Заев денеска на средба со Мицотакис во Солун

Реализацијата на Преспанскиот договор, НАТО и ЕУ ќе бидат во фокусот на средбата меѓу премиерот Зоран Заев и неговиот грчки колега, Киријакос Мицотакис на маргините на Економскиот форум во Солун.

Омиленото дестинација на македонските туристи Солун, ќе биде местото каде што повторно, премиерот Заев ќе се сретне со неговиот грчки колега Мицотакис. Двајцата ќе учествуваат на економски форум, но бизнисот ќе биде само една од темите за дискусија. Премиерот Заев пред да отпатува кажа дека имплементацијата на Преспанскиот договор и претстојниот самит на НАТО во Лондон ќе биде во фокусот на разговорите.

А токму Преспанскиот договори и одлуката на Европскиот Совет да не додели на датум за Македонија беше една од темите, на која поранешниот грчки премиер Ципрас синоќа говореше на локалната телевизија „Флеш“. Ципрас кажа дека според него владата на Мицотакис многу бледо ги следела случувањата во Брисел, а со однесувањето по самитот, ја испуштила шансата да се наметне како регионален лидер.

,,Според мое мислење оваа одлука беше погрешна и историски неточна, сепак, сѐ уште имам надеж дека оваа одлука ќе се промени и требаше грчката Влада да има главна улога за да се смени оваа одлука, но улогата ја имаат други влади, италијанската и други. Во секој случај, не сум загрижен за стабилноста на овој договор. Секако можеби господинот Мицотакис е загрижен, бидејќи ако дојде неговиот истомисленик, господинот Мицковски, ќе трча да го моли да не го оспори договорот, договор кој самиот го карактеризираше како штетен).

Голем дел од неговото гостување на телевизијата Ципрас го посвети токму на Преспанскиот договор. Според него, тој не само што го решава проблемот со името, дополнително има и многу придобивки за локалното население, бидејќи соработката меѓу двете земји сега е на многу повисоко ниво.

Никовски: Ако ние очекуваме камшикари од надвор, верејатно не заслужуваме држава

„Проширување, ви тврдам со најголема одговорност, нема да има наредни 15 години“

Проширување, ви тврдам со најголема одговорност нема да има наредни 15 години може ќе ја примат само Црна Гора колку да покажат дека не се затворени. И веројатно ќе нема втора лига која веќе се подготвув преку европската политичка заедница која веќе функционира и она што рече Фон Дер Лајен преку 4 -те столба заедничкиот пазар преку кој ќе не уништат економски, регионална економска соработка, реформи и четврто се овие пари што ги ветуваат. Ќе даваат повеќе пари за да не' држат како приврзок. Ако ние очекуваме камшикари од надвор, верејатно не заслужуваме држава, рече Ристо Никовски во Само Вистина.

Несреќно селфи- се качил на воз, го удрила струја и завршил со изгорени гениталии (ВИДЕО)

Неименуваниот тинејџер бил хоспитализиран во тешка состојба откако се качил на воз и дошол во контакт со жици.

Инцидентот се случил во Електроугли, на околу 50 километри од Москва. Сакал да направи видео за социјалните мрежи, но работите тргнале наопаку.

Додека се качувал на локомотивата, случајно допрел пантограф, што предизвикало силен струен удар, пишува Дејли мејл.

„Наместо видео и лајкови, тој се здоби со повреди кои ќе ги памети цел живот, доколку лекарите го спасат“, се вели во еден од извештаите.

Струјата го удрила 15-годишникот во препоните, а тој завршил со тешки изгореници на гениталиите.

На социјалните мрежи се објавени видеа од момчето како се грче во агонија, додека предниот дел од панталоните му е изгорен. Може да се види како добива помош пред да биде однесен во болница.

Тиктокер фрлал 24.000 евра од дрон, во хаосот е повредено дете (ВИДЕО)

Тиктокер кој себеси се нарекува Oracle предизвикал метеж во парк во Цирих откако исфрлил 24.000 евра од дрон.

Претходно на интернет ги откри своите планови, па се собраа значителен број граѓани. Во општиот метеж и тепачка за пари е повредено 12-годишно момче.

Споменатиот тиктокер го крие лицето зад златна маска, а на популарната мрежа покажал огромна вреќа со пари што ја закачил на дрон.

„Нешто пред 20 часот над паркот беше подигнат дрон. Во настанатата гужва со остар предмет е повредено момче од Доминиканската Република“, соопштија од полицијата.

Тој е префрлен во болница, а на снимката од паркот се гледа најмалку едно возило на брза помош, пренесува Билд.

Полицијата не објаснила за каков „остар предмет“ станува збор, а не се знае ни што се случило со дронот.

@oraclecomicsschweiz

💸 für e goldigi zuekunft

♬ Originalton - Oracle Comics

Тиктокер може да се најде во голема неволја, бидејќи овој „настан“ не бил одобрен. Неговиот идентитет им е познат на властите, но не е објавен.

„Сакаме да дознаеме за каква цел е организирана акцијата“, изјави портпаролот на полицијата.

притисни ентер