Заев: Убеден сум дека на 17 и 18 октомври ќе добиеме датум за почеток на преговори со ЕУ

Заслужуваме да добиеме одлука за почеток на преговори со Европската Унија.  ЕУ вети – ако вие испорачате и ние ќе испорачаме. 

Очекуваме ЕУ да го одржи зборот и да испорача. Убеден сум дека Европскиот совет на 17 и 18 октомври ќе ја донесе толку долго очекуваната одлука за почеток на преговори со земјава, порача денеска премиерот Зоран Заев.

-Ние не очекуваме од 18 октомври да бидеме полноправна членка на ЕУ. Свесни сме дека тоа е пат, дека е процес низ којшто треба да поминеме. Очекуваме да го добиеме следниот чекор, а тоа е почеток на преговорите, отворање на поглавјата и на пристапните фондови за да продолжи трансформацијата на нашето општество кон европско општество. Тоа се нашите намери, рече Заев во одговр на прашање при денешната посета на индустриската зона „Новини" во кумановското село Речица.

Потсети дека на јунскиот самит на ЕУ се побара одложување на одлуката за почеток на преговори заради тоа што беа многу блиску парламентарните избори и националните парламенти немаа време да дискутираат по Извештајот на ЕУ за нашата земја.

-Сфативме, во ред е, но направивме дипломатска активност во којашто баравме од канцелараката Меркел, од Бундестагот и од лидерите на другите земји ако е веќе октомври, да биде октомври. И тогаш го добивме зборот од сите. Бундесатогот прати порака и ја заврши својата работа. Верувам и во претседателот Макрон. Легитимна е дебатата за реформи во ЕУ, таа мора да се менува и да опстане како лидер на светско ниво во делот на вредностите, на демократијата, компетативноста,…, но тоа може да се случува паралелно со процесот на проширување. Очекувам на октомврискиот самит дека ќе се разговара за Брегзит и за реформите во ЕУ, но и за проширување на Западен Балкан и за нашата земја, посочи Заев.

Побара европските лидери да го испочитуваат дадениот збор, зашто, како што рече, ние тоа го заслуживме.

-На тој начин ќе не мотивираат да продолжиме понатаму. Ниту еден нема замерка за Република Македонија. Понекогаш се спомнува дека би било добро да биде донесен новиот закон за ЈО, но дефинитивно нема да се кршат одлуките на законот за ЈО. Ако го донесеме ќе ја отстраниме и таа можност за да нема таква дебата. Сите земји во последните 20 години што како земји кандидати добиле одлука за почеток на преговори направиле помалку од нас. Ние направивме повеќе од сите, потенцира Заев.

Премиерот не очекува Бугарија да прави проблеми на октомврискиот самитна ЕУ и е убеден дека ќе биде една од земјите што ќе гласа за почеток на преговори со Македонија.

-Во 21 век во срцето на Европа никој повеќе не зборува за идентитетски прашања. Нашите идентитетски прашања се заокружени, тие се веќе впишани во личната карта на ОН, признаени се од сите. И на нив им е јасно дека идентитетските прашања се конечно потврдени во Договорот за добрососедство во кој се зборува за двата народа. Во Декларацијата што ја потврди и Парламентот, Бугарија зборува за поддршка на одлуката за почеток на преговори со ЕУ. Точно понатаму во Декларацијата зборува дека Договорот мора да се реализира низ 35-те поглавја и сето тоа за мене е логично заради тоа што бараат гаранции дека тоа ќе се испочитува. Верувам дека и ова прашање ќе го надминеме и ќе го решиме, рече Заев.

Прашан дали ќе има предвремени парламентарни избори доколу не добиеме покана за почеток на преговори, претседателот на Владата рече дека не се размислува за предвремени избори.

-Како прво не се размислува поради тоа што не размислуваме дека ќе имаме негативна одлука. Второ, мислам дури и да се добие негативна одлука дека не треба да се оди на избори заради тоа што треба да се искористи периодот до редовните избори, бидејќи е економски драгоцен за целата трансформација што ни се случува, рече Заев и нагласи оти е убеден дека Европскиот совет ќе ја донесе толку долго очекуваната одлука за почеток на преговори со земјава.

Слета првиот авион со кинеска делегација во Белград, со Си ќе пристигнат 400 претставници

Членови на кинеската делегација, министри и претставници на институции пристигнаа во Белград во рамки на дводневната посета на Србија, која денеска ќе ја започне кинескиот претседател Си Џинпинг.

Вицепремиерот и министер за финансии на Србија, Синиша Мали заедно со министерот за трговија Томислав Момировиќ ги чекаа првите гости од Кина и ги пречекаа на аеродромот.

Претседателот Си вечерва ќе го посети Белград, а ќе ја предводи 400-члената кинеска делегација во Србија, објави Курир.

Кирби: Русија треба само да ги повлече своите трупи

Со цел да ги заштити своите војници од влијанието на оружјето произведено од Запад, Русија треба едноставно да ги повлече од територијата на Украина, изјави Џон Кирби, координатор за стратешки комуникации на Советот за национална безбедност на САД.

-Ако (Владимир) Путин и руските официјални лица се загрижени дека нивните трупи во Украина би можеле да бидат погодени од оружје произведено во други земји, најлесниот начин да се избегне тоа е едноставно да ги повлечат своите трупи, вели Кирби.

Тој додава дека во моментов администрацијата не гледа вистински чекори од страна на Руската Федерација во однос на можна употреба на нуклеарно оружје и „покрај агресивната реторика“. /МИА

Франција, Германија и Италија бараат одложување на одлуката за прием на Косово во СЕ

Франција, Германија и Италија бараат одложување на одлуката за прием на Косово во Советот на Европа, објави Албаниан Пост.

Франција, на која и се приклучија Германија и Италија, бара да се одложи одлуката за кандидатурата на Косово за членство во Советот на Европа на мајскиот состанок на Комитетот на министри, пишува тирански Албаниан Пост, повикувајќи се на дипломатски извори.

Според истите извори, утре во Стразбур се очекува последната средба на амбасадорите на земјите членки пред состанокот на министрите на кој се очекува да биде донесена долгоочекуваната одлука за Косово, пренесува Бета.

Како што дознава Албаниан Пост, се очекува утре на дневен ред на мајскиот министерски состанок амбасадорите на земјите членки на Советот на Европа да не го вклучат прашањето за членството на Косово.

Според порталот, иако германската позиција досега не беше јасна, сега се чини јасно дека и Германија зазеде став дека владата на премиерот Албин Курти мора да преземе конкретни чекори во однос на Заедницата на општини со српско мнозинство (ЗСО) за да добие членство во Советот на Европа.

Франција, Германија и Италија веќе се на став дека членството на Косово во Советот на Европа треба да се одложи до моментот кога Владата на Косово ќе ја докаже својата посветеност на спроведувањето на ЗСО со испраќањето на нацрт-статутот до Уставниот суд.

Во написот се додава, дека ваквиот пристап не е поддржан од Обединетото Кралство, според кое прашањето за ЗСО како производ на бриселските преговори не треба да се меша со прашањето за членство во Советот на Европа.

Сепак, и покрај политичката реторика на косовската Влада, која постојано го нагласуваше фактот дека Косово ги исполни сите услови потребни за прием во Советот на Европа, дури и според мислењето подготвено од Дора Бакојани, земјите со одлучувачко влијание како Франција и Италија одамна го информираа Курти дека почетокот на значајни чекори кон имплементација на договорот за ЗСО е непремостлив услов за членство на Косово во Советот на Европа.

Во меѓувреме, Германската амбасада во Приштина денеска соопшти дека е време Владата на Косово да ги убеди земјите членки на Советот на Европа дека заслужува прием во таа меѓународна организација, преземајќи конкретни чекори кон создавање ЗСО. Германската амбасада соопшти дека Квинта групата и другите континуирано нагласуваат дека очекуваат Косово да преземе опипливи чекори за формирање на ЗСО, за да се постигне неопходното двотретинско мнозинство во Комитетот на министри на СЕ, пренесоа приштинските медиуми.

Реакција денеска пристигна и од Амбасадата на Франција во Косово, која соопшти дека со испраќање на нацрт-статутот на ЗСО до Уставниот суд, Косово ќе добие поддршка за прием во Советот на Европа. Во одговор на прашање поставено од kohe.net, од амбасадата велат дека овој нацрт-статут е најдобрата основа што се нуди за формирање на ЗСО.

„Испраќањето на нацрт-статутот на ЗСО на евалуација до Уставниот суд се споменува како еден од јасните чекори што Косово мора да ги преземе за да обезбеди поддршка во Советот на Европа, но премиерот Курти изјави дека Косово не го прифаќа тој план како одвоен од целокупниот план (Брисел и Охрид). Испраќањето на нацрт-статутот до Уставниот суд на евалуација би бил добредојден чекор за да се обезбеди поддршка за членството на Косово во Советот на Европа, се наведува во одговорот на амбасадата.

Состанокот на Комитетот на министри за надворешни работи на СЕ, кој ќе се одржи во средината на мај, е последниот чекор кон конечното членство на Косово во оваа организација, што беше препорачано од Парламентарното собрание на СЕ врз основа на усвоениот извештај на известувачката Дора Бакојани.

Засега се уште не е сигурно дали гласањето за препораките на ПССЕ и приемот на Косово ќе се најдат на дневен ред на Комитетот на министри на 16 и 17 мај. /МИА

притисни ентер