваме за бројот на луѓе кои страдаат од инсулинска резистенција. Во едно интервју проф. д-р Весна Димитриевиќ Сречковиќ, раководител на Одделот за третман од компликации на хроничен дијабетес и исхрана и раководител на Кабинетот за исхрана и превенција на метаболички нарушувања на Клиниката за ендокринологија, дијабетес и метаболички болести при Универзитетскиот клинички центар во Србија, наведува дека со промена на начинот на исхрана се забележани големи придобивки кај лицата кои имаат дијабетес и кај лицата кои се на посебен режим поради инсулинска резистенција.

Според неа, честопати се случува како причинители на дијабетес да се јават повеќе комбинирани фактори.

- Дебелината во пределот на стомакот е главен критериум за дијагностицирање на преметаболички и метаболички синдром, и таа укажува на ризик од развој на дијабетес, атеросклеротични компликации како ангина пекторис, срцев и мозочен удар, масни безалкохолни заболувања на црниот дроб, сексуални нарушувања и неплодност, депресија и рак. Секој човек со стомаче, а тоа важи и за децата, адолесцентите и младите, има преметаболичен синдром кој се карактеризира со хиперинсулинизам, отпорност на инсулин, појава на албумини, белковини во урината, зголемени фактори за тромбоза и намалена антиоксидантна заштита. Стомакот е аларм да се разбудиме и да го спречиме метаболичкиот синдром кој води до дијабетес и бројни хронични коморбидитети - вели проф. Димитриевиќ Сречковиќ.

Инсулинската резистенција е состојба која сè почесто се дијагностицира и кај млади лица.

На прашањето каква диета се препорачува кај лицата со дијагностицирана инсулинска резистенција, а каква диета се препорачува за оние кои веќе имаат дијабетес мелитус тип 2, д-р Сречковиќ вели:

- Предијабетесот е претставен со две нарушувања: покачена гликемија на гладно (шеќер во нулта минута од 6,1 до 7,0 mmol/l, а по два часа тој е помал од 7,8 mmol/l) и нетолеранција на гликоза (шеќер во нултата минута од 6,1 до 7,0 mmol/l, а по два часа помеѓу 7,8 и 11,1 mmol/l). Предијабетесот е преодна состојба помеѓу нормална толеранција на гликоза и дијабетес тип 2. Најдобри резултати се постигнуваат со физичка активност заедно со правилна исхрана. Инсулинската резистенција е основа за дебелина, предијабетес и дијабетес, а исхраната кај овие нарушувања е единствена. Се препорачува медитеранска исхрана богата со диетални влакна и сложени јаглехидрати од овошје, зеленчук, житарки, мононезаситени масти од маслиново масло, омега-3 полинезаситени масти од морска риба и намалување на мастите и протеините од животинско потекло. Дијабетесот и придружните болести може да се превенираат и лекуваат со урамнотежена исхрана индивидуално прилагодена на личноста. Индивидуалниот пристап вклучува возраст, пол, телесна тежина и ниво на физичка активност, врз основа на кои се пресметуваат дневните потреби за енергија. Доколку е присутна прекумерна телесна тежина која се карактеризира со индекс на телесна маса од 25 до 30 kg/m2 или дебелина каде што индексот е поголем од 30 kg/m2, потребно е да се намали дневниот внес на калории за 500 kcal, со што се постигнува губење на тежината. од околу два до три килограми месечно, т.е за 12 до 15 килограми намалување на телесната тежина за шест месеци. Доволно е да имате абдоминална дебелина поголема од 94 cm кај мажите, а кај жените поголема од 80 cm, што го дефинира нарушувањето преметаболички синдром и постоењето на ризик од горенаведените нарушувања и болести.

При неформални разговори честопати може да слушнеме дека нашите прабаби и баби не боледувале од дијабетес мелитус тип 2, иако од денешен аспект, не се хранеле многу здраво. Нутритивните навики на семејствата на нашето поднебје не вклучувале семиња од чиа, лен, авокадо или маслиново масло, но гравот, грашокот, боранија, леќата, месото, компирот, белиот леб, многу свежо овошје и зеленчук биле застапени барем еднаш неделно, но и домашните колачи. Ако се знае дека лошите прехранбени навики се една од главните причини за појавата на дијабетес, еве како професорката Сречковиќ Димитриевиќ ги објаснува причините за денешната застапеност на дијабетесот:

- Прво нашите предци многу работеле на нивите, се движеле, не јаделе секој ден мрсна храна, а користеле лековити билки, диви плодови и чаеви од сушени лисја за контрола на шеќерот во крвта и превенција од дијабетес, како што се лист од капина, боровинка, црница, коприва, бозел, пелин, рузмарин, глуварче, нане, босилек, плод од шипка, цвет од камилица, плод од смрека. Користеле лук, салата од свеж лист од глуварче, плод и корен од боровинка... Овие растенија го намалуваат покаченото ниво на гликоза, го зајакнуваат имунитетот, го чистат организмот од паразити и вируси, а позитивно влијаат на регулирањето на целокупниот метаболизам на гликозата и липидите. Во последниве две-три децении нашата храна значително се промени, поради што се промени и нашето здравје. Денеска имаме голем процент на дебели луѓе, а познато е дека не постои здрав дебел човек. Храната што денес ја јадат луѓето, па и децата, е полна со заситени масти и масти од животинско потекло, кои не само што ги оштетуваат крвните садови, туку се нутритивно празни калории, односно на организмот не му ги даваат потребните хранливи материи, предизвикуваат постојана глад и го оптоваруваат организмот со маснотии. Тоа значи дека нашата храна нè променила нас и нашите навики. Според искуството од мојата сопствена ендокринолошка пракса, шестмесечната индивидуално прилагодена медитеранска исхрана има статистички значаен ефект врз индексот на телесната маса, врз односот на обемот половината и колковите, позитивно влијае на намалување на инсулинската резистенција, зголемување на инсулинската сензитивност, има поволен ефект врз липидниот статус, односот на лошиот и добриот холестерол, крвниот притисок, нивото на хомоцистеин, тромбоцитната агрегација и превенцијата на атеросклероза.

На прашањето колку постот игра улога во превенцијата од дијабетес и како би требало да изгледа за да се спречи појавата на оваа болест, д-р Весна Сречковиќ Димитриевиќ вели:

- Постот целосно одговара на медитеранската исхрана и можам да тврдам дека со христијанскиот пост можеме да ги спречиме и лекуваме сите споменати хронични заболувања, како и со медитеранската исхрана која ја користам во клиничката и научна работа. Постот не е и не треба да биде гладување, туку исклучување на животинските масти и белковините од јајцата, месото и млечните производи, со употреба на многу овошје, зеленчук, житарки, речни и морски риби, како и сите видови масла, особено маслиновото масло... Најновите научни истражувања во светот покажаа дека ако два пати неделно ги исклучиме протеините и мастите од животинско потекло, ќе имаме поволни ефекти за превенција на бројни болести. Ваквиот начин на исхрана го нарекуваат fasting (пост), а токму тоа е постот за кој нашиот народ знае со векови и традиционално го применува во среда и петок. Многу луѓе поради одредени болести и здравствени состојби, се ослободени од тоа што го налага свештенството, па можат во текот на целиот пост да внесуваат масло и риба.

Друга важна функција на постот, покрај чистењето на телото и умот од тешката храна, е чистење од тешките мисли и зајакнување на волјата.

- Преку откажување од мрсната и тешка храна ние ја зајакнуваме волјата и го чистиме умот од деструктивни и лоши мисли. Затоа, важно е да ја зајакнеме нашата волја и да ги постигнеме поволни ефекти од овој начин на исхрана при превенција и третман на дебелина, метаболички синдром, дијабетес, срцев удар, мозочен удар, замастен црн дроб, депресија, неплодност и рак. Намалениот внес на животински протеини го намалува ризикот од рак, како и нивото на хомоцистеин, кој придонесува во развојот на атеросклероза.

Кога станува збор за физичките активности што се препорачуваат за превенција од дијабетес, како и за лица кои веќе ја имаат оваа болест, тие треба да се комбинираат со правилна исхрана.

- Се препорачува медитеранска исхрана богата со диетални влакна и сложени јаглехидрати од овошје, зеленчук, житарки, мононезаситени масти од маслиновото масло, омега-3 полинезаситени масти од морската риба и намалување на мастите и протеините од животинско потекло. Секојдневната прошетка или брзото одење во траење од најмалку половина час дневно или планирана физичка активност водена од стручно лице поволно влијае на регулирањето на метаболизмот и намалувањето на дебелината, на спречувањето на предијабетес, дијабетес и придружни болести.

На прашањето кои лековити билки треба да се користат, во каква форма и дали се работи само за билки застапени на нашето поднебје или не, проф. Димитриевиќ вели:

- Растенијата, овошјето и зеленчукот најдобро делуваат заедно, бидејќи сè во природата е компатибилно и во хармонија, дури и кога станува збор за сосема различни нешта, предели и природни појави, овошје и зеленчук, семиња, билки... Моќта на лековитите билки при контрола на шеќерот во крвта и нивната компатибилност, и природата и науката секојдневно ја потврдуваат. Ново израелско истражување покажа дека со комбинирање на девет билки во одреден сооднос, добиваме многу моќен препарат за контрола и лечење на дијабетес мелитус тип два, без контраиндикации и несакани ефекти. Тие билки се куркума, цимет, пискавец, горчлива диња, свертија, амла, листови од гимнема силвестре, кутки, индиска џамбулан слива. Овие билки воглавно растат во Азија и Африка, а некои ги има и кај нас. Оваа случајна, двојно слепа студија покажала дека со користење на овие девет билки во природен препарат, во 97 % од случаите го регулира нивото на шеќер во крвта, го стимулира варењето, го нормализира лачењето на инсулин, ја намалува желбата за шеќер и го зголемува нивото на енергија.

НАТО ги осуди кибер нападите насочени против демократските институции

Северноатлантскиот совет (НАК) денеска изрази солидарност со Германија по злонамерната кибер кампања против Социјалдемократската партија на Германија (СПД) и со Чешка, која се соочува со злонамерни кибер активности против нејзините институции.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, во соопштението на НАК се наведува дека одговорноста за овие злонамерни кибер активности, Германија и Чешка му ја припишаа на актерот АПТ28, кој е спонзориран од Русија, а пред се од руската воена разузнавачка служба - Главната дирекција на Генералштабот на руските Вооружени сили (ГРУ).

НАК додава дека со загриженост забележува дека истиот актер упатува закани насочени и кон други национални владини ентитети, оператори со критична инфраструктура и други ентитети низ Алијансата, вклучително и во Литванија, Полска, Словачка и Шведска.

- Силно ги осудуваме злонамерните кибер активности насочени кон поткопување на нашите демократски институции, националната безбедност и слободното општество. Злонамерните кибер активности насочени против Германија и Чешка потврдуваат дека кибер просторот е под ризик во секое време. Актерите на кибер заканата упорно се обидуваат да ја дестабилизираат Алијансата, се наведува во соопштението на Северноатлантскиот совет.

Во реакцијата натаму се посочува дека НАТО останува посветени на спротивставување на суштинската, континуираната и зголемена кибер закана, вклучително и кон демократските системи и критична инфраструктура на неговите членки.

- Ние сме решени да ги искористиме потребните потенцијали со цел да го одвратиме, да се одбраниме и да се спротивставиме на целиот спектар на кибер закани со меѓусебна поддршка, вклучително и со разгледување на координирани одговори. Промовираме слободен, отворен, мирен и безбеден кибер простор. Ги повикуваме сите земји, вклучително и Русија, да ги почитуваат своите меѓународни обврски и меѓународното право и да дејствуваат во рамката на одговорно однесување на една држава во кибер просторот, како што е потврдено од сите членки на Обединетите нации, се додава во соопштението на НАК.

Студениот бран не предизвика штети во земјоделието, дождот добредојден за пролетната сеидба

Студениот бран кој не зафати изминатиов период не предизвика оштетувања во земјоделството. 

Студениот бран кој не зафати изминатиов период не предизвика сериозни оштетувања во земјоделството иако падот од 10 до 15 степени предизвика негативни состојби кај растенијата. Падот на температурите сепак не беше драстичен и под нулата заради тоа што беше проследен со доста облачнсот и не предизвика мрзнење туку можни се само мали проредување кај одредени овошни видови. Спроед агро метролозите земјоделците полека се навикнуваат на климатските промени и сите негативни последици.

Засега врнежиет кои ги имаме како последица на овој бран се исклучително добре дојдени. Со овие врнежи кои дојдоа по сушниот период се создадоа идеални услови за пролетната сеидба а се во последен момент и за есенските посеви за да имаат добар принос.

Можноста за појава на доцни пролетни мразеви полека одминува речиси за сите земјдоелски региони според податоците за апсолутна појава на доцни пролетни мразеви.

Под мотото „Будење“, во Србија се одбележува годишнината од страшниот масакр

Под мотото „Будење“, Србија денеска одбележува една година од масакрот во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград.

Во 08:41 часот утринава медиумите во Србија ги прекинаа телевизиските и радио програмите. Тоа е времето кога точно пред една година Коста Кецмановиќ вооружен со пиштолот на татко му, почна да ги убива соучениците, а уби девет ученици и училишниот чувар во училиштето.

Пред училиштето дојдоа родителите на убиените деца, а се собраа и голем број граѓани, пријатели, роднини на жртвите, за да им оддадат почит. Глетката пред училишната зграда никого не остава рамнодушен, објавија српските медиуми.

На посебно плато пред училиштето, каде се поставени фотографиите и имињата на убиените деца и чуварот, се оставаат цвеќиња и се палат свеќи.

И претседателот на Србија, Александар Вучиќ, утрово положи цвеќе во ОУ „Владислав Рибникар“.

На самиот влез во училиштето беше поставена просторно-уметничка инсталација „превез на плачот“ на која беа испишани имињата на сите жртви од училиштето Рибникар. Граѓаните се повикуваат да дојдат на целодневниот форум во Ташмајданскиот парк и да разговараат со членовите на тимот за воспоставување меморијален центар за жртвите на ова масовно убиство.

По палењето на свеќите, граѓаните ќе можат да го посетат т.н „простор на тишината“, како што организаторите го нарекоа просторот на улиците околу ОУ „Владислав Рибникар“.

Во петок, во 20:30 часот на РТС 1 ќе биде пуштен документарниот филм „Болка“, во чест на убиените ученици.

Против родителите на малолетниот Кецмановиќ, Владимир и Миљана Кецмановиќ поведени се кривични и пет граѓански постапки. Убиецот нема да одговара бидејќи немал 14 години кога ги извршил убиствата. Тој е на лекување во психијатриска болница.

притисни ентер