На прв поглед, сè изгледаше безопасно, но познатиот американски невролог, д-р Шон Мулен, истакнува дека тоа шише исто така можело да влијае на Ѓоковиќ.
Мулен работи на Универзитетот во Илиноис и на социјалните мрежи објави:
- Неодамна го анализирав инцидентот со тениската ѕвезда Новак Ѓоковиќ кој случајно беше погоден во главата од нешто што изгледаше како делумно полно метално шише со вода. За да го разберам физичкиот удар, користев вештачка интелигенција за да ја пресметам силата на шишето што удри во главата на Новак. Пресметките сугерираат дека шишето кое паднало од два метри со минимална почетна сила, удрило со сила од околу 79,2 Њутни, што е како куче со средна големина да скокне врз вас - рече споменатиот невролог и додаде.
- Уште поважно, од невролошка перспектива, ваквиот удар на предниот париетален лобус може да биде многу загрижувачки. Оваа област на мозокот е клучна за функциите поврзани со координацијата на движењето и обработката на сетилните информации. Почетните симптоми може да варираат од главоболки и гадење до големи когнитивни нарушувања како што се тешкотии со концентрирање и запомнување стратегија и игра. За спортист како Ѓоковиќ, чиј стил на игра се заснова на прецизност, издржливост и стратешко размислување, дури и најмалата штета може да влијае на перформансите.
Мален продолжи да објаснува.
- Во првите 24 до 48 часа по ваков инцидент, најважно е да се следат знаците на потрес на мозокот или други невролошки нарушувања. Овие симптоми може потенцијално да влијаат на неговите перформанси на тековните турнири, времето на реакција и одлучувањето под притисок. Затоа, неопходно е медицинските работници да направат проценка за да се осигураат дека нема сериозна повреда и безбедно да го упатат назад на теренот.“