Зајкова: Крајно време е да се дискутира за решенија

„Моите очекувања се дека во Дуелот Ковачевски-Мицкоски ќе се презентира што до сега секој сработил и како понатаму планира да ја движи државата, фактите да говорат, но и јавноста да знае кој каква визија има за иднината. “

ЛДП секогаш водела сметка критиките да бидат конструктивни и врз основа на она што значи програма и идеологија, не врз празни флоскули и обвинувања, лесно е да се омаловажуваме и да кажуваме се' и сешто, но на тој начин граѓаните ги демотивираме и повеќе ги разочаруваме во политиката. Крајно време е да се дискутира за решенија, а не на дневно политичка основа. Во врска со утрешниот „Дуел за Македонија“ очекувам Ковачевски и Мицкоски да понудат концепти за иднината на државата и граѓаните. Моите очекувања се дека во Дуелот ќе се презентира што до сега секој сработил и како понатаму планира да ја движи државата, фактите да говорат, но и јавноста да знае кој каква визија има за иднината.

Кодексот за фер избори секогаш го потпишувале партиите, иако можеби и не секој го почитувал. Надминато ни е времето за изборни нерегуларности, мислам дека ќе имаме фер и демократски изборен процес каде учесниците во изборите ќе ги соочат своите концепти, а не со преку било какви драми кои што можат да предизвикаат краткотрајна реакција вио јавноста, рече Претседателката на ЛДП, Моника Зајкова во Само Вистина.

Партијата Достоинство на Ангелов која ја напушти владината коалиција и како причина го наведе неносењето на законот за бранители и морам да напоменам дека ваков закон не беше усвоен и во таа влада во 2008 година имало ист таков закон и никој јавно не реагирал, дури и ако ги прашате новинарите ќе речат дека на тогашните пратеници им било забрането да дискутираат на темата. Богојески веројатно се враќа во јатото од каде што излегол, а Трајанов кој што 30 години е учесник на политичката сцена и во даден момент има одредени изговори кога треба да премине од една на друга страна, рече Зајкова во Само Вистина.

Баерн понуди 20 милиони евра за Та

 Баерн Минхен испрати втора понуда до Баер Леверкузен за дефанзивецот Џонатан Та, пренесува „Кикер“.

Според германскиот весник, клубот од Минхен е подготвен да плати 20 милиони евра за 28-годишниот Германец. Може да се платат и дополнителни пет милиони евра во форма на бонуси.

Актуелниот договор на играчот со Леверкузен е на уште една година, а тој не планира да го продолжи договорот со надеж дека ќе замине во Баерн.

Во сезоната 2023/24, Та настапи на 48 натпревари во сите натпреварувања, постигна шест голови и една асистенција.

Илон Маск за церемонијата на отворање на Олимпијадата:Беше крајно непочитување кон христијаните

Милијардерот Илон Маск реагираше за свеченото отворање на Олимпијадата во Париз.

- Ова беше крајно непочитување кон христијаните, напиша Маск на социјалните мрежи.

Тој одговори на твитот со снимка од церемонијата на отворање и натпис: „Отфрлање на дегенерацијата“.

И пратеничката во Европскиот парламент Марион Марешал изрази бес поради случувањата на отворањето на Олимписките игри во 2024 година.

- До сите христијани во светот кои ја гледаа церемонијата на отворање и беа навредени од оваа пародија на Тајната вечера. Знајте дека ова не зборува Франција, туку левичарско малцинство кое е подготвено на секаква провокација, напиша Марешал на социјалната мрежа.

Таа реагира на како што вели, сцените на обезглавената Марија Антоанета, понижувањето на Републиканската гарда принудена да танцува со Аја Накамура и општата грдотија на костимите и кореографијата.

Летните олимписки игри 2024 беа отворени синоќа во Париз.

Трамп најави уште еден митинг во Батлер, градот каде што беше извршен обид за атентат врз него

Поранешниот американски претседател и републикански кандидат на претстојните претседателски избори, Доналд Трамп, најави дека наскоро ќе одржи уште еден митинг во Батлер, Пенсилванија, каде што беше извршен обид за атентат врз него на 13 јули.

„Ќе се вратам во Батлер, во Пенсилванија, на голем и убав митинг“, напиша тој на социјалните мрежи.

Трамп не го прецизираше датумот, а деталите ќе ги соопшти подоцна.

притисни ентер